Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Од што се раѓаат зборови

06.08.2010

Духовниот впечаток на човекот се нарекува "светлина", слично на овој свет, каде што светлината означува вид и разбирање, како што велат, "светлина на разумот", "јасно како ден" или обратно, "мрак на неразбирање". Сите овие именувања се земени од нашиот свет, бидејки во духовниот свет – нема зборови. Духовниот израз го одредува степенот на заедничкото давање, во кој јас престојувам, мојата сличност на вишата светлина : од 0 до 100% - само 125 скалила, од кои секоја се дели на 10 сфироти и на уште многу поднивоа. Така се добива целиот наш јазик, сите зборови, дури во нашиот свет, каде што мене ми се чини дека јас се воодушевувам од некои материјални предмети или дејства.

Сите тие се замислени и не постои ништо, освен моето чувство на вишата светлина, која се пројавува во мојата желба. Односно ние секогаш престојуваме во контакт со Создателот – директен или обратен, и реагираме само на неговата светлина или на нејзиното непостоење. Така се раѓаат сите наши зборови. Разликата е само во тоа, можам ли јас да измерам, колку сум сличен на вишата светлина – тогаш тоа ќе биде духовен термин.


Ако пак јас не се распознавам себеси и својот степен на сличноста со особината на давање – тогаш им давам на своите осети "материјални називи". Но не треба да се залажуваме, дека сме слободни сами да ги измислуваме овие називи – тие произлегуваат од нашата природа. И ако јас прв создадов нешто и го нареков "маса"- тоа значи, дека јас го добив тој назив внатре во своите желби и особини, во светлината што во нив се распространува. Бидејки јас сум – духовен сад, во кој се случува некоја појава. Затоа тука не можат да постојат никакви случајности. Целото суштество, какво и да е, - тоа е само желба да се наслади, кое се инспирира од Создателот.

Спознавајки ги имињата на создателот

Статија на Баал ХаСулам "Науката кабала и нејзината суштина". Поглавје "Изрази во духовното": Духовното нема облик и затоа не постојат знаци, со кои би можеле да се користиме. И дури ако е кажано за него генерално, дека тоа е обична светлина, која се спушта и се привлекува кон тој што изучува, додека не се преслече на него и не се достигне со него во степен, доволен за откривање на Создателот, тогаш тоа е само јазик на алегории и приказни, бидејки се, што се нарекува во духовниот свет светлина, не личи на светлината на сонцето или свеќата.

Духовните поими – за човекот кој не го осеќа духовниот свет, -се целосна збрка, апстрактни зборови. Како за малото дете, кое сеуште не ја разбира смислата на зборовите, и кое само ги повторува по возрасните – ти го прекоруваш: "Што си направил?", и тој одговара со радосно ехо: "Што си направил?"! Односно ние не разбираме, за какви духовни појави говорат овие зборови, како истите тие мали деца, повторувајки ги по кабалистите нивните зборови. Но постепено ние мораме да се приближиме кон нивната вистинска смисла и да осетиме, што стои позади позади тие зборови.

Сите духовни поими ја изразуваат желбата и осетот внатре во желбата – бидејки во целата реалност не постои ништо, освен тоа. Постои желба, духовниот сад – и тоа што влегува внатре во таа желба. Тој впечаток внатре во желбата се нарекува светлина. Желбата се дели на 5 нивоа: Кетер, Хохма, Бина, Зеир Анпин, Малхут – и согласно на тоа ние откриваме во неа 5 светлини: нефеш, руах, нешама, хаја, јехида. А збирот на сите овие пет светови и петте желби го одредува "името на Создателот" – на некој, кој на мене влијае. Зошто Тој ги создал во мене тие желби, Тој ми даде екрани за нив, Тој направил така за јас да го почувствувам Неговото влијание токму на таков начин – сето го сторил Тој!

Но јас само ги чувствувам последиците од неговите дејства. И затоа се, што јас откривам, се нарекува "работа на Создателот". И јас Го нарекувам со тоа име, кое ми го дава збирот на желбите и светлините што ги осеќам во нив – односно целиот мој впрчаток. Токму така и се создаваат називите во духовното. Се што нам ни е потребно – да се разбереме самите себе! И кога ние ќе се разбереме себеси, тогаш внатре во себе ќе го откриеме Создателот! Затоа Тој така се нарекува "Боре" ( "дојди" и "види"). Името на Создателот – тоа сум јас, кој ја осеќа во себе Неговата особина на давање, кое се пројавува во мене. Затоа, во почеток ние, како деца, ги повторуваме неразбирливите зборови, кои ни ги кажуваат кабалистите: Кетер, Хохма, бина, АБ, САГ... Но на крајот ние мораме да го достигнеме нивното чувствување и да разбереме, што тие означуваат.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica