Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Од внатрешното кон надворешното

Човештвото генерално може да се распореди во концентрични кругови. Внатрешниот круг, изворот – тоа се учениците на Авраам кои го напуштиле Вавилон и кон кои, со тек на времето, им се придружиле голем број луѓе од различни народи и делови на светот. Како резултат на тоа денес, после четирите прогони, на прагот на последното четврто ослободување(спасение), однадвор се создаде круг на луѓе произлезени од “современиот Вавилон” – од целокупното човештво. Тие луѓе сакаат да ја остварат истата цел, и сите заедно, согласно својот стремеж, се нарекуваат “Исраел”, т.е.”право кон Создателот” (јашар-Ел).

Покрај тоа, има уште еден дел кој припаѓа на категоријата “Исраел”, - тие во кои се утврдени решимот, "белези", останати од духовниот подем во минатото. Во нивната основа се кријат три линии, тие имаат преживеано подеми и падови и поминувајќи низ низа циклуси мора да се поправат себеси во нашиот свет, бидејќи припаѓаат на учениците на Аврам, Исак и Јаков. На таков начин, во денешно време во категоријата “Исраел” спаѓаат три вида на луѓе:

1.внатре – Бнеи Барух (ББ);

2.околу нив – нашите пријатели од целиот свет;

3.однадвор – тие, кои се нарекуваат "евреи" и се делат на два дела: религиозен и нерелигиозен.

Сите тие, сакајќи или не, мора да ја остварат поправката. Некои од нив се будат денес – тоа се нашите пријатели, светското кли (црвена боја). Меѓутоа генерално, тоа е обврска на сите. А однадвор нас нè опкружува голем свет – целото човештво, или народите на светот.

Од утренската лекција - 21.08.2012  на  Каб.Тв

Сакаш да го направиш светот подобар – направи се подобар самиот ти

Баал ХаСулам, весник “Народ”: Треба да организираме за нас посебно воспитување со широка пропаганда, за да внесеме во секој од нас чувство на љубов кон народот. Таа работа треба да претходи на секоја друга, бидејќи претставува основа која дава висина и успех на сите дејства, кои сакаме да ги правиме на тоа поле.

Пред сé, потребно е воспитување. Притоа, во денешно време – во поширока смисла: на еврејскиот народ треба да му објаснуваме што е човечкиот егоизам, како тече развојот, како настанал овој народ и што претставува – бидејќи не станува збор на националноста, туку за припаѓањето на Вишата сила. Треба да се објаснува што сé случува во нашиот свет денес, зошто дојдовме до сеопшта криза, што и како во врска со тоа треба да поправаме. Воспитувањето – е задолжителен предуслов на какви било поправки. Ако ние веќе имаме претстава за општата слика, тогаш денес сите мораат да ги согледаат нејзините основни црти – за да почнат со поправка.

Важно е да ги убедиме луѓето, дека поправајќи се себеси ние се креваме на скалилото на сличност со Создателот. Грешката не е надвор, туку внатре во нас. Не треба да поправаме нешто надвор од нас, туку самите себеси. Не е нарушена екологијата и економијата, туку самите ние. Бидејќи надворешната слика е илузорна проекција на нашите внатрешни особини. Треба да ги доближиме луѓето до таква перцепција, за да ги променат своите начела, и наместо поправката на светот да се свртат кон сопствената поправка. Тогаш конечно тие ќе станат среќни – секој одделно и сите заедно.

Од утринската лекција -21.08.2012   на  Каб.ТВ

Сила на молитвата и сила на благодарноста

Од писмото на Баал ХаСулам (№32): „За да биде молитвата целосна, човекот мора да почувствува дека блискоста со Создателот е негово законско право и потреба, како на орган откинат од телото. Бидејќи тогаш ќе може пред Создателот да го искаже целото негодување на своето срце. Но истовремено тој треба да Го величи и Му заблагодарува на Создателот за блискоста, која му е дозволена како за огромна услуга која ја добива незаслужено. Бидејќи тогаш ќе може да ја почувствува вистинската благодарност кон Создателот, кој го одбрал него за служење Нему, од сите луѓе кои стојат пред Него. Тоа е голема и сложена работа, која се состои од такви две спротивности кои секогаш мораат да се соединуваат во нашето срце. Вториот услов, кој бара човекот да се почувствува себеси ништожен и далечен од Создателот, а Неговата помош да ја почувствува како незаслужена милост, е многу потежок од првиот. Во повеќето случаи човекот се сопнува токму на тоа.“

Човек го нарекуваме оној, кој се крева над неживото, растителното и животинското ниво и вклучува во себе две сили: силата на примање и силата на давање. Тие две сили тој треба да ги зголеми до крајната мерка, определена во замислата на создавањето, до Малхут на светот на Бесконечноста. Затоа тој постојано треба да работи на зголемувањето на силата на примање и силата на давање во себе. Без силата на примање тој не ќе може да го открие Создателот, додека пак, без силата на давање не ќе може да Му се доближи, односно да Му се залепи. Тие две сили мора да се преплетуваат и да се поддржуваат една со друга, додека пак, екранот ги поврзува – во средната линија.

Работата со тие две сили се нарекува молитва и благодарност. Во молитвата човекот е должен да се почувствува близок до Создателот, како молител, и како продира право во срцето на Создателот. Треба да се замисли себеси внатре во Создателот, затоа што со молба Му се обраќаме на близок човек. Меѓутоа во благодарноста човекот треба да се почувствува мал и низок, а Создателот – висок и далечен. Бидејќи само тогаш човекот ќе може навистина да биде благодарен дека Создателот го одбрал токму него. Излегува дека треба да го чувствуваме Создателот час близок, час далечен, работејќи максимално во тие две насоки. Само што вториот услов е многу потежок за работа.

Од утринската лекција - 21.08.2012   на  Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica