Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Нова година – нов почеток

За разлика од нашиот материјален свет, во духовниот не постои време, простор и движење, туку има само подеми и падови во особините на примање или давање. Токму по таа мерна скала ние постојано се движиме. Нашите состојби се мерат само во однос на духовните светови, сефирот и парцуфим, кои се протегнаа одозгора надолу преку 125 скалила. Освен нашите подеми и падови, исто така постои и движење на самите скалила – тие можат да се преместуваат заедно со нас. Например, јас престојувам во некој свет, во воспримање на некоја реалност – и одеднаш таа се „модернизира“: јас чувствувам дека сè станало појасно, посфатливо, побрзо, јас добивам повеќе сили и детали на воспримањето...Сето тоа не е моја заслуга, туку „вежба“ која ми ја прават, сакајќи да покажат нешто. Така малото дете, кое го креваат на раце, се чувствува големо: пред него се отвараат нови перспективи, тоа може да ги достигне порано недостапните предмети. Тогаш тоа почнува да покажува каде треба да го носат и кои врати да ги отворат. Слични облици на однесување произлегуваат одозгора, и се манифестираат во нашиот свет.

Значи, постојат различни подеми:

- или ние се искачуваме по скалилата на скалата со своите напори; 

- или самата скала се движи нагоре и надолу.

Во тие движења на скалата спаѓаат и такви движења, кои за нас претставуваат посебни духовни периоди, т.е. состојби. Генерално, секоја состојба е неповторлива, не постојат два еднакви моменти. Треба да се каже, дека не случајно луѓето го поделиле времето на интервали кои ни се познати. Деновите и ноќите, се разбира, одговараат на сончевите часови, додека месецот се одредува според лунарниот календар. Од каде тогаш потекнала поделбата на дванаесет дневни и дванаесет ноќни часови? Тоа го објаснува науката кабала: 24 -часовниот циклус, поделен на минути и секунди, е определен со интеракцијата на Зеир Анпин и Малхут.

Во целина, станува збор за многуте различни влијанија од Вишото врз суштеството, т.е. врз Малхут. Од тука исто така произлегува саботната (седма) година и јубилејната (педесеттата) година. Освен тоа, има посебни состојби, кои се нарекуваат “рокови” или “празници”. Тие не се поврзани со појавите на неживото ниво и се подредени на посебна програма. Всушност, одредени духовни корења ќе мора да ни се откријат, да се реализираат токму во нас, а не само во светот или во некои од обичаите. И тие состојби делумно ни „светкаат“ подготвувајќи не за во иднина да ги примиме и реализираме. Денес ние добиваме од нив слаба Светлина, но во својата суштина тие претставуваат скалила. Престојувајќи во духовниот свет, човекот се искачува по скалилата на „неделата”, „понеделникот”, „вторникот”, „средата”, „четвртокот“ и „петокот“ – до „саботното“ скалило. Човекот треба да ги доживува тие состојби редоследно, една по друга. Духовниот ден може да одземе неколку секунди, но може да трае и неколку недели – тоа не е важно, бидејќи материјалното време не е поврзано со духовното.

Така е и со„празниците”. Тоа се состојби, „обрасци”, нивоа, кон кои човекот се искачува. Како правило, тие лежат токму на подемот и се остваруваат со пробудување од Вишото, со помош на одредено осветлување, кое додатно се дава на оние, кои престојуваат во духовното воспримање. Такви додатоци се нарекуваат „Нова година” (Рош Ха Шана), „Ден на помирувањето” (Јом Кипур) и т.н. Се разбира, при секој таков подем, добиен од Вишото, потребна е посебна работа одоздола, од страна на суштеството. Тоа сака да го искористи подемот за да се поправи и да го реализира добиениот додаток на изобилство на новото скалило. Исто така и во сабота, пробудувањето од Вишото бара од нас посебна работа. Тоа не е време за одмор, туку напротив, доста напорен ден, кој бара повеќе молитви и различни обичаи. Бидејќи кога Вишиот го поканува нижиот да се крене едно скалило погоре, таа работа во подемот го обврзува нижиот на многубројни дејства. Првиот од празниците – еврејската „Нова година” (Рош Ха Шана), го означува новиот почеток. Јас сакам да станам човек (Адам), сличен на Создателот. Во тоа е причината на духовниот процес кој јас сакам да го остварам. Токму затоа „Новата година” се нарекува ден на создавањето на Адам – тој бил создаден на тој ден.

Во материјалното, тоа исто така се рефлектирало на посебен начин: пред 5753 години живеело некое момче по име Адам, и на тој ден тој го открил духовното, го открил Создателот. За првпат во историјата, еден од „двоношците” открил, дека постои духовен свет и Виша сила. Тој бил првиот, кој дошол до сличност со Создателот – и затоа ние го нарекуваме „првиот човек” (Адам Ха Ришон).

Во статијата “Науката кабала и нејзината суштина”, Баал ХаСулам пишува: „Адам Ха Ришон бил првиот од тие, кој прифатил систем на знаења, доволни за да се сфати, да се успее и да се искористи до крај сето она што го видел или постигнал лично. Токму тоа сфаќање се нарекува „вистинска наука“. Од денот, кога Адам за првпат открил нешто заедничко со Создателот и го реализирал своето име, кое „случајно” му го дале родителите, ние го почнуваме нашето одбројување на годините. Поинаку кажано, еврејскиот календар исконски и целосно се заснова врз откровението на Создателот пред суштеството.

Од утринската лекција посветена на Рош Ха Шана – 14.09.2012

на Каб.Тв

 

 

 

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica