28.06.2010
Постепено луѓето доаѓаат до разбирање колку разрушувачко може да биде влијанието на медиумите, опкружувањето. Токму тоа одредува се' – а не парите, економската состојба и нашите планови за иднината на човештвото. И ова поколение и иднината зависи само од влијанието на опкружувањето, кое има влијание врз целиот наш живот. Да се надеваме дека човештвото ќе го разбере ова и за почеток ќе го намали штетното влијание кое го имаме денес, а потоа ќе ја промени неговата насока во правилен правец.
Задачата на кабалата е – да му се помогне на човештвото што побргу тоа да го согледа. Светот постепено веќе почнува критички да се проценува, и да ги проценува сите изградени околу нас системи, кои станаа глобални и влијателни апсолутно врз сите и во сите области на животот. Токму затоа дека овој систем се претворил во таков сеопфатен и влијателен, тој иницира големо неспокојство и човештвото ќе мора за него дефинитивно да се погрижи.
Невозможно е и понатаму да му се дозволува секому да прави што сака во медиумите. Таа сила треба да се наоѓа во рацете на мудрите луѓе, кабалистите.
Невозможно е да се задржи контролата врз медиумите со помош на диктатура. Развитокот на човештвото води кон разбивање на сите ограничувања и препреки. Но од друга страна ние забележуваме друга тенденција, дека ние едноставно мораме некако да ги ограничиме, инаку ќе го научиме истото, само преку страдања. Се одвива вечна борба помеѓу десната и левата линија,од кои секоја докажува дека таа е подобра од другата.Но и двете се лоши и неправилни. Потребна е средната линија која не е нивна обединувачка, туку е повисока од овие две. Таа не претставува смеса од нив и компромис меѓу нив, како некоја централистичка партија – туку е "партија" која е над левите и десните. Ова е приодот кој е над сите егоистички приоди – алтруистичен, во давање. Тогаш тој ќе може сите да ги обедини и да ги доведе до мир.
Ново образование
Прашање: Како лошото образование е поврзано со отсутноста на соединувањето меѓу луѓето?Јас не гледам тука поврзаност.
Тоа што ние го нарекуваме "образование"- дава образование, ама не воспитува. Школата не гради од детето човек, туку само му дава знаења: по физика, хемија и т.н. ние го нарекуваме образовниот систем воспитен, но тој воопшто не воспитува. Тоа се гледа по резултатите, а исто и по предметите кои таму се изучуваат. Колку во школите има часови и предавања насочени на воспитувањето на човекот? Зарем некој се грижи за тоа?
Во распоредот стојат само физика, хемија, литература, граматика.Потоа се чудиме зошто имаме такви потешкотии со децата. Школата произведува роботи кои ги обучиле за работа на претпријатијата. Во тоа се состои задачата на школата – да се подготви работник ( инженер и сл.) кој ќе работи на "подвижна лента". А каков човек тој ќе биде и како ќе живее-никого од системот за образование не го загрижува.Затоа што тоа во принцип не е систем на воспитување!
Овој образовен систем никогаш не си поставуваше задача да воспита човек. Таа се создала во тоа време кога се случи индустриската револуција и беше потребно од селаните да се прават работници. Тогаш ја измислија современата школа, за да ги научат малку да читаат, малку да пишуваат и т.н. за тој кој целиот свој живот работел со крави и обработувал земја – да може да работи со машини, да ги разбира наједноставните физички и хемиски закони и да може да ги исполнува наредбите. Врз тоа се базираше школата и во таков облик таа постои и во денешницата.
Но денес ние треба да преминеме кон навистина "воспитен" систем, а тоа е нешто сосема друго. Тоа не се одредува по тоа колку ти знаеш физика или математика – а по тоа колку си ти човек! Човек – тоа е тој кој е соединет со останатите! Само таа врска дозволува да се нарече себеси човек, а не количеството на научните познавања. Ако ти бидеш успешен само во науките – тоа ќе ти помогне само да создадеш пострашно оружје. Затоа што кон своето неисправено его ти ќе го припоиш знаењето, добиено во школата и со негова помош ќепочнеп да ги искористуваш сите други. И со тоа ќе се одредува твојот успех во животот. Така денес го воспитуваат човекот.Најпрво го прашуваат: каква струка си избрал и колку од неа се заработува? И тоа се нарекува образование?!
Ако луѓето согледаат дека се појавил систем кој дозволува нависитна да им се даде на децата образование, веднаш ќе има одзив. Бидејки овој проблем им е познат на сите. Денес луѓето дури не сакаат да раѓаат деца, затоа што нема што да им се даде на децата. Тие не сакаат да ги доведуваат во овој свет за да ги изложат на напрасни страдања. Затоа треба да му се објасни на човекот дека сите проблеми во општествотото и во личниот живот се само поради немањето на поврзаност меѓу нас. И да се дојде до неа може само по патот на светлината.
Ќе го исцели секое тело
Ние пристапуваме кон читањето на Книгата Зохар после нашата подготовка со изучувањето на статијата на Рабаш во првиот дел на часот, т.е. кога ние сме веќе подготвени да ја добиеме светлината која не враќа кон изворот. Што значи „подготвени"? Кај нас постои желба за тоа - желба токму за внатрешна промена, за добивање на особината давање над нашиот овоземен разум и чувствувања. Ние сакаме таа особина да владее во нас.
Но што да правиме ако човекот нема желба за тоа? Ако тој не чувствува дека му недостига особината на давање? Ако кај него не постои желба ниту да го осети тој недостаток? Што да прави?
Нека биде меѓу тие кои сакаат да ја добијата особината на давање. Тој кој чувствува дека не припаѓа тука – нека се потруди како новороденче да се залепи за тие кои го обучуваат. Бидејки речено е за науката кабала:" Ќе го исцели секое тело". Во нашиот свет здравиот човек сепак понекогаш оди на медицински прегледи:"А ако наеднаш откријат дека сум болен?". Зошто тоа ти е потребно ако си здрав?...-"јас сакам точно да се уверам дека немам никаква болест, која може да се развива, а јас се уште не сум ја почувствувал". Така и ние.
Затоа, дури иако не чувствуваме недостаток на особината на давање и се чувствуваме "здрави", ние им веруваме на кабалистите кои ни советуваат да се провериме. И затоа ние ја читаме книгата Зохар дури и без чувството на потреба за неа: можеби поради ова читање за кое немам чувство дека учествувам во него, не чувствувам во него никаков вкус и потреба – јас сепак ќе се проверам и ќе согледам дека во мене има негативни особини, со чие исправување јас ќе достигнам нешто добро ( ќе оздравам).