Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Опасността од фронтален судир со Природата

03.12.2010
Светот влегува во квалитативно нова фаза на развој, и водечки во овој нов развој е Израел. До сега тоа не се случило, затоа што се наоѓавме во период на "прогонство" – но сега доаѓа времето на "ослободување". "Ослободување" значи сличност со Создателот, приближување до Него и Негово откривање, откривање на законите на природата и достигнување на хармонија со неа.

Да се прифатат за извршување сите Виши Закони – тоа значи да се открие Природата. Во човековото општество и внатре во сите нас е дека тие закони треба да почнат да се реализираат на сметка на нашите напори. Односно, сега ние не треба да работиме на ништо друго, освен на својата сличност на природата, на Создателот.

А ние одиме во спротивен правец и не сакаме да слушаме! Токму во тоа е изворот на сите катастрофи. Впрочем, порано страдањата се откривале поедноставно, само малку да не поттурнат напред. Додека денес тие делуваат веќе во спротивна за нас насока – против нас! Порано страдањата биле како мали боцкања одзади, кои нè свртувале во потребна насока и нè стимулирале да се развиваме побрзо. Но тие биле воедно со твојот личен стремеж, само те побрзувале, како магаре, кое го боцкаат со остар стап одзади.

Додека сега, каде и да се обидеш да се пробиеш во развојот, природата излегува пред тебе и удира не одзади, туку право во чело. Сакаш да продолжиш по стариот пат? – Нема да ти успее! Така ќе предизвикуваш врз себе се повеќе и повеќе проблеми – тогаш "подобро седни и ништо не прави"...Односно ние треба да преминеме кон поправањата.

А Израел во овој свет е посредник во поправката, затоа што поседува за тоа метод. Затоа, Израел ќе доживува сé повеќе проблеми, ако не напредуваме правилно. Но тука сé зависи од нас! Гледајќи ги катастрофите што се случуваат, треба пред сé, да се направат правилни заклучоци – тоа не се "случајни инциденти", туку во Природата сé е поврзано едно со друго, и за сé постои причина.

Ако ние влегуваме во фронтален судир со Природата, што никогаш порано не се случило, станувајќи спротивни на неа – треба да побрзаме со поправката. Наместо спротивността – да дојдеме до сличността и да го извршиме тоа, што Создателот, Природата го бара од нас: да достигнеме хармонија, меѓусебно соединување, како еден човек со едно срце, да дојдеме до братска љубов.

И ако го постигнеме тоа, ќе исчезнат сите катастрофи, сите народи ќе го поддржуваат Израел. Ќе станеме центар на поправањето на светот. Ако во светот постои омраза кон Израел, тоа е само поради тоа, што иако го поседуваме методот за поправање, недоволно брзо ја реализираме и не ја распространуваме во целиот свет.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica