Кога ќе ги обединиме своите желби да се разоткрие Зохарот, секој човек придонесува со своите недостатоци, со својата единствена работа од срцето и умот, и обидите да се држи цврсто за зборовите за да ја достигне целта преку нив. Секој има свои идеи за тоа што е духовноста и како одликите за кои читаме, како Арон, бикот, мешаната толпа, Мојсеј, и другите се поврзани во него.
Секој ги замислува овие идеи од коренот на својата душа, ги замислува во разни искривени облици. Но во ред е што се искривени бидејќи „Предноста на Светлината се открива во темнината." Секој човек додава своја малечка заблуда на големата, заедничка, збунета желба.
Тоа како резултат дава една голема, измешана топка, како клопче конец сочинето од нешто нејасно и непознато. Се состои од сите разочарувања, недостатоци, и желби, но тие сите се обединуваат во тоа клопче бидејќи преку нашето трагање посакуваме да достигнеме единство и да го разоткриеме Создателот во нас. Како резултат, упатуваме молитва (МАН), која е збир на сите сомнежи, збунетост, и впечатоци што ги чувствуваме додека го проучуваме Зохарот, додека Зохарот е еден за сите нас.
Ние сакаме да ги обединиме сите наши тежненија, што значи дека стоиме околу планината Синај (Планината на Омразата). Меѓутоа, не разбираме што се случува. Затоа, додека Мојсеј се качува на планината, правиме Златно Теле и ги правиме сите други прекршоци.
Но тогаш Светлината што опкружува ни доаѓа и ја осветлува нашата заедничка желба (Кли), која се состои од нашите збунетости и сомнежи. Ја осветлува темнината, состојбата во која не можеме да видиме каде е таа слика внатре во нас и каде е нашата врска со другите. Светлината што опкружува ни доаѓа низ голем облак на сомнежи кои заедно го создаваме; тоа е облакот низ кој Светлината влијае на секој човек. Минувајќи низ тој филтер, Светлината на секој од нас му ги донесува желбите, недостатоците, и особините на другите, како и нејзините одлики. А тоа доведува до откровението.
Самата Светлина нема облик. Кога ќе посакате да се соедините со другите и со Зохарот, кога не разбирате ништо и збунети сте, но се борите да бидете дел од големата, заедничка желба, тогаш Светлината ви дава отпечаток на тие облици. Ја открива вистинската врска меѓу нас и ви ја дава вистинската структура, во која сте поврзани со секого. Тогаш почнувате да ги сфаќате одликите кои ги опишува Зохарот.
Тие одлики не постојат во никој од нас. Јас го немам во мене Арон ниту Златното Теле; тие одлики се изразуваат само во мојата врска со другите – дали сум „за" или „против" нив. Тие не можат да постојат во поединец. Нечистата сила и светоста тука опишани значат „против единството" или „за него." Затоа, Светлината што опкружува која доаѓа како одговор на вашите напори ви носи или единство или противење на единството. Но се случува на јасен, свесен начин. Се се разликува само во однос на единството бидејќи единственото нешто што треба да го поправиме е заедничкиот сад на заедничката душа.
Затоа, еден поединец не може да замисли ништо што опишува Зохарот. Молитвата се крева нагоре и Светлото слегува надолу само преку нашиот заеднички облак на збунетост и сомнежи.