Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Обично чудо - 05.03.2010

 

Прашање:Малку се разбира како дејствува светлината која се враќа кон изворот, тоа е посебна сила (сгула), заклучена во книгата Зохар...

Тоа не може да се разбере. И затоа тоа се нарекува "чудесна особина" (сгула) – чудо. Јас користам нешто нереално. Ми зборуваат: "Потскокни десетина пати и ќе се запали светликата на ѕидот!" Мене не ми е јасна врската меѓу тие две работи. Можно е, некој да ги поставил под подот сензорот и прекинувачот и после десет потскокнувања светилката се вклучува. Но јас за тоа не знам.

Се разбира тоа е врска меѓу едното и другото, но за мене таа врска е скриена. И затоа тоа се нарекува "сгула".

"Сгула" – тоа е закон кој постои во природата, кој не го знам. Но тие ми зборуваат уште кој го истражил тоа на себе: "Искористи го на тој начин и ќе го доведеш до дејствување. Ти не го гледаш, но го фрлаш него".

Баал хаСулам зборува дека ако кај нас долета некој вонземјанин, тој ги надгледува младенчето и еднодневното теле и си замислува дека од телето ќе порасне Наполеон, а од малиот човек некаква жаба, па види што може од него да се добие?...

Но ние знаеме дека ако и на двете им дадеме храна и сè што е неопходно, од едното ќе израсне животно, а од другото човек. Тоа е чудото (сгула)!

Ние едноставно сме навикнати дека тоа е така, но самото тоа е чудо. Наеднаш малото младенче почнува да разбира, реагира, да врши некои работи.

Гледајте што се случува со нас! Од ден на ден во него се појавуваат нови навики, кои произлегуваат од него. Зошто се наеднаш? Јас ништо не правев, зошто така се случува?

За нас тоа е навика, ние едноставно разбираме дека тоа е процесот на развиток. Но во суштина тоа е откривање на силата на животот, духовната сила, која дејствува во созданието и на тој начин се пројавува.

Тоа самото произлегува во нашиот духовен развиток. Духовното – тоа е нешто далечно, повеќе скриен систем на кој ние сме навикнати.

Но минува малку време и луѓето ќе го искористат точно како што треба, како и се останато. Тоа се законите на природата!

Кабалистите ми зборуваат: "Во природата има сила и ти можеш да го повикаш нејзиното дејствување на себе. Како?

Земи ја книгата и колку повеќе ја читаш, толку повеќе ќе бидеш силен, паметен, разбран, чувствителен. Како сметка на тоа ќе ти се отвори духовното. Зошто? Таа книга те менува".

Но сега има многу други книги кои ме менуваат мене? Навистина. Но другите книги само ги подредуваат твоите наклоности во тебе, особините, товите задачи. Тие единствено го организираат твојот внатрешен систем и го развиваат.

Тогаш како книгата Зохар предизвикува во тебе посебна промена, затоа што неа ја повикуваш на себе за вишо дејствување!

Резултатот на дејствувањето на книгата се нарекува чудо. Сега ти почнуваш да примаш, чувствуваш, откриваш во себе друг систем, со чија што помош го откриваш новиот свет – духовниот.

Нишка за намерите

Може да се докаже дека попријатно е да се чита Зохарот спокојно, не додавајќи никакви сили.

Но потребно ни е да на секој збор бараме намера, а тоа не е едноставно.

Јас не треба да се согласам така едноставно да ја читам и да ги испуштам зборовите преку ушите, туку во секој збор да видам можност да навлезам внатре во текстот, слично на тој влез.

Јас читам и секој збор ми служи како нишка за исполнување на намерите, составите, врските.

Јас гледам дека секој збор може да се додаде на таа врска. Само така треба да се чита Зохарот.

И тогаш доаѓа светлината која ги соединува двете спротивставени особини: Авраам и Исак и сè што е склучено меѓу нив, во една особина на средната линија, која се нарекува Јаков или Израел.

Чудесната особина на книгата Зохар е во средната линија, благодарејќи на која целото добро и зло се соединуваат заедно и во нивинот правилен спој го откриваме Создателот – изворот на сè.

Да се излезе од прогонството

Често човекот прашува: зошто долго учам и вложувам сили, но не добивам откривање?

Работата е во тоа дека состојбата не може да се промени се додека таа за нас не е важна.

Се прашува: како да се однесувам кон духовното? Да го сметам едноставно за добивка на својот материјален живот и готово е со тој живот да се согласи или да во себе да чувствува прогонство?

Чувството на прогонство е непријатно чувство, од кое човекот инстиктивно се одделува.

Никој не сака да мисли дека неговиот живот се троши напразно, дека времето поминува без никаков резултат.

Ние се грижиме за таа грижа или почнуваме да се гризаме себе си, при тоа ништо не правејќи.

Но чувството на прогонство не произлегува од тоа дека ми е лошо во животот, туку од тоа дека духовното ми е толку важно што јас се стремам кон него, без оглед на лошиот обичен живот.

Секој може да го навредува својот живот и досега тоа никој го нема доведено до духовен мир.

Главно е да се осознае важноста на духовното и дотолку е важно да се достигне чувството на Создателот, да се соедини со Него, чувствувајќи давање и љубов кон ближниот, врската помеѓу нас внатре во која можеме да ја откриеме вишата сила.

Т.е. да се избегне од прогонството може само да чувствува со важноста на спасението. А зборот спасение (геула) за разликува од прогонство (галут), во напишано, вкупно една буква "алфа", која го претставува Создателот.

Ако почнеме да ја вреднуваме врската со Создателот, со силата на давање и љубов кон ближниот, ако всушност го сакаме тоа, значи ние сме ја постигнале правилната подготовка пред излезот од прогонството и таа последователно се случува.

За да се излезе треба да се разбере, каде сакаме да излеземе – да си ја претставиме вистинската духовна состојба и да бидеме подготвени за неа.

Ако човекот правилно си го претставува духовното: како давање, љубов, врската со другите, со сите останати делови на светот, внатре во кој се открива Создателот, тогаш тој не удостојува од прогонството да излеземе на слобода.

И тоа се случува многу брзо, само треба правилно да се насочиме, не да бегаме од лошиот живот, туку секој ден да работиме на тоа за да добиеме правилна и јасна претстава за духовното и да го сакаме него.

Излезот од прогонството зависи само од чувството за важноста на особината на давањето.

Враќањето на древниот Вавилон

Прашање: Во што е разликата помеѓу состојбите како "седум сити години" и "седум гладни години" и како тие се изразени во однос на секој човек во светот?

"Седум сити години", "седум добри години" е времето кога човештвото сакало да достигне процветување. Ние сакавме на сметка на технолошките, научните, општествените, политичките и социолошките револуции да достигнеме подобар живот. Уште неколку години наназад Американците викаа дека тие се најуспешните, дека имаат сè во нивното општество – општество на потрошувачи и колку повеќе луѓето трошат, толку подобро.

Но непредвидено се покажа дека со тоа ние самите ја рушиме нашата планета и екологијата, дека тоа ни носи само лошо, а не добро, дека невозможно е да се продолжи така понатаму и сето тоа е крај.

Кога јас бев дете, ми зборуваа дека кога ќе пораснам дека ќе работам не 8, туку 4 часа на ден, дека ќе има одмор два месеци во годината, дека децата ќе ми бидат прекрасно воспитани и културно развиени. Но наместо тоа луѓето работат по 12 часа дневно и со мака одат на одмор. Воспитанието и културата се наоѓаат во страшна криза. Семејствата се распаѓаат, поголемиот дел од човештовото е паднато во очај и депресија и прима смирувачки лекарства.

Ние дојдовме до состојбата кога "седумте сити години" завршија и започнаа "седумте гладни години", "седумте лоши години". Тоа ме донесе до решение дека не сакам повеќе да живеам таков живот. Што да се прави?

Пред такво решение луѓето стоеле во древниот Вавилон, кога таму пламнала себичноста.

Тогаш Авраам ја зборувал вистината: "Оттука има два излеза. Вие сакате да се рассеете низ целиот свет? Јас ви кажувам дека тоа не помага. Еве ја целта на созданието – да ве доведе до сличност со Создателот. Не бегајте од својата мисија, тоа не ви помага! Ние ќе се сретнеме пак, по 4500 години".

Тој тоа го зборувал за овој ден. И тоа навистина е така. Затоа тој древен Вавилон се повторува во Египет. Луѓето доаѓаат до таа состојба, кон осознавањето дека така понатаму не може да се живее. А потоа тој древен Вавилон се повторува во денештвото човештво.

Ние сами си го создаваме страдањето

Создателот не ни го испраќа страдањето, тоа во мене долго ја буди желбата која не е слична со вишата светлина. Тоа е прекин, разлика меѓу моите желби и вишата светлина ја чувствувам како страдање, во однос на здравјето, парите, авторитетот, власта, безбедноста, жените, децата, целиот свет.

Јас чувствувам давење, непријатност, секакви проблеми – зошто?! Целата вина е на мојата желба, која е спротивна на светлината, имено таа во мене раѓа такво чувство. Таа не доаѓа од светлината! Светлината се наоѓа во апсолутен мир, таа е добра и носи добрина и на грешниците и на праведниците. Но јас не сум сличен со неа по особините!

Во мене се буди желба од 10кг, а јас треба тие 10кг да ги направам слични со светлината, т.е. над таа желба да се наоѓа целта поради давање. И тогаш јас ќе се покажам во својот мал свет на Бексонечноста – за мене се ќе биде добро!

Потоа мојата желба ќе порасне до 12кг и ќе треба да насочам на давањето уште 2кг желба. Така јас уште повеќе станувам сличен на светлината, ќе се почувствувам себе си уште повеќе во светот на Бесконечноста итн.

Но ако мојата себична желба расте од ден на ден, а јас само сакам се повеќе да ја искористувам, експлоатирајќи други поради сопствени погоди, заедно со тоа, за да се соединам со нив во давањето, тогаш таа желба ја чувствувам како страдање. Тоа е страдање на себичноста од нејзината спротивставеност светлината која го опкружува!

Ние сами си ги создаваме тие страдања, а не Создателот! Тој е непроменет и совршен, како може Тој да се промени?! Јас сега се наоѓам во морето светлина, но ако не се грижам да бидам како Него, во мера на откриените за сега мисли и желби, ќе ми биде лошо, а утре уште полошо од денес.

Пробајте да се насочите себе си така да секој миг се погрижите да стане сличен на светлината. Светлината е давањето и љубовта кон ближниот, општо обединување. Сите делови од желбите, отделните души се соединуваат, а тоа претставува една голема желба да се стане сличен со светлината. Како да го направам тоа, како да си помогнам?

Започни да размислуваш за тоа и ќе видиш дека твоите страдања завршуваат. Меѓутоа ќе ти се отвори твојата желба да се стремиш кон светлината, на сличноста со неа! И во тој дел ти ќе се почувствуваш како светлината, како Создателот.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica