Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Планета на заспани луѓе

11.03.2012

Создателот, природата е сé, и ние постоиме во тоа. Меѓутоа, заради криењето од нас, можеме да се видиме себеси и природата на многу чуден начин, како да постоиме независно од неа и можеме да одлучуваме и дејствуваме сами.

Тоа е целосна илузија. И ние и светот, сите наши дела, мисли и мислења, сé тоа е целосна фантазија, привид во воздухот. Сé тоа е направено за да му даде на човека почетна точка од која навистина независно ќе може да напредува. Инаку не би било можно да се изгради темелот на тоа да се биде „човек“, Адам, што значи „сличен“ на природата, Создателот во сета негова величина.

Но ако сакаме правилно да растеме, постојано треба да се присетуваме дека постоиме во природата која одредува сé за нас: мислите, желбите, намерите, меѓусебните односи, сé што се случува – целите наши животи. Природата целосно нè контролира, и не само што управува со нас, ние воопшто и не постоиме.

Живееме во лага, илузија дека божемно постоиме, како во сон или некој вид легенда. Меѓутоа, ако се обидеме да го фокусираме нашето внимание, мисли и перцепција со цел да се издигнеме над егото, над нашата сегашна природа, каде се наоѓа овој сон и фантазија, тогаш навистина ќе можеме да се обидеме да се пробиеме низ сонот и да ја допреме вистината.

Затоа делуваме: се собираме во групата, учиме и ги применуваме сите препораки од кабалистите. Навистина, тие сакаат да нè извлечат од ова илузорно постоење, од животот во сон, небаре нè вадат од магла, од длабока дупка во која сме заглавени, и да нè спасат. Затоа ни даваат различни совети за тоа како да се концентрираме на перцепцијата на реалноста со цел да го истераме облакот и да ја видиме вистината. Тоа е целата наша работа.

Од првиот дел на дневната кабала лекција , Шамати 9

 

Како да се „исткае“ создадено битие 

 

Дури и за  да постоиме во телесната реалност потребна ни е Светлината: мало осветлување (Киста де Хујута), најмалата искра на светлината што се пробила низ духовноста како резултат на Биг Бенг и ја создала цела материја на нашиот свет, кој е всушност имагинарен и постои само во нашата перцепција. Но тоа беше само почеток, и остатокот од нашата еволуција е во градењето на реалната материја, односно желбата. Материјата која ја гледаме пред нас е краткотрајна и непостоечка. Физичарите исто така во последно имаат откриено дека материјата на овој свет не постои, дека тоа не се честички туку енергетско поле на сили, кое ним им личи на честички во движење.

Со цел да ја откриеме вистинската материја, огромната желба за примање во сите нејзини различни облици, потребна ни е Светлината која ги создала, направила, започнала, родила сите овие облици на материјата во четири фази на ХаВаЈах (Јод – Кеј – Вав – Кеј), или во световите Ацилут, Брија, Јецира и Асја кои потекнуваат од светот Адам Кадмон. Ова се нарекува „долната половина на Кетер“, додека светот на Бесконечноста е „горната половина на Кетер“.

Почнуваме да напредуваме во духовноста ако ја примиме Светлината од Горе која ја развива материјата. Со цел да се забрза развојот на нашата материја, желбата за примање, дадена ни е мудроста на кабала која може да ни помогне свесно да разбереме што се случува. Дури и тогаш нема да го разбереме тоа до самиот крај. Дали човекот на крајот од својот живот го разбира поголемиот дел низ кој поминал? На крајот на краиштата, тој не ги разбира причините за различни настани, поврзаноста меѓу нив или длабочината на создавањето. Ништо не му е откриено, и неговиот живот едноставно поминува.

Меѓутоа ние можеме да напредуваме во животот со тоа што ќе се мобилизираме, кога ќе сфатиме што се случува со нас толку јасно што ќе можеме да се провериме и промениме себе и да ги составиме заедно деловите од ова создавање. Тогаш ќе можеме да видиме и да учиме како со составување на работите на различни начини можеме да добиеме различни резултати и на тој начин да научиме. Го стекнуваме горното духовно знаење во умот (Даат) на нашиот Парцуф, кој постепено ни се открива. Ова се нарекува „Светлината Хасадим во осветлувањето на Хохма“. Затоа од долу нагоре, почнуваме да ја стекнуваме и со тоа да стануваме вистински научници кои составуваат создавање од сите овие честички.

Каде можеме да го добиеме умот, чувството, проникливоста и намерите за како да го изведеме ова? Од едноставната горна Светлина која се спушта до нас. Тогаш ќе почнеме да се развиваме. Не знаеме што ни недостига, во која насока треба да се шири нашиот ум и чувства, и на кој начин треба да соработуваат нашиот мозок и срцето за да го „исткаат“ правилниот сад за нас.

Да се надеваме дека читајќи го Зохарот ќе можеме да ја извлечеме оваа општа Светлина и дека таа ќе го подготви разбирањето и чувството за нас, според кои на крајот ќе можеме да учествуваме во создавањето на садовите. Кажано е дека „Создателот ги создава и уништува световите, и праведните ги поправаат овие светови“, соработувајќи со Него како партнери.

Од вториот дел на дневната кабала лекција , Зохар


 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica