Опкружување 19.04.2010
Должен сум сега да посакам да изградам систем во општеството - топол, другарски, со намера да создадам врска помеѓу сите и отворена на површината. Кога ќе почнам да градам ваков систем тогаш ќе разберам што ми недостигна, кој и во каков вид и во каква состојба треба да бидам.Како треба да се однесувам кон другите. Значи самиот систем што го градам, ќе ме научи да се однесувам на друг начин кон ближниот, и тоа во принцип дава надеж дека сите ќе се смениме.
Ако не почнеме вистински да се занимаваме со тоа, тогаш нема да се смениме. Обичното опкружување не му се обраќа на секој и не го присилува човекот на внатрешна работа, за врска со ближниот, не присилува на гаранции и човек природно бега од тоа. Сега нашата работа, откако сме се запознавте со основите на науката кабала и први почнавме да го изучуваме Зохар мора да биде таква, за да нé доведе до постојана грижа за опкружувањето. Должен сум постојано да го градам и усовршувам опкружувањето, а исто така и својот однос кон него и да чекам од него исто така тоа да влијае врз мене.
Во ова се заклучува нашата работа во целиот наш потфат, во ширењето што го правиме.Тоа е она врз што секој треба да се замисли секој ден. Секој треба да се замисли, како тој да учествува во овој систем и сите ние сме должни да се занимаваме со тоа. Не треба да биде така, дека само една група на луѓе го гради овој систем, а другите се пасивни .Тоа е неправилно. Се занимаваме со тоа за да "играме на тоа", за да може создадениот од нас систем да не присили да бидеме во вистински врски. Ние ја градиме оваа игра, која треба да нé присили да постигнеме гаранција.