Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

План на изградба наречен “АВАЈА“

06.01.2011

Во статијата "Кабалата и филозофијата" Баал ХаСулам пишува дека "секоја духовна особина личи на материјална како две капки вода, и тие во ништо не се разликуваат освен својата материја – духовната има духовна материја, а материјалната – физичка материја.

Ако твојот материјал работи "поради давање"- тогаш е духовен и ти чувствуваш духовни појави, а ако работи "поради себе" – тогаш е материјален. Целата материја постои во тебе – надвор од човекот не постои ништо. Постои празнина, "нула", а внатре во таа нула - некое суштество. И ако тоа суштество има егоистична намера "поради себе" тогаш се восприма во реалноста која ја чувствува во себеси како "овој свет".

Ако пак човекот има намера за давање, тогаш целата реалност која тој ја чувствува и тој самиот – се нарекуваат духовни. Надвор од тој човек нема ништо што постои самостојно. Сето замислено е само внатре во човекот: или во неговите егоистични желби, или во желбите за давање. Не постои никакво "место" или реалност која би постоела сама за себе.

Постои само Закон, без конкретна преслека – кој се нарекува АВАЈА (името на Создателот).
Ако ние сме материјални, т.е. сакаме да примаме поради себе, тогаш го чувствуваме во себе овој Закон како материјални тела, кои живеат во материјален свет. А ако се наоѓаме во давање, тогаш го чувствуваме овој Закон како духовни светови, а себеси како души.

И едното и другото постојат само внатре во човекот, и во суштина – и двете претстави се имагинарни. Но ние не ги нарекуваме духовните форми привидни, илузорни, затоа што сите тие на крај се собираат и се сложуваат свиткувајќи се како во клопче. Тие се акумулираат во процесот на нашето напредување и на крај нè доведуваат токму кон таа почетна форма АВАЈА, која постоела секогаш, но само како потенцијал.Таа постоела како план за изградба на идниот дом, а ние ја реализиравме таа АВАЈА како резултат на нашата лична работа.

Ние како да сме се создале самите себе и целиот универзум според овој план, и Создателот во себе. Ние го откривме Создателот внатре во себе – па каде бил Тој пред тоа?
Тоа ние не го знаеме, тоа бил Ацмуто, Неговата несфатлива Суштина, која во ништо не се преслекува. Ние Му дадовме место и конкретен израз со тоа што го реализиравме Неговото АВАЈА во нашата лична желба.

Затоа сето постои само внатре во човекот, а надвор од него – нема ниту место, ниту реалност, ништо. Човек кој ја учи кабалата сфаќа каде се наоѓа, каква илузорна реалност чувствува, како од неа да излезе до правилно чувство, и како тоа правилно чувство да го доведе до апсолутно точна, совршена форма.

Кој прави мир во Вишото – ќе направи мир во нас!

Прашање: Ако во духовниот систем функционира принципот "нижиот го пробудува вишиот", дали нашата поправка зависи од желбата на новата генерација – нашите деца?

Одговор: Ние сме зависни од сите и мораме да им ги пренесеме нашите знаења од науката кабала – барем малку, во мера на нашето сфаќање. Бидејќи сега ние се наоѓаме во состојба кога целиот свет е должен да го пробуди Вишиот – тоа Вишо раководство.

Иако ние сега гледаме како цел свет е зафатен од глобални, сеопшти несреќи, незнаејќи што ќе донесе новиот ден – сето тоа е диктирано од фактот да почнеме во пракса да учиме што точно Вишиот бара од нас, и како ние можеме да Го пробудиме правилно, а не само да викаме и меѓусебно да се пресметуваме или да го бараме невозможното од Природата.

Ние се приближуваме до состојба кога Вишиот ќе побара од целото човештво свесна повратна реакција, за сите ние да се обратиме кон таа сила на Природата, кон Вишата сила, сфаќајќи какво однесување се бара од нас и каква молба треба од нас да произлегува. Се разбира дека самите ние не можеме ништо да достигнеме.

Но "кој прави мир во Вишото, ќе направи мир во нас". Вишиот може да нè доведе до совршенство и мир тука, меѓу нас. Барем за тоа треба најпрво да молиме. А веќе потоа од тоа заедничко "ло лишма" на целото човештво ние ќе го достигнеме "лишма".

Корисна вежба

Книгата Зохар опишува духовни состојби кои ги чувствуваат тие кои го постигнуваат Вишиот свет. Но раскажува за духовните ликови со наши земни зборови. Тие зборови не потсетуваат на земните ликови. Тие зборови ни создаваат на нашата "желба за примање"- егоистичниот екран, со нашите земни особини – земни ликови.

За опишување на Вишиот свет кабалистите ги земале зборовите од овој свет, зошто во духовното не постојат зборови, постојат само чувства - и ги нарекле со тие зборови духовните особини, кои ги достигнале во своето постигнување.

Затоа читајќи ја Книгата Зохар ние треба да се трудиме да ги препознаваме духовните сили, состојби, односи, одделени од материјалните ликови кои ние навикнавме да ги чувствуваме зад тие земни зборови. Тоа е многу добра и корисна вежба.

Да речеме, ние ги читаме во текстот зборовите: "чело", "очи", "коса". Потребно е да се обидеме веднаш барем да помислиме за сфирот – Кетер, Хохма, Бина, Зеир Анпин, Малхут, кои одговараат на деловите на парцуфот – "чело", "очи", "уши", "нос", "уста", Гаљгаљта Ејнаим и АХАП. "Коса" (сеарот) – тоа е вишокот на Одразената Светлина во која не може да се преслече Директната Светлина, и затоа таа одразена Светлина се излева надвор, создавајќи "коса" на парцуфот.

Тоа се Светлини кои на таков начин се шират одозгора надолу во Вишиот систем, во Рош на Арих Анпин, а потоа во З'А, и преку сите тие парцуфим кај нас доаѓаат сили за да нè пробудат, поправат и наполнат. И затоа во Книгата Зохар ние го изучуваме целиот тој систем на поправка на душите.

Дијагонала на духовната скала

Рабаш, "Шлавеј Сулам", 1988/89, статија 10, "Навалена скала": Дури и во материјалниот свет скалата задолжително мора да стои навалена. Кога главата на човекот "стигнува до небото", тој мора исто така да "оди по земја". Иако тоа се две спротивни сили, сепак тие не се толку различни. И значи дека треба да се оди во двете овие линии, што се нарекува "навалено ".

Што и да се пробудува во човекот, негова работа е да не ги крие недостатоците, туку правилно кон нив да се однесува, да ги поправа. Поради тоа тој ќе оствари подем "по дијагонала" на навалената скала, т.е. во правилната комбинација на двете желби: над желбата за примање тој ја поставува желбата за давање.

Во нас се пробудуваат негативни импулси: омраза, завист, страст, амбиција, одбивање. Тоа се последиците од разбивањето, но тие се нашата природа. И сите тие треба да станат фактори на кревањето на љубов кон суштествата во нашите срца. Токму со нивна помош поправајќи ги ние напредуваме.

Се разбира дека човекот треба правилно да ги комбинира во себе Бина и Малхут, судот и милосрдието, без отстапување - сé треба да биде избалансирано и од десната и од левата страна – во согласност со нивото на другите и неговото лично ниво.

Така, работата е да се проверува, кое зло се манифестира, да не се занемарува, да не се "заспива", да се открива или одбивање или привлечност кон околината – инаку ти не си во духовната работа, да се обидуваш секогаш да се држиш во давање/љубов над одбивањето/примањето кон околината/"ближните". Не плашејќи се од борбата на спротивните особини во себе, правилно да се комбинираат "по дијагонала".

Самиот човек не е способен тоа да го стори, но тој бара поправка и тогаш гледа како Создателот му ја гради таа комбинација.

Од средството – до причината


Прашање:
Што е помош на Создателот?

Одговор: Ако човекот се потруди и дојде до љубов и единство над омразата и одбивањето, тој ќе види дека тоа е невозможно. Добрите намери секој пат се претвораат во спротивното. Првично, вложувајќи неуспешни напори, човекот ќе почувствува дека тоа се случува со него поради него самиот. Потоа истите напори ќе му покажат дека причината е некоја надворешна сила.

Потоа, со собирање на нови искуства, човекот открива дека ова не е некоја надворешна сила туку Виша сила, која го насочува на таков начин и го манифестира во него лошиот однос кон другите, преку различни животни ситуации. Така човекот почнува да го открива Создателот како причинско-последичен фактор на негативното и позитивното. Откриваме дека Создателот е сила неопходна за комбинирање на спротивните страни. Без Неговата помош човекот нема да може да ги комбинира во себе овие две особини. Но, потоа и тоа се испоставува како недоволно. На човекот му е малку Создателот да му помогне во воспоставување на чувството и средувањето на животот.

До сега лошиот однос кон ближните ми бил непријатен на мене самиот, но сега јас напротив сакам сето да го искористам за поврзување со Создателот. Комбинацијата на спротивностите треба да се оствари во Создателот и да заврши токму таму. Така постепено човекот се искачува по навалената скала.

Отпрвин тој сака да ги среди своите келим, а потоа со нивна помош се обраќа кон Создателот и наоѓа со Него точна комбинација. Чекор по чекор во човекот се открива правилен однос кон создавањето: од средството – кон причината, од напорите да се поправат своите желби - до сфаќањето зошто тој тоа го прави, што со тоа постигнува. Зошто целта не е да се восхитувам на содржината на својот сад, туку преку својата работа да се постигне Вишиот корен.

Тогаш твојот однос се менува: во комбинацијата на Бина и Малхут ти го откриваш Кетер, крајот на буквата јуд( (י), од која започнува буквата алеф (א), која ја симболизира нашата работа и подемот по дијагоналата.

Од утринската лекција 06.01.2011  на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica