Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Одејќи кон челуста на змијата

Баал ХаСулам, “Прогонство и ослободување”:

„И се разделиле силите на народот: некои тргнале по егоистичките цареви и великодостојници, додека другите – по кабалистите. И тој раскол продолжувал до уништувањето на Храмот. И ја создале сектата на слобдоумни богати и значајни луѓе, кои ги задоволувале своите желби. Војувале со тие, кои излегле од егоизмот, и токму тие го предизвикале Римското царство врз Исраел, а потоа не сакале да склучат мир со освојувачите, како што советувале мудреците. Како резултат на тоа, Храмот бил уништен и најдоброто од народот на Израел отиде во прогон.“

Кабалистот не ја изучува историјата на универзитет. Тој со поглед го опфаќа целиот систем, кревајќи се над временските граници. „Време” за него е редослед на дејствата. Тој ги гледа духовните причини на неправилностите и нивната материјализација во гранките на овој свет, тој го гледа текот на процесот. Според нашето сфаќање “историја” е збир на претпоставки и измислици, базирани врз различни извори и резултати од ископувањата. Кабалистите говорат, дека народот на Исраел произлегол од учениците на Аврам, кои излегле од Древниот Вавилон и ја совладале кабалистичката метода. Некој филозоф може да изјави: „Ништо слично на тоа, науката кабала започнува во средниот век”. Што се може тука? Секој е ограничен со длабочината на својот поглед на светот.

Треба да бидеме свесни дека не сме запознаени со процесот на духовното паѓање, кој е долг и мачен. Луѓето се обидувале да му се спротивстават, имало многу проблеми, имало војни, и секоја од тие војни се водела за да се задржат во алтруистичката намера. Бидејќи човекот сфаќал што е ставено на коцка: или си покрај Создателот, или си само „животно” кое егзистира толку години колку што му се доделени, слично на магарето кое те носи.

Паѓањето било тешко за сите, вклучувајќи ги и богатите и великодостојниците, кои отстапиле од кабалата. Тие сфаќале што се случува, но не можеле да го совладаат својот егоизам, не можеле да му се спротивстават. Човекот го влечело надолу, како зајак, кој оди директно во челуста на змијата, хипнотизиран од нејзиниот поглед. Кога се случува такво паѓање, гледаш како егоизмот работи над тебе. Сфаќаш дека си слаб и немоќен, гледаш како паѓаш, - но неспособен си било што да сториш. Ќе ти помогне само опкружувањето, само Светлината која поминува преку него.

Затоа периодот на духовниот пад на народот не бил едноставен. Не е суштината во докажаните негативци, кои не сакале да вложат напори. Тоа било општо слегување на генерациите, кое ги зафатило и мудреците, кои исто така се спуштиле, но ја задржале намерата за давање. Целта на тој процес била – правилно да го протолкуваат за себе поимот на алтруистичката намера “лишма” и вистински да ја совладаат. Суштината е во тоа, дека јас учам заради својата поправка, за ништо друго. Соодветно на тоа и “заповедите” – се поправки на мојата желба, составена од 613 делови. А “Тора”, е суштината, Светлината, која доаѓа и ги реализира тие поправки. Јас само се подготвувам за тие поправки, додека Создателот го завршува тоа што јас го започнав. Тогаш, благодарение на своите поправени желби, јас Го откривам Него – единствената, посебна Сила.

Суштината на мојот однос кон учењето, мојата правилна намера – тоа е најважното. Токму за тоа се водела војна помеѓу двата табори. Денес, пак, ќе мора да се кренеме после рушењето. И целиот подем се реализира само преку анализа, преку разјаснувањето на тоа што значи “лишма”, во што е намената на човекот, која е целта на неговиот живот, која е смислата на животот. Токму тука се кријат разликите: или јас учам за да знам повеќе и да полагам испити, или постојано вложувам нови напори, за да ја предизвикам Светлината, која враќа кон Изворот.

Од утринската лекција на 28.08.2012   на  Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica