Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Од илузија - до создавње на стварност 23.03.2010

 

Прашање: Каква намера треба да се има додека се чита Зохарот: да се открие Светлината меѓу пријателите, да се открие текстот во себе, или двете заедно? И кое е поважно?

Мојот одговор: Јас не мислам дека двете се одвоени. Зборуваме за тоа како целиот свет е внатре во човека, и целата стварност која ја осознавам постои во мене. Дури иако моментално постојам во илузија, мислејќи дека гледам пријатели пред мене, светот околу мене, непријатели, куќи, ѕвезди, и се друго, факт е дека сето тоа е моја желба. Така јас тоа го гледам.

Мојата желба содржи сфери. Некои од нив се моите внатрешни сфери, наречени корен (Шореш), душа (Нешама), и тело (Гуф). Потоа има една понадворешна сфера, наречена облека (Левуш), како и уште понадворешна, наречена замоци (Еихал).

Затоа се гледам себеси во внатрешните сфери (корен, душа, и тело); а во надворешните (облека и замоци), го гледам светот, кој се чини дека е надвор од мене. Така е затоа што за време на Второто Ограничување (Цимцум Бет), двете надворешни сфери се одвоиле од мене и се околу мене. Затоа ме опкружуваат. Меѓутоа, во стварноста се мои. Постојат во мене а јас само ги осознавам како надворешни.

Бидејќи моите внатрешни желби се Кетер, Хохма, и Бина (или корен, душа и тело), во нив го гледам Внатрешната Светлина (НаРаН). Во желбите кои ме опкружуваат (облека и замоци) има слаб опкружувачки сјај, и затоа не ги сметам за многу важни. Зависам од нив донекаде; на пример, ѕвездите и сонцето светат за мене а светот ме опкружува; но најважното нешто сум јас.

Не се ни сомневам дека моите најважни желби се токму тие надвор од мене. И сите се мои. Јас само постојам во илузија во која ми се чини дека ми се туѓи.

И каде е групата, учителот, Создателот, Зохарот, сиот свет, жена ми, и децата мои? Сите се во моите желби. За кого се оженив: мојата желба. На кого викав денес? Кому му се смеев? Сето тоа беа мои желби. Сето тоа сум јас.

Можеш да кажеш, „Значи ти велиш дека јас сум во тебе, но јас велам дека ти си во мене. Кој е во право?" Одговорот е дека двете се точни.

Се додека не се кренеме над овој свет и влеземе во духовното, нема да можеме да се ослободиме од оваа илузија. Меѓутоа, ако сиот свет го гледам како моја желба, тогаш многу полесно ми е да стигнам од ова илузорно осознавање на стварноста до вистинското чувство за стварноста.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica