Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Овој свет - речник на духовни термини

14.02.2011
Од каде доаѓаат зборовите во нашиот свет? Зошто некој селанец кој некогаш живеел во околината на Ерусалим ја погледнал планината на Поклади (Прочка) и ѝ го дал тоа име? Нему само му се причинило дека такво име ќе ѝ одговара. Таква желба се создала кај него од Природата, а Природата доаѓа одозгора.

Односно во зборовите во нашиот свет нема ништо случајно, сите се дојдени одозгора. Затоа кабалистите можат да ги употребуваат за опишување на духовните корења, што се нарекува "јазик на гранките". Кога ние ги земаме називите од овој свет и објаснуваме што се крие зад нив, согласно со нивните духовни корења, ја гледаме разликата меѓу световите. Така дознаваме што стои меѓу нас и духовниот свет, дрвото од овој свет и духовното дрво, маж, жена, дете, оган, вода – така ја учам разликата меѓу двата света и каква форма треба да достигнам.

Но јазикот на гранките не е наменет за обичниот човек – тој е за тие кои го чувствуваат духовниот свет. Само ним ќе им биде јасно што се случува меѓу гранката и коренот и тие го пренесуваат знаењето еден на друг, на тој јазик. Кога еден кабалист открива некоја врска меѓу корените во духовниот свет и сака да го пренесе тоа знаење на друг, тој раскажува за таа врска на јазикот на гранките. Но, засега ние не говориме на јазикот на гранките, туку само на разговорен јазик.

Кога ќе почнеш да го чувствуваш духовното, тогаш слушајќи ги зборовите на учителот кој ти раскажува за духовниот свет, ќе сфатиш за што тој зборува. Ќе те учи како мало дете, кого го учат да зборува. Замисли дека со учителот се наоѓате во духовниот свет и тој ти покажува некоја појава и ти вели со каков збор таа се нарекува.

Гледајќи ја духовната појава и слушајќи го нејзиниот назив, ти можеш да ги поврзеш заедно – да го залепиш тој збор од нашиот свет на духовниот предмет. Тоа се нарекува да се учи јазикот на гранките. Бебето родено во духовниот свет го учи јазикот на гранките на ист начин како што бебето во нашиот свет учи да зборува на овоземниот јазик. Потоа ќе можеш да зборуваш со учителот, ќе имаш фонд на зборови.
Скок во далечина

Ние функционираме во "дигитална" дискретна форма со одделни импулси: да/не, има врска/нема врска, подем/пад, надесно/налево. Така полека додаваме чекор по чекор – и сето тоа на крај се сложува во една интегрална целина. Кога треба да се пресмета површината на некоја сложена фигура се зема интеграл: ја пополнуваат таа сложена форма со квадрати кои можат да се измерат, правејќи ги сè поситни, а потоа го собираат сето тоа заедно.

Поврзувачката мрежа која дејствува меѓу душите, во чија што внатрешност се наоѓаме – од една страна е дискретна, со одделни импулси и функции. Но на крај како резултат на нашето постигнување кога сé подлабоко навлегуваме во неа таа се претвора во интегрална мрежа. Односно во неа постојат огромен број на врски и функции толку зависни една од друга што се добива бесконечност.

Тоа не е само збир на тоа скалило каде што сум ги акумулирал сите тие особини и дејства – туку уште и нивна "синтетизирачка" компонента која има поинаква суштина, од повисокото скалило. Односно од дискретната форма ние се доближуваме до интегралната. "Интегрална форма" – е Создателот, како резултат се добива Создателот – еден, како што е речено: "Тој и името Негово се единствени".

Иако одиме кон таа интегрална форма дискретно, акумулирајќи секој пат малку по малку, додавајќи свои "циглички" сé додека не се вклучиме во Единствениот. Но сами ние никогаш не ќе можеме да го достигнеме Единствениот. Правиме сé што можеме на нашето тековно скалило, акумулираме потребен збир на напори, го достигнуваме нивото "10 сефирот" – и тогаш се случува скок на следното скалило.

Но јас не можам да скокнам сам – Вишата сила ме фрла нагоре. Токму тоа е "синтетизирачки фактор", Единствениот. И тогаш наместо "10" јас го достигнувам 1 (Единствениот) како мерачот после моите 10 отчукувања прескокнува на следната цифра. Така ние ги акумулираме нашите поправки а на крајот доаѓа силата "Рав паалим у-мекабциел" и настанува Гмар Тикун (Крај на Поправката)!

И ти ќе проговориш со стихови

Целата наша работа е да се подготви желбата за следното скалило. Јас вложувам напори за да се проверам: кон што точно се стремам. Можеби јас сé уште мислам дека со сопствени сили можам да се искачам на повисокото скалило – или веќе не сум толку глупав и се убедив дека не можам сам тоа да го направам и само Вишата сила може да ми помогне?

Тогаш почнувам да истражувам како да го натерам Создателот да го стори тоа со мене, на каков начин да дојдам до Него. Кабалистите велат дека, да се обратиш кон Вишата сила можеш само преку друштвото, групата. Колку години работа ќе бидат потребни за да си објаснам самиот на себе дека друштвото е единственото средство да се привлече Создателот да ми помогне, а моето учество во групата е рамно на привлекувањето на силата на Создателот за мојата поправка.

Ако јас се соединувам со друштвото токму заради тоа и само тоа го барам, Тој тоа ќе го направи и ние ќе се сретнеме таму сите заедно: јас, групата и Тој – како што е речено: "Исра-ел (кој се стреми кон Создателот), Тора (Вишата Светлина) и Создателот – се една целина". Тоа се нарекува да се трудиш да му се "допаднеш" на Создателот. Но, ќе му се допаднеш кога ќе ги имаш истите желби како и Неговите. Мораш да сфатиш дека зависиш од Него и да го приклониш своето его.

Кабалистите ни го објаснуваат тоа со најточни зборови и во моментот кога ќе стигнеш до завршетокот на таа работа, ќе проговориш со нивните збориви и во тебе ќе се реализира јазикот на гранките. Нема да имаш други зборови! Ќе почнеш да говориш со стихови од Псалмите или од молитвите. Затоа што кабалистите ги изнеле тие зборови од своето достигнување: редоследот на зборовите, буквите.

Ти ќе почнеш да говориш исто така бидејќи сето кажано јасно е дефинирано од следното скалило и не може да се каже поинаку. Тоа е најнаучен приод од сите приоди. Обичната наука е многу незначајна, таа функционира само во рамките на овој свет, во ограничени услови, а во тој случај сé е релативно.

Но кабалата е апсолутно научна метода каде сé е подредено на еден закон. Во целиот универзум функционира само една формула – давањето и примањето треба да се обединат во една целина. Тоа дури не треба никому да се докажува. Ние бараме некои научни докази и примери само за да го доближиме народот до кабалата. Но самата наука не бара никакви докази – таа се открива внатре во човекот.

Од утринската лекција од 14.02.2011  на   Каб.тв од 02:00 до 05:00

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica