Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Од каде започнува Зохар

14.11.2010
Книгата Зохар бара од нас посебна подготовка. Бидејки претставува најмоќен извор на светлина, сила, која ќе ја промени нашата природа, ако ние правилно се подготвиме за работата со неа. Пред се, во својата тековна состојба ние треба максимално да бидеме соодветни на вишата светлина, која ни ја носи Зохарот. За тоа ние се трудиме колку може повеќе да соодветствуваме на авторите на Зохар – Раби Шимон и неговите 9 ученици. Тие самите раскажуваат, дека во почетокот на духовната работа, откривањето на Зохар, светлината Хохма на светот Ацилут, одненадеж ги опфаќа взаемна омраза. Светлината, која тие ја привлекуваат, свети во нивните желби, и без оглед на поривот за единство, помеѓу нив се создава одделување. Појавувајки се пред сјаењето на Зохар, тие гледаат, дека му се спротивни. Патот започнува од откривањето на злото, и човек мора да го чувствува тоа секогаш. Инаку неговиот прв чекор ќе биде погрешен.
Речено е: "Јас го создадов почетното зло и ја создадов Тора како додаток, бидејки светлината што се крие во неа враќа кон Изворот".
Станува збор за трите линии. Почетното зло – тоа е левата линија, Тора – додатокот – тоа е десната линија, светлина, која враќа кон Изворот, и средната линија – тоа е веќе нашата исправена душа, желбата на левата линија, исправена со намерата на десната линија. Почетното зло, егоизмот, не доаѓа сам од себе, туку под влијание на светлината. Тогаш ние и се обраќаме на десната линија, на Тора, и светлината, која доаѓа одозгора, не враќа кон Изворот, Создателот, кон средната линија. Од откривањето на злото започнува секоја етапа на патот на зближувањето со Создателот, од нулата се до крајот на исправањето. Дури групата на раби Шимон, која се наоѓаше на многу високите скалила, ги поминуваше истите фази.
Без да го откриеме својот непријател, ние не можеме да се занимаваме со кабала, и да привлекуваме светлина. Со сите сили ние се трудиме да се обединиме – и тогаш чувствуваме, дека нашето срце е глуво, а на усните имаме горчлив вкус. Но целта е голема, и тоа предизвикува потреба од светлина, од Создателот, кој ќе дојде и ќе не исправи. Ние повеќе нема да Го оставиме на мир, се додека Тој не се појави и не воспостави врска помеѓу пријателите, за да станеме заедничко кли, во взаемна одговорност, како еден човек со едно срце, во обединета желба. Тоа јас го барам. Иако не знам точно, што тоа значи, иако нема во мене ниту најмал стимул за обединување, јас сепак викам заедно со сите.
Токму така ние започнуваме со читање на Зохар, поаѓајки од желбата да се обединиме. Бидејки сплотувањето ни овозможува да ја привлечеме вишата светлина. Во почеток секој за себе, а потоа, со помош на опкружувачката светлина (ор макиф) ние доаѓаме до единство. Токму во тоа единство ние ќе го добиеме вишиот свет. Духовното скалило се манифестира во нашата взаемна поврзаност. Отпрвин ние го откриваме помеѓу нас почетното зло, а потоа бараме светлина, која ќе не обедини. Тогаш светлината ја извршува својата работа, и не обединува во средната линија, во заедничката желба.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica