02.09.2010
Современиот човек ги има сите блага во овој свет – но ние сепак сме незадоволни, уште повеќе, отколку претходно. Во минатото, ако човекот имал пола килограм леб на ден – за повеќе не можел ни да мечтае. А погледнете колку се нешто му е потребно на современиот човек. Но зарем со тоа е задоволен? Не! И сите прашуваат: зошто? Но задоволувањето воопшто не се наоѓа на човечкото ниво – нема да помогнат никакви нови играчки. Ние сакаме да се залажеме себеси со предмети, но празнината што се создава во нас произлегува од нешто сосема друго – од несоодветноста на Создателот. И затоа ние со ништо не ќе можеме да ја наполниме, освен само со чувствувањето на Создателот!
Таа празнина постепено се создава во нас и се наталожува до одредена мерка, за да "експлодира" – и тогаш човештвото ќе сфати, дека ние не можеме повеќе да ја криеме оваа празнина, туку сме солжни да ја исполниме, инаку животот ќе ни се чини полош од смртта. На таа желба не е можно да и се најде наполнување во овој свет – тоа е потреба за откривање на вишиот свет, Создателот! Но одбранбените сили на организмот не принудуваат нас да бараме, како да се заплеткаме. И човекот зема дрога, алкохол или го исполнува својот живот со модерни предмети или патувања – ја криеме главата од проблемите како нојот, во песок. Така делува одбранбената сила на нашето Его, кое сака да си докаже самото себеси, дека е исполнето, сака да ја скрие таа празнина, која е невозможно да се наполни. Зошто да размислуваме за тоа што не сме способни да го добиеме, и да си го труеме животот? Долго така не може да продолжи! Ние сеуште успеваме да се заплеткаме себеси на скалилото "животно', за да не ја чувствуваме незаполнетата потреба на скалилото "човек".
Но ситуацијата неминовно ќе експлодира. Во различните периоди од историјата сличните состојби доведуваа до револуции, војни, до драматични и трагични решенија. Да се надеваме, дека во нашиот случај, излезот нема да биде така тежок. Бидејки во дадениот случај нам ни е потребно да се кренеме од нивото на нашиот свет, скалилото "животно" на скалилото на вишиот свет, скалилото "Адам" или Создател. Тоа не е во наши можности, човештвото ќе почне да полудува од беспомошноста. На нашето егоистичко ниво можевме да се искачуваме од скалило на скалило благодарение на револуциите, војните, новиот поредок, религиите, новите тхнологии, како например печатењето на книги, парната локомотива, интернетот и др.. Сето тоа даваше наполнување за некое одредено време, но сега егоизмот се потрошил, а потребата за откривањето на Создателот бара токму духовно наполнување. Во нас се открива нова желба: да се открие Тој, кој со нас управува.
Светлина наместо медикаменти!
Прашање: Ако се се одвива преку групата, тогаш зошто во случај на материјален проблем треба да се занимаваш со него и да се трудиш да го решиш ( ако се разболиш – треба да одиш на лекар), а не е доволно само да и се обратиш на групата, за таа да ти помогне на внатрешно ниво?
Ние сеуште не се наоѓаме на такво ниво, кога би било можно за сметка на врската со групата да се решат сите проблеми. Но реално, тоа така навистина треба да функционира. Тоа е многу правилно прашање: зошто не можат да се решат сите проблеми со помош на светлината, која враќа кон изворот – да се обратиш кај групата, да сконцентрираш таму силна желба и да посакаш тоа да се случи, делувајки директно на светлината, изворот на животот. Кај мене некогаш се случи влошување на раната на желудникот, и рабаш ме натерал да седам до него и да учам.Но јас не можев да ја поднесам болката, да седам и да се задлабочам во текстот и намерата, не успеав да ја совладам болката – не успеав да ја привлечам силата, која би ја смирила мојата болка, а можно е и да ја излечи целосно...но без сомневање, вината за тоа беше само мојата слабост, дека јас не успеав тоа да го сторам и да ја привлечам светлината, наоѓајки се околу него, кога ние седевме и учевме заедно. И штом тој предложи така да се направи, значи дека јас можев тоа да го направам! Но во тој миг не успеав.
Односно, при имање на голема група, нам, за решавање на било какви прашања нема да ни се потребни никакви надворешни средства, медикаменти! Лекот делува на ниво на телото. А ние ќе можеме да делуваме директно, и да ја наполниме желбата, која чувстува недостатотк на наполнување, како болест или болка. И не само да го лекуваме телото, туку да го искористиме тоа како причина за лекување на душата.
Духовен свет или халуцинација?
Зохар, глава "Ваехи", p.170: Тој час, кога излезе душата од човекот, сите негови блиски и пријателите во вишиот свет одат со неговата душа и и го покажуваат местото на рајот и местото на казната.
Прашање: Луѓето кои ја доживеале клиничката смрт, раскажуваат за своите халуцинации, и тоа во мнгу што се совпаѓа со опишаното во Книгата Зохар, иако тие немаат никаков поим за кабалата...
Сфаќањето на кабалата не му помага на човекот да го види духовниот свет. Да се почувствува вишиот свет може само во исправената душа. Ги изучува човекот кабалистичките книги или не – тоа нема значење. Важно е дали тој сака со тоа се исправи себеси. Кон доживувањата на луѓето, кои ја поминале клиничката смрт, може да се однесуваме двојно. Од една страна, кога човекот доаѓа во критичка состојба, - тоа претставува голем удар за физиолошкото тело, кое е ништо повеќе од желба за насладување. Едноставно нашето тело ни се чини материјално, зафаќа обем, но тоа е желба да се насладува со одреден вид на наполнување. Ако таа желба осеќа празнина, се` до страдања, таа, нормално, не сака да чувствува место. Желбата, во која страда, посакува да го намали, скрати тоа место, помалку да живее, да ги исклучи своите чувства, да земе наркотици и др..
Секој човек, чувствувајки душевни или материјални страдања, посакува да ги скрати, да го скрати своето воспримање на светот, се` до посакувањето да не се живее. Но поради тоа што ти чувстуваш страдања и посакуваш да се кренеш, да се истргнеш од тоа место, полно со мрак, горчина, удари, војни и болести, од огромните страдања ти сакаш да се кренеш над овој свет.Ти всушност извршуваш духовно дејство – не поради давање, не затоа што духовното те привлекува, туку поради тоа дека страдањата те притискаат со таква сила, што те истргнуваат, како семката од вишна, - и ти потскокнуваш нагоре. Тоа е патот на страдањата, а не напредување, зошто ти не се доближуваш до целта, не знаеш за неа..Ти бегаш од страдањата, како натепано животно – од стапот. Но така или поинаку, ти сепак се креваш над егоизмот, над желбата за насладување, ти сакаш да го поништиш своето его: "Јас ништо не сакам, само оставете ме на мира!".
Да речеме, јас сум украл милион долари, мене ме фатија и доживотно ќе ме сместат во затвор. Во тој миг јас посакувам само леб и вода и да бидам дома. Ништо повеќе! А нели посакував милион долари! Желбата се намалува себеси, како да се искачува со "верата над знаењето", таа е подготвена да престојува во давање, да се откаже од себеси, да се скрати, само да не ги чувствува страдањата на казната. И тогаш тие луѓе ја чувствуваат вистината, во некоја мера им се открива врската со Создателот.
Но само за кратко време и на таков начин, што тие не можат да ја воспримат и задржат таа состојба, затоа што кај нив нема за тоа лични келим ( духовни садови) – и затоа таа поминува. Но во 99% од случаите на чувствувањето на нешто надвор од границите на овој свет, луѓето осеќаат само психосоматски доживувања. Бидејки тие престојуваат во страдања, збунетост, магловитост на осетите, нарушување во функцијата на внатрешните системи, ним сето тоа само им се причинува. Но целта на суштеството не е во тоа, човекот во состојба на клиничката смрт да го осети духовниот свет. Јас треба да го осетам во здрава состојба, престојувајки во него како истражувач кој поседува знаења, разбирање, чувствување и власт, да станам како Создателот.
Не престанувајте да молите!
Прашање: Ако јас чувствувам дека мојата молба е егоистичка, јас морам да ја прекинам?
Најлошо од се е да се престане со молба. Тоа значи дека ти се враќаш во животинската состојба – бидејки животното не умее да се моли. Се мисли на вистинската молитва за своето исправување, а не само солзи или прочитани зборови. Молитва – тоа е молба за достигнување на чистото, безусловно давање. И сигурно, како ти можеш за такво нешто да молиш? Тоа би било уште поголем егоизам. Излегува дека молитвата има место, само ако ти не молиш за себе лично. Бидејки ако молиш за себе – каде е тука духовноста, ние ќе се обраќаме кон Создателот за да ни го задоволи барањето на нашиот егоизам? Молитвата кон Создателот може да биде само за силата на давањето – од тоа се започнува.
Но понатаму треба да се разјасни зошто ти е потребно давањето, поради што ти го посакуваш. Јас морам да разберам, да не сакам да давам за уште повеќе да примам за својот егоизам. Сите 125 скалила на возвишувањето – тоа се нивоа на разјаснување на таа молитва. Кај мене доаѓа светлината АБ-САГ, која ми е потребна за да ги разјаснам сите детали на мојата желба. Во секоја состојба, на секое скалило јас правам се повеќе разјаснувања. И затоа јас ја разбирам неопходноста на опкружувачкиот свет, пријателите и непријателите, глупите и мудрите, слабите и хероите, кои се стремат кон вишата цел. Мене ми се потребни сите тие, бидејки разјаснувајки го својот однос кон нив, јас се насочувам себеси кон Создателот! Ако молитвата е безусловна молба, без секаков личен интерес и добивка, тогаш на кој начин уште јас можам да ја разјаснам? Само молејки за општеството и во него разјаснувајки ја својата молба. И тогаш јас разбирам, зошто Создателот ме направил таков и целиот свет, што ме опкружува. Целата реалност е создадена и изградена само за таа цел – за ние правилно да се обратиме кон Создателот и да го добиеме тоа, за што молиме – вистинската особина на давање, природата на Создателот, која ќе ја замени нашата егоистичка природа.