Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Откривање на единството на природата

29/03/2012

Прашање: Ако ја постигнеме целта и се обединиме во еден заеднички свет Кли, кои промени ќе се случат во Европа?

Одговор: Мора да разбереме дека сите проблеми, вклучувајќи ја и кризата со сето страдање, се појавуваат заради една причина: да ги насочат луѓето кон коренот на причината, да откријат зошто тоа се случува. Гледаме дека научниците, економистите и политичарите не можат ништо да направат. Светот влезе во состојбата која кабалата одамна ја спомна. Зборувавме за ова пред 21 – виот век. Слушнав за ова пред дваесет години и не верував дека може да се случи. „Па,“ си помислив, „зборуваат. Што можам јас да сторам?“

Светот влезе во друг стадиум. Денес сме на сосема различно ниво. Мораме да го откриеме единството на природата. Затоа светот е глобален, интегрален, не само во нас, туку и околу нас. Денес, ја откриваме горната сила на сите нивоа на развојот; неживото ниво на природата вклучувајќи ја и вселената, да не спомнуваме дека повисоките слоеви, растителното и животинското ниво се една целина. Сé ова е глобална, интегрална сила од нула од бесконечност, една целина. Има исклучок кој претставува проблем. Внатре, постои човечко суштество, центарот на светот. Дадена му е слобода, и прави што сака без оглед на сé друго. Тој е најголема спротивност на сé што постои.

Го споредуваме човекот, односно целото човештво, оваа колективна слика со канцероген израсток бидејќи јаде сé околу него. Уништува сé што е живо и е спротиставен против целата природа. Остатокот од природата е глобален, интегрален и обединет. Ние воопшто не сме обединети, ниту интегрални и глобални. Велиме дека се појави глобална криза. Што значи тоа? Значи дека не одговараме на остатокот од природата! Каде е кризата? Во тебе или во тоа што те опкружува?

Мора одново да се изградите. Вие сте човечко општество што исто така мора да стане глобално и интегрално. Како може ова да се постигне? Може да се постигне со обединување, постигнување еднаквост, поврзување меѓу себе и взаемно разбирање. Целиот наш развој ни покажува до која мера сме поврзани меѓу себе. Не можеме да побегнеме од тоа.

Гледајте што се случува: Една земја е бојкотирана, исклучена од финансиски трансакции или нешто друго, и не може ништо да стори. Тоа е тоа; животот згаснал. Отсечи ја од остатокот од светот, и не може да постои. До таа мера е глобален овој свет. Ова никогаш порано не се случило. Нашето општество е спротивност на оваа глобалност; сегашната човечка природа е спротивност на тоа. Затоа, природно, ако ја отстраниме оваа спротиставеност, силата на природата ќе ни се открие во сета нејзина величина. Ќе бидеме целосно поврзани со целиот свет, како безгранични и бесконечни. Ќе чувствуваме дека постоиме во вечна хармонија со сите други слоеви на природата.

Ова не се однесува само на земјите кои страдаат од кризата. Треба да го земеме предвид нивото до кое се издигнуваме и гледаме на сите овие кризни феномени како пречки што треба да ги преминеме за да стигнеме до највисоката цел. Исто како што човекот има кризи во индивидуална смисла, државата има на национален план, воопшто целото човечко општество е во криза. Само вака треба да гледаме на животот. Во денешно време не можеме да им пријдеме на владите и да зборуваме за ова бидејќи тие се најголемите егоисти и нема да можат да го разберат тоа. Сепак, нивното мислење се менува. Постои огромна разлика меѓу тоа што го рекоа пред пет години и што велат денес, бидејќи ударите и казните го прават човекот помудар и поприемчив. Затоа се надевам дека ќе успееме да го постигнеме ова.

Освен тоа што подготвуваме материјали за поднесување во УНЕСКО, Обединетите Нации и други меѓународни организации, поврзуваме многу научници со нашата работа, научници кои го делат нашето мислење, оние кои разбираат дека човечката природа, природата на човечкото општество мора да биде сменета од корен. Проблемот е што тие немаат начин. Нема сомнеж дека ни е потребна глобална рамнотежа со природата, да бидеме во хомеостаза со неа. Илјадници научници во светот зборуваат за ова, но треба и да се направи. Како може да се направи? Што мораме да направиме? Нема одговор. Милиони луѓе ширум светот стануваат невработени. Кризата ќе нè доведе до точка каде што ќе го произведуваме она што ни е неопходно за егзистенција. Затоа луѓето мора да разберат. Треба да се проучуваат себе си и да се променат, наместо да ја загадуваат и исцрпуваат природата. Не ми е потребно многу за да го нахранам „животното“ во мене за нормално да живеам.

Морам да го посветам остатокот од времето, остатокот од мојата сила, на менување на човечкото општество. Тогаш, ќе чувствуваме вечна и целосна хармонија. Ова ќе биде многу повеќе отколку што се трудиме да постигнеме денес. Затоа, треба да гледаме на оваа криза како на пречка која мораме заедно да ја надминеме. Затоа сме тука.

Од лекцијата на Каб Тв од 29.04.2012

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica