Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Основни принципи на статијата на Рабаш “Зачеток и доење“

07.09.2010
1. Кога човекот оди со вербата над знаењето, тој открива, дека насладувањето произлегува од скриениот извор, кој управува со суштеството.
2. Во состојба на подем, човекот преминува под власт на Создателот, и тогаш егоистичката љубов кон себеси од него се проценува како животинска.
3. Во "малата" состојба човекот се поништува себеси пред Вишата светлина и постепено, поминувајки ги состојбите на подемите и падовите, тој ја достигнува "големата" состојба, намерата поради давање.
4. Насладувањето од давањето се чувствува во зависност од степенот на чувствувањето на величието на Создателот, во намерата да Му се даде насладување.
5. Човекот добива насладување од давањето не како награда за своите напори, туку зависно од степенот на чувствувањето на важноста на Создателот.
6. Падот доаѓа затоа што човекот ја цени блискоста со Создателот.
Помеѓу Малхут и Бина
Зохар, глава "Вајехи", т.210: Колку се важни делата на светиот Цар – бидејки со делата, кои се извршуваат долу, (луѓето) се поврзуваат себеси со вишите дела, кои се горе, т.е. во корените, бидејки секоја работа долу во овој свет има корен горе во вишите светови. И кога ги земаат долу и вршат со нив дејство, соодветно на нив се пробудува дејство горе, во нивните корени во вишите светови.
"Горе" и "долу" – тоа се Бина и Малхут. Ако ние мислиме, дека "горе" – тоа е некаде во духовното, а "долу" – во нашиот свет, тоа е неточно. Бидејки науката кабала ниту со еден збор не кажува ниту за овој свет, ниту за човекот во овој свет, ниту за дејствијата, кои ние ги извршуваме во нашиот свет. Таа ги подразбира само дејствата во желбата, кои ние можеме да ги извршуваме во сличноста на Вишата сила, во давањето. Затоа "работа на Создателот" се нарекува да се учи од Него: како Тој ги извршува дејствата, да се извршуваат истите дејства во нашата желба. Таква е нашата работа – да се учиме на тоа и да молиме од Создателот за способност, сила, пример за тоа, како тие да се извршат ( од НеХ"И, АХа"П, вишото во нижото). Врската помеѓу Малхут и Бина, во која Малхут посакува да ги учи од Бина особините на давање, да добие за возврат сила и да ја реализира, за да стане слична на Бина, - во тоа се состои целата наша работа. Затоа Малхут се нарекува нижиот свет, а Бина – вишиот. И само помеѓу нив се одвиваат сите дејства на исправувањето на Малхут (суштествата, душите) во светот Ацилут. Токму во Малхут на светот Ацилут се креваат душите, кои посакуваат меѓусебно да се соединат. И затоа секаде, каде што Зохар зборува за нижиот и вишиот свет, - сето тоа се случува помеѓу Малхут и Бина на светот Ацилут.

Денот на раѓањето на човекот

Создателот започнал да ја создава вселената од состојбата, која се нарекува "Првиот ден". А шестиот ден, т.е. после шесте процедури врз првичната творба ( желбата), бил создаден човекот, посебен вид на желбата. Овој ден ние го празнуваме како почеток на новата година, Рош Хашан – почеток на промените. За пет дена – пет дејства над желбата за насладување, биле создадени сите услови, за да може да се создаде нова творба- Малхут. Сите светови ( скалилата на скривањето), создадени пред човекот, - тоа се 9 први сфироти на Малхут на светот на Бесконечноста. Во нив бесконечната светлина, поминувајки преку 9 филтри, се "обојува" во особините на филтрите – световите, не самата, туки зависно од тоа, кој стои позади тие филтри и ја добива неа. Така се создадени сите светови.

Но создавањето на човекот – тоа е веќе нешто поинакво. Човек – тоа е обратно, не вклучување на Малхут во 9 сфироти, туку вклучување на 9 сфироти во Малхут. Тоа не е светлина, помината преку сите филтри, која ги добила нивните особини – туку самите филтри ги добиваат особините на светлината која поминува преку нив и се стремат да и станат слични, не сакајки да создаваат препрека на нејзиниот пат, да ја менуваат. Секој филтер сака да ги добие особините на светлината – во толкава мера, колку што е спротивен на неа. Тој е должен да ја запира светлината, но не сака да и биде препрека на светлината! Тоа и се нарекува "човек", кој е спротивен на светлината, но токму за сметка на испречените пред него филтри, сака да стане сличен на светлината, отпечатувајки ги во себе особините на филтерот во обратна форма. Пред мене се скривањата, но јас ги претворам во отскочна даска, скривањата да ги направам откривања!

Заеднички јазик на Создателот и суштеството

Колку е поголема препреката испречена на мојот пат – толку поголема јас во неа гледам "помош од одвратната", согласно на карактерот и особините спротивната на светлината особина на мојот егоизам. Бидејки ако јас успеам да се кренам над него, над сите негови особини – тогаш ќе станам сличен на светлината. Зошто поинаку не ми е познато, како да станам сличен на светлината.

Сите овие препреки јас треба да ги доживеам до последниот детал – јас се вклучувам во нив и се кревам над нив со силата на светлината! Меѓутоа токму тие ми го даваат нејзиниот облик, бидејки ниту самата светлина, ниту желбата за насладување немаат свој облик. И како поинаку може да се достигне таа сличност? Како да се поврзат две апсолутни спротивности – желбата и светлината? Затоа на средина помеѓу нив се ставаат прегради, пречки на скалилото, скалила, како средство за нивно поврзување. И желбата за насладување, кое ги собра во себе сите овие препреки, на крај ќе стане целосно слична на светлината. Внатре таа ќе остане истата желба за насладување. Но овие филтри и помагаат да стане слична на светлината. Потребно и е само да се крене над нив! Да не ги доживува како препреки, кои ја ослабнуваат светлината – туку да ги вклучи нив во себе во спротивен облик. Тоа се нарекува да се оди со " вера над знаењето". Од состојбата, каде што Бина се вклучува во Малхут, и Малхут ја добива власта над Бина, потребно ни е да се искачиме, за напротив, Бина да почне да превладува над Малхут и особините на Бина да станат одредувачки. Сите овие облици помеѓу Бесконечноста, Кетер, и последната, четвртата фаза, Малхут, се нарекуваат со називите ( особините) на Создателот и служат како примери, според кои светлината може да создаде Малхут и да влијае врз неа. А Малхут, за сметка на обратната АВАЈА, од себе кон Кетер, може да се претвора во светлина ( да разговара со светлината), да и стане слична. Овие 8 сфироти помеѓу Кетер и Малхут се како заеднички јазик, кој е возможен помеѓу светлината и желбата, Создателот и суштеството. Затоа тие се нарекуваат со свети имиња, бидејки името – е откривање, постигнување на особината на Создателот, Неговиот одреден однос кон нас, Малхут. А тоа што јас не го постигнав, не е можно да се нарече со никакво име.

Од дневната лекција / 07.09.2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica