04.01.2010
Човекот треба да се погрижи за да се обезбеди со најнеопходното за живот, согласно со прифатените стандарди на денешното живеење. Треба да се има некое осигурување (здравствено осигурување, пензија), но невозможно е да се осигураш за сите прилики.
Обезбеди си мало осигурување во "вишата канцеларија" кај Создателот, и во таа мера ќе почувствуваш како треба реално да се однесуваш кон овој живот. Тешко е да се разбере значењето на "најнеопходно за живот ", но човештвото ќе бидe принуденo постепено да почнува тоа да го сфаќа. Инаку нема да ја постигнеме рамнотежата со Природата, со Создателот.
Создателот ни дал таков живот, чиј дел се нарекува "материјален" и поминува во "замислениот" свет. Но ние треба да глумиме небаре живееме реален живот во тој имагинарен свет. Не може да се рече дека Создателот се погрижил за сé и тебе не ти треба никакво осигурување, ниту здравствено осигурување. Создателот ја средил целата игра, а јас морам да ја сфатам сериозно и да ги исполнам сите нејзини услови.
Иако сигурно Создателот е одговорен за сé - за мојата исхрана и безбедност, и мора да ми обезбеди целосна компензација. Но без оглед на тоа јас морам да играм според утврдените од Него правила и да се погрижам за најнеопходното за живот.
Создателот навидум се тргнал од овој материјален живот и вели: "За ова погрижи се самиот, а Јас ќе се погрижам за другото". Се разбира дека тоа не е вистина, но Тој сака така да ја водам играта и да се обезбедувам во материјалниот свет. Со тоа јас се поправам.
Пред сé ти мораш да се погрижиш за најнеопходнот за живот: да стекнеш занимање, заработувачка, да основаш семејство – а потоа можеш да ја изучуваш науката кабала и да ја поправаш твојата душа. Но пред тоа – ти ја немаш потребната основа.
Но ако почнеш да се грижиш за материјалното над потребното, тогаш добиваш такви проблеми и тежина на срцето, што тие сосема го прекриваат од тебе небото и Создателот. Ти веќе не можеш да мислиш на духовната работа.
Ако пак се обезбедуваш себе си на нормално, рационално ниво, тогаш таа работа помага на твоето напредување.
Сила, која ги менува наметките едноподруго
Во реалноста не постои ништо освен силите. Но силите кои се манифестираат во некои форми можат на таков начин да контактираат со нашите сетилни органи, и затоа ние можеме некако да ги замислиме, почувствуваме, сфатиме и почнеме да ги користиме, воспоставувајќи со нив врска.
Меѓутоа таа сила постоела и претходно. Сите ови форми на нејзиното манифестирање дејствуваат само во однос на нас, со цел да ни ја откријат првата, единствената Сила, која нема никаква наметка. Душата исто така е сила која за нас е несфатлива, ако не се преслекува во некоја наметка, во таква форма која ние можеме да ја осетиме.
До степен до кој ние самите се поправаме, можеме да видиме дека сите претходни форми во кои ги чувствувавме тие сили: твдо тело, течност, воздух или празнина – сите биле поминати од нас замислени чекори кон постигнување. Тие постојат само во нашата имагинација. Бидејќи ние се наоѓавме во нашата егоистична желба, бевме принудени да ја чувствуваме оваа единствена Виша сила во форма, во "наметки", прилагодени на перцепцијата на нашиот егоизам.
Но кога нашата желба за насладување ќе биде поправена и ќе ја добие својата вистинска форма "поради давање", ние ќе забележиме дека сите претходни форми биле само илузија, креирана за да ни помогне да ја достигнеме поправката. Потребен ни е целиот тој пат, сите поминати од нас форми, зошто тие нè учат на спознавање на Создателот.
Поради сите дејства извршени од нас, почнуваме да ја сфаќаме Неговата замисла во однос на нас, Неговата желба, Неговата љубов. "Го дознаваме Него по Неговите дејства" , по сите тие замислени форми, кои ги поминуваме искаќчувајќи се по 125-те скалила, преку сите светови/скривања.
Сето тоа е илузија, која го скрива Создателот но токму преку неа ние на крај Го дознаваме Него. Без да се земат предвид сите поминати чекори и без да се спои сé заедно во една слика, невозможно е да се добие каков било лик на Создателот. Бидејќи ние – суштествата, спротивни на Создателот не сме способни да Го постигнеме Него.
Човекот е формула на врската
Прашање: без опкружување невозможно е напредувањето. Како за време на читањето на Книгата Зохар може да се изгради опкружување?
Ние градиме опкружување кога сите заедно сакаме да разбереме сé за што читаме во Зохар, во врската меѓу нас. Зохар ни црта различни форми. Што тие претставуваат?
Ако ние се соединиме еден со друг, тогаш ќе постигнеме некоја форма на врската помеѓу нас. Таа форма на врската ќе се нарекува, да речеме, "зајак". Следната форма на врската ќе се нарекува "крава", друга форма на врската – "магаре".
И можеби ние ќе дојдеме до таква врска, која веќе ќе се нарекува човек во различните фази на развојот – зародиш, доење, зреење, сé додека не го достигнеме нивото на човек. Тогаш формата на врската меѓу нас ќе добие облик на човек.
Односно тоа не сум јас, не си ти, ниту тој, туку формата на врската меѓу нас, некоја формула на врската ќе ни го даде ликот на човекот. Човек во духовното – е давање. Но што е тоа – давање? Каква форма на давање?
Тоа е одредена област меѓу нас кое ќе го наречеме човек. Таа област поминува секакви состојби за кои Зохар раскажува како за луѓе со различна боја на коса, очи и т.н. Во сето ова се зборува само за формата на врската меѓу нас. Освен тоа во науката кабала не станува збор за ништо друго. Бидејќи нема за што друго да се зборува. За желбата за насладување нема што да се каже – таа едноставно тежнее да прими насладување.
Но, колку што индивидуалнитe желби можат да се издигнат над самите себе и да се поврзат едни со други во давање, во врската меѓу нив тие ја создаваат таа заедничка форма, за која раскажува Зохар. Токму тоа е формата на Создателот, која ти ја откриваш. Затоа Зохар објаснува каква конкретно форма на Создателот ти откриваш. Тоа се нарекува човек во тебе – твоја внатрешна сличност со Создателот.
Го откриваш во не многу пријатен, поправен облик? Точно, засега си таков. И затоа Зохар раскажува какви чекори треба да правиш. Секогаш станува збор за врската меѓу душите – колку таа одговара на силата на давање, која пробудува меѓу душите омраза, грижа и други чувства. Но сето тоа – во врската меѓу нив.
На пат кон планината Синај ...
Ние сé уште не сме дошле до чувство дека целиот проблем - е во врската меѓу нас. Сé уште секој сака сам да го "скине плодот од дрвото".
Ние треба да ја достигнеме состојбата под планината Синај за да разбереме оваа омраза за која ни раскажуваат авторите на Зохар.Тогаш ќе ја откриеш таа планина на омразата и ќе почнеш да ја поправаш.
Но, сé уште тоа е само личното его на секој човек, без неговиот однос кон другите. Тоа сé уште не е обратен отисок на Создателот. Сé уште не е секој насочен кон врска со другите.
Така растат бебињата. До 2-3 годишна возраст детето сé уште нема потреба за друштво на други деца, тој игра сам со своите играчки. Само после 2-3 години тој почнува да сфаќа дека може да игра со некој друг, дека уште некој освен него постои.
Исто така е со нашиот развој – сé уште не бараме врска со другите, сé уште не сакаме со нив "да играме". Колку и да зборуваме за тоа – сé е само на зборови, а не во нашата желба.
Победа на натпреварот со Создателот
Целта на создавањето е да се прави добро на творбите на Создателот, да станат исти како Него. Сé што е помалку од тоа, не се смета за благослов.
За да се оствари оваа цел теба да се исполнат два услови: од една страна суштеството треба да биде одделено од Создателот, да претставува навидум посебна реалност. Од друга страна, пак, суштеството треба да е слично на Создателот. Како да се комбинираат две спротивности во едно?
Затоа Создателот ја создал спротивната на Себе особина на примање, а потоа во примачката желба ја воведе особината на давање. На таков начин суштеството има две особини: желба за примање и желба за давање.
Меѓутоа човекот не знае што да сака. Фатен во средината меѓу две рамноправни желби тој нема да може да направи било што, да одбере една од нив. Ете зошто Создателот секогаш ја пробудува примачката желба – изворната, фундаменталната природа која го издвојува човекот од Него.
Што се однесува, пак, на желбата за давање – човекот мора да моли Создателот да го пробуди, да му даде сили. "Другарувајќи" со желбата за примање, човекот другарува со самиот себе, останувајќи спротивен на Создателот. Ако пак тој бара во него да царува желбата за давање, тогаш одбира да се поистовети со Создателот. Така ние растеме – не од растењето на двете желби, туку благодарение на тоа што цело време одбираме уште поголема сличност со Создателот.
Најважно е давањето секогаш да остане наша цел на патот. Нека Создателот постојано ја разгорува желбата за примање – ние треба да го "заобиколиме" Создателот, да го надминеме нашиот егоизам и да се согласиме со негово растење само под услов да доминира желбата за давање.
Се испоставува дека ние се натпреваруваме со Создателот: Тој го воздигнува во нас Есав, а ние бараме да го воздигне во нас Јаков. Во текот на оваа трка човекот расте и ја достигнува својата цел. На крај тој ќе стекне целосна желба за насладувања и целосна обвивка за неа – особината на давање.
Резултатот на натпреварот е – победа над Создателот, како што е речено: "Ме победија синовите Мои". И тогаш почнува сеопштото славење, опишано од Баал ХаСулам во приказната за воздигнувањето на робот.
Според отисокот да се препознае печатот
Прашање: Како да се измери сопственото напредување: според растот на егоизмот или според големината на давањето?
Давањето никогаш не може да се измери. Тоа нема граници, нема форма и контури сé додека не навлезе во желбата за примање. Ние секогаш сме нурнати во своите егоистични мисли и импулси.
Но ако ги совладаме и над нив се насочиме кон Создателот, тогаш и даваме висина и форма на својата желба за давање. Според висина таа се споредува со големината на желбата за примање над која ние сакаме да живееме во давање.
Во согласност со својот егоистички импулс над него ние се обраќаме кон Создателот. Бидејќи Тој ја оформил во мене оваа егоистична желба, оваа туѓа мисла. И затоа, поткренувајќи се и обраќајќи се повторно кон него, јас небаре правам маска од лицето, ја копирам и ја стекнувам Неговата форма.
Создателот ја ископирал Својата форма во мојата желба за насладувања, а јас правам обратна копија од таа желба и се враќам кон првичната форма на Создателот – кон желбата за давање. Така јас доаѓам до спознавање, разбирање и чувствување на Создателот: од печатот кон отисокот – и наза кон печатот.