Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Основен принцип на духовното напредување

 

30.05.2010



Без да се поништиш себе си пред групата не можеш да добиеш духовен сад, желба да примиш одозгора особина на давање. Т.е. човекот ќе се обучува, но нема да има резултат од тоа. Дури и обратно, ако се става себе си повисоко од другите, учењето за него ќе стане смртоносна дрога и ќе го претвори во " ноќен лилјак". Ако пак се става себе си подолу од пријателите, тогаш учењето ќе направи од него "петел" кој ја дочекува зората. Се зависи само од неговиот однос кон групата и пријателите.

И најважно е, не надворешните активности, туку тоа што се случува во срцето на човекот:
1) Во која мера тој чувствува дека без нив нема да ја постигне целта ( и тоа е се уште егоистично)
2) Почнува да работи со нив за да ги види подобрени, исправени. И тоа е навистина тешко – треба барем да се сфати дека Создателот му ги одбрал за него.


Додека тој не осети дека им припаѓа ним, како на своите блиски и важни и неопходни за него луѓе – до тогаш светлината нема на него да делува корисно, благопријатно. Првиот свој чекор нагоре јас го правам ако ги доживувам сите како "единица", а себе си како 0 – во врската "0.1". тогаш се чувствувам себе си 10 пати помал од нив.

Но на второто скалило егоизмот ми додава поголема тежина во срцето и јас ќе треба да ги почувствувам 100 пати поважни од мене, на третото – 1000 пати. Инаку не ќе можам да го барам влијанието на исправувачката светлина. И секој пат кога посакувам да се искачам погоре јас треба прво да се спуштам уште подолу, подлабоко. Затоа секој пат ќе треба да се почувствува големиот јаз меѓу себе и општеството: 10, 100, 1000 пати повеќе.

И тоа не е можно без поддршка од опкружувањето, без заедничка идеја, со која се "загреани" сите, така да секој добива од тоа воодушевување, инспирација, важност на духовното, разбирање дека тоа е единствена вистинска, правилна работа во животот. Ние започнуваме со љубовта кон пријателите која ни помага да ја привлекуваме опкружувачката светлина, која не исправува и ни ја дава вистинската љубов кон ближниот свој – од која веќе понатаму ние доаѓаме до љубовта кон Создателот. Т.е. овој принцип делува во текот на целото духовно искачување, во секое дејство, активност од почетокот на патот се до крајот.


Холографска слика на душата


Создателот бара од нашите души да се обединат. Сета неисправност е во тоа што ние се оттуѓивме еден од друг и се чувствуваме како туѓинци. Исправувањето е во тоа, да се почувствуваме како делови од едно заедничко тело.

И не само како делови што функционираат заедно – тоа не е доволно. Треба да се случи моето вклучување, соединување, во секого, и на секој – во сите останати – до бесконечност! Како на холографска слика, каде што секој дел ги содржи во себе сите останати делови. Ние се уште не сме способни тоа да го доживеме, затоа што сме спротивни на таквата слика. Разбивањето, разделувањето имаше за цел токму тоа – ние да се почувствуваме себе си сосема самостојни и да не разбереме како може да се обединуваме еден со друг, кога не постои моето Јас – тоа се обединува со сите заедно и станува една целина.

Кога пак се соединуваат нашите точки во срцето, таа илузорна реалност на физичките тела се губи и остануваат само нашите желби. И колку попрецизно секој од нас се труди да го замисли нашето соединување, со самото тоа ќе се приближува кон вистинскиот поглед на реалноста, оригиналната и единствено постоечка. Ние треба само да и се доближиме и да ја откриеме. И така постепено ќе се излечиме од сите овие материјални илузии што не опкружуваат.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica