Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Откријте го светот на корените

 

11.07.2010


Духовниот свет – тоа е свет на особини, желби, намери. Постојат само две сили, две желби – на примање и давање.Сето останато – произлегува од нивното взаемно влијание, проникнување едно во друго. Желбата за давање, приклучувајки се во желбата за добивање на задоволство, предизвикува во него сила на отпор, антагонизам, екран, авијут ( масивност, грубост на желбата), закут ( чистота, префинетост на желбата) и т.н. Но само две сили делуваат во целата Вселена, во взаемно соединување една во друга, како што е познато од четирите фази на распространување на директната, права светлина. Ништо повеќе не е дадено. "Најсуштинско од суштинското"(" ем ми еш") – тоа е силата на давање, "нешто од ништо" ("еш ми аин") – силата на примање, создадена во неа. Сето останато се создава од конфронтацијата на овие две сили. И нам ни е забрането да си претставуваме нешто освен нив, бидејки сето останато ти го замислуваш надвор од реалната перцепција. Ако пак ти посакуваш да се вратиш кон вистинското чувствување, тогаш мораш да правиш напори, трудејки се да се вратиш кон реалната слика, како да се освестуваш после безсознание.


Затоа, читајки ги статиите на кабалистите, Книгата Зохар, дури занимавајки се со работа во нашиот свет, ние мораме да се трудиме да ги откриеме силите што управуваат со нас, корените на тоа, што ние го чувствуваме во овој "имагинарен" свет. Читајки го Зохар, ние мораме цело време да престојуваме во тие напори. Бидејки ако во основата на текстот од оваа Книга ти цело време се трудиш да ја откриеш квалитетната слика – сликата на особините, силите , желбите, - токму со тоа ти ја предизвикуваш врз себе силата од таа состојба, од двете сили – на примање и давање, - и тоа делува врз тебе. Затоа што Зохар зборува за тоа како да се најде врската помеѓу двете сили. Тоа е целата реалност. Не е важно што точно јас читам: Аба бе-Има, ЗОН, се искачуваат, се спуштаат, голема состојба (гадлут), мала состојба (катнут). Во духовниот свет, во неговото чувствување не постојат зборови – постои комбинација на двете сили во семожни облици – и тоа е вистинската реалност, единствено постоечка. Едната особина му припаѓа на суштеството, другата – на Создателот. И невозможно е да се зборува за едната без другата, само за врската меѓу нив – од речиси целосен прекин до совршено спојување.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica