Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Ништо не е случајно

 

10.08.2010

Прашање: Кабалата вели, дека причината за сите проблеми во светот – е егоистичката желба на човекот. Но која е поврзаноста помеѓу тоа дека јас сум егоист и спротивен на Создателот – и тоа, дека сега е толку жешко во Москва и еколошката криза?

Сите ние се наоѓаме внатре во затворен систем ( сфера), наречен "Создател", чија особина е целосната поврзаност на сите делови во взаемното давање. Таков е законот на постоењето на целиот систем и на секој негов дел. Тоа ние можеме да го видиме од примерот на нашето тело, екосистемот и др. Јас постојам внатре во овој систем, слично на ембрионот во мајката, и во мера на поврзаноста, т.е. сличноста на системот по особините, ако јас престојувам во давање, слично на него, - јас се чувствувам добро.

И обратно, зависно од мерата на оддалечувањето од неа по особините – мене ми е лошо. Близината или оддалеченоста – не по растојанието, туку по сличноста на особините. Ако јас имам мала егоистичка желба – тогаш, дури ако сум одвоен од системот, јас чувствувам мали проблеми. Но ако мојата желба пораснува – тогаш и чувството на дискомфортот расте. Но, бидејки човекот постојано се развива во своите егоистички желби, се зголемува неговата спротивност на системот на Природата, Создателот, и неизбежно ќе се чувствува се полошо!
Се' додека не почне да разбира во што е причината на неговите страдања ( проблемите). Јас ќе добивам удари на судбината од сите страни додека не разбирам, дека тоа е систематски, а не случајност! Проблемите со екологијата не се случајни! Јас веќе не можам да не ги забележувам.. И исти такви проблеми ќе се случат на целата земја, во сите видови и ќе ги протресат луѓето, терајки ги да се замислат "Изгледа постои причина?".

Желбата, пораснувајки,чувствува страдања и создава околу себе разум, за да ги избегне – човекот почнува да станува поумен, поитар, се учи да ги поврзува причините и последиците. Тој неминовно ќе почне да прашува: "Зошто ми е сето тоа?!"Но тоа е веќе потсвесно прашање за Изворот на случувањата ( Природата, Создателот).

Луѓето ќе откријат, дека делува општиот закон на целата вселена. Можете да го нарекувате не "Создател", туку"Природа". Но тој бара од нас постојано свесно да ја поддржуваме рамнотежата со Природата – т.е. да престојуваме во истата особина на давање, како целата вселена – постоечка во сеопшта поврзаност и интегрално единство на сите делови. Затоа не постои избор, човештвото – е канцероген оток внатре во целата природа, и е обврзано да се излечи себеси! Ние на крај ќе дојдеме кон тоа сознание под притисок на сите проблеми, тоа е многу блиску.

Песочната бура на мојот егоизам

Прашање: Вие сакате да кажете, дека поради тоа што јас сега егоистички го искористувам соседот – во Индија се случува песочна бура?

Да! Човекот треба да сфати, дека сите проблеми произлегуваат од отсутството на поврзаноста меѓу нас. И тоа не значи, дека со оддалечувањео од тебе јас веднаш предизвикувам некој ураган, кој носи песок. Но со спротивставувањето на тебе јас внесувам дисбаланс во рамнотежата на силите во природата. Сите сили се наоѓаат во единство, взаемна поврзаност и рамнотежа, во сеопшта хармонија. Освен човекот, кој со својот растечки егоизам не сакајки да има обѕир кон останатите, станува активен негативен елемент, кој го нарушува балансот на сите сили (на неживата, растителната и животинската природа).

Решението на проблемот – да се стане интегрален дел на целата природа, како сите останати нејзини делови. Ние откриваме, дека светот се наоѓа во единство, во целосна взаемна поврзаност, каде што сите се поврзани меѓусебно. Значи ние мораме да се соединиме, како "еден човек со едно срце". И ако вие приговорите, дека ние не сме способни за тоа – постои науката кабала и нејзината примена ја предизвикува силата на обединувањето. Човештвото неизбежно ќе дојде до таков заклучок, тој е многу блиску. Ако ние веќе навлеговме во тој период – тогаш понатаму се' се одвива многу брзо.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica