Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Плодот е созреан

22.07.2011
Зошто ни е потребна науката кабала? Која е потребата од неа?

Ние го перципираме светот преку пет сетила. Ја гледаме „сликата" на овој свет, живееме и се снаоѓаме во него. Развиваме науки за да го спознаеме, имаме доволно разум и чувства, го проучуваме светот и се прилагодуваме кон него во радост и во тага.

Тогаш, зошто ни е потребна науката кабала ако сето ова не се фантазии и лаги? За да знаеме колку ангели има на небото? Виша Сила, Виши Светови... А, ако не одиш на лекар? Не разбираме зошто ни е потребно ова. Дури и луѓето кои признаваат дека кабалата говори за духовниот свет, не гледаат потреба од неа. Некои се плашат од неа, други чувствуваат аверзија и антипатија кон неа. Пречки има повеќе од доволно. Притоа, никој не ги поставува тие пречки намерно, едноставно сме такви, таква е нашата природа. Сами си поставуваме пречки на патот: не внимаваме, не сакаме, отфрлуваме, затоа што со нас управува егоистичката желба, далечна и спротивна на духовниот свет.

Како последица од тоа, науката кабала ни изгледа како нешто нереално. Доаѓајќи до неа, самите не разбираме како се случило тоа и што нè држи овде. Неретко ја отфрламе и се враќаме кон обичниот живот, таму каде што во нашите раце е силата, парите, власта, а не „маглата".

Достигнувајќи го духовниот свет, кабалистите сфатиле колку тој е важен и голем, бидејќи тој пред човекот ширум отвора подолг живот, а не минливо постоење на животинско ниво. Ние дејствуваме на нивото на животинската природа и зависиме од телото – јас сум жив додека е живо тоа и умирам заедно со него. Моето „јас" се наоѓа во него.

Од друга страна, кабалистите го стекнуваат нивото на човекот, оној кој е подобен за Вишата Сила, кој постои во достигнувањето, чувствувањето и владеењето подеднакво со Вишата Сила или во определен степен на подобност на неа. Така, науката кабала е важен приод кој ни дава вечно битие наместо сегашниот беден и краток живот. Но, нема на кого да се раскаже за тоа.
Затоа науката кабала била скриена долго време, сè додека, наместо невнимание, страв и непријатност човештвото не почувствувало потреба од неа. Така се случи и со нас – не помисливме, не претпоставивме, а одеднаш почувствувавме потреба. Се покажа дека без тоа нашиот живот е низок, животински и празен. Ни недостига исполнување. Всушниот, на кабалистите им било сеедно што се зборува за науката кабала и како се однесуваат кон неа. Светот секогаш бил збунет со секакви измислици за неа.
Кабалистите знаеле, но не обраќале внимание на тоа, затоа што најважно е да се одделат луѓето од незрелиот плод. А незрелиот плод не е толку науката кабала, колку што е желбата на човекот. Самиот тој е незрел плод, тој сè уште не може да го „свари" своето его и да го претвори во нешто добро, нешто што би му било од полза. Уште не е созреан, не е способен да си го поправи егоизмот, а среќавајќи се со науката кабала, ја класифицира во мистични учења, во филозофија, во религија, во „њу-ејџ" итн.

Како што пишува Баал ХаСулам, откривањето на книгата Зохар од вдовицата на раби Моше, де-Лиона довело до голема грешка, до секакви тешкотии и проблеми, бидејќи луѓето тргнале кон духовното по неправилен пат, потчинувајќи му се на егоизмот, а не со желба да се поправат себеси. Меѓутоа, денес стапивме во нова епоха. Кабалистите го констатираат тоа, а и ние самите го гледаме во нашиот свет. Тој веќе е свесен дека е во лоша состојба.

Општа криза го опфаќа глобалното село, во кое сите се поврзани со егоистичките врски. Откриваме дека нашата егоистичка мрежа станала глобална и дека сме нераздвојно и неправилно поврзани еден со друг. Не можеме да излеземе од таа ситуација и немаме никакви решенија за спас од притисоците на егоизмот, кои нè притискаат сè повеќе. Во вакви услови се открива неопходноста од науката кабала која единствено предлага реално решение на проблемите.


Системска конфронтација


Никогаш до сега не сме биле во ваква ситуација како денешната, никогаш не сме доживеале конфронтација на два система. Денес сите сме составен дел од заедничкиот интегрален систем (We – Ние), но егоистички систем. Притоа, се наоѓаме во природниот систем кој е пронижен со давање и љубов. Разликата, несогласувањето помеѓу овие два система го создава чувството на криза. Таа разлика расте сè повеќе затоа што ние растеме во својот егоизам, а Вишиот систем се доближува до нас.

Кризата се појавува токму како последица од откривањето на Природата. Порано, во текот на историјата ние самите сме го прошириле својот систем, додека не дојдовме до денешната интегралност и поврзаност. Но, секој од нас продолжува да дејствува за своите тесни интереси, иако веќе не може да ги отфрли глобалните врски и целосно зависи од другите. На крај, имаме меѓусебна поврзаност и меѓусебна омраза, што се констатира од силата на давање која дејствува врз нас.

Не само што сме оковани меѓу себе и поделени до крајни граници, туку со тоа сме спротивни на Создателот. Таа спротивност, разлика во својствата ни носи несреќи. Тие се на самиот почеток, но истовремено го побудуваат човекот да ја спознае причината за она што се случува, бидејќи ние се обраќаме кон нешто што ни пречи, што ни наштетува.

Затоа денес за прв пат во историјата се открива науката кабала. Работата е во тоа што дојде време да се сплотиме, Создателот и битието да се обединат во единствена сила, во единствена врска. Со други зборови, дојде времето да се поправи кризата, да се спасиме од несреќите. За тоа е потребно да се познава системот во кој се наоѓаме, а тоа е невозможно без познавање на Вишата Сила.

Ние не ја гледаме интегралноста на природниот систем бидејќи самите не сме интегрални внатре. Ние сме дискретни, поделени, осамени, секој е сам за себе. Јас немам интегрален ум, интегрален лик на мислите, не можам да водам сметка за целиот свет. Но, од друга страна, ние сме една целина, а по законот за единствено тело, јас не можам да извршам дејствие ако не сум сигурен дека тоа благопријатно ќе влијае врз сите мои системи. Затоа во ништо не можеме да успееме. Во современиот свет, каков систем и да земеш, ќе видиш дека сè се уништува – образованието, културата, економијата, односите меѓу луѓето, семејството, воспитувањето на децата итн. Сè што сме создале во текот на нашиот развој се руши. Тој процес ќе расте, појавувајќи се сè повеќе и повеќе. Работата овде не е дека ние некаде сме „направиле штета", затоа што сè е однапред програмирано.

Денес едноставно сите наши системи се наспроти интегралниот, правилниот систем. Сега јас треба да се разберам со целиот свет, но јас, по својата природа, за тоа не сум прилагоден. Што да правам? Јас се грижам само за себе, максимум за своето семејство, за опкружувањето, за градот, државата, народот... Но, да се грижам за целиот свет?.. Дури и да сакам – како да го остварам тоа? Немам никаква подготвителна база за тоа во мене. Бидејќи внатре јас треба да бидам друг, внатре во мене треба да има интегрален систем на природен начин да помислам на светот во целина, како за себе. Тогаш ќе постигнам успех во економијата, во индустријата, во трговијата, во сè. Во спротивен случај нема да има успех. Денес тоа сè уште слабо изразено, но бргу сликата ќе почне да се разјаснува. На тој начин Природата, Создателот ќе го обврзе човекот да се почувствува себеси како дел од целината, како дел од заедничката душа.

Ние страдаме бидејќи не сме дел од целината, а тие страдања на секој од нас нè туркаат кон обединување со другите. Но, патот на страдањата е многу тежок. Како што знаеме, тој може да доведе до смрт, до која ќе треба да се помачиме. Затоа се открива науката кабала која сака да ни ја разјасни тековната ситуација, да ни го покаже системот во кој се наоѓаме и да нè научи да се промениме, претворајќи се од дискретни во интегрални делови, од кои секој ги содржи во себе сите. За прв пат во историјата на развитокот на човекот тој повеќе не ја менува природата однадвор, не врши надворешни егоистички дејствија, не ги користи сите свои знаења за да промени нешто надвор од себе. Надворешните промени завршија. Однадвор веќе сè е оформено, завршено и повеќе нема да се менува. Отсега треба јас да се менувам.

Кабалата кон светот


Денес пред нас се исправа сосема нова парадигма, нов изглед, нов приод, каков што никогаш до сега немало. Порано ние го менувавме светот, а сега светот не се менува, туку треба ние самите да се промениме. Тие внатрешни промени во човекот можат да настапат само по негов избор, по негова желба, по неговата осознаена одлука која се применува во секој чекор. А кабалата во суштина е методика, програма за дејствија на тој пат.

По дефиниција, науката кабала е откривање на Создателот на битието. Менувајќи се, човекот станува ист со Природата. А да се биде ист со Природата, значи да се биде сличен на Создателот. Човекот (адам) е оној кој е сличен (доме) на Вишиот. Тоа треба постепено да го откриваме во процесот кој го влече светот напред. Совладувајќи ја каблистичката методика и станувајќи нејзини претставници во нашиот свет, ние треба да му помагаме на целото човештво и да ја откриваме оваа методика на секакви начини.

Се разбира, треба да бидеме свесни дека луѓето се противат на промените, не ги сакаат, ги одбиваат. Точно, меѓутоа така и треба да биде. И ние, од своја страна треба да го подобриме давањето на луѓето и да им ја предадеме методиката во поволна и пријатна форма. Инаку светот, се разбира, ќе страда сè повеќе и повеќе од ден на ден задлабочувајќи се во неред, беспомошност и збрка.

Луѓето можат толку да се збунат, што може да дојде до војна, бидејќи кога си изгубен и дезориентиран под дожд од удари, нервите може да те издадат. Тогаш ќе бидеш спремен на сè, само да го прекинеш хаосот. Војната дури ќе ти изгледа како спас, бидејќи таа прераспределува сè. Како што може да пламне човекот, така може да пламне и човештвото, а денес, како што знаеме, тоа значи светска војна.

Од нас зависи колку бргу ќе ја прифатиме науката кабала и ќе ја поставиме на вистинскиот пат за точно и разбирливо давање на целиот свет. Сите ние треба да станеме просветителска, воспитна организација која ќе помага и ќе им објаснува на луѓето како треба да се променат, дека треба да се доведе во ред правилната меѓусебна поврзаност, а со тоа да се дојде во согласност со Природата или со Создателот, што е едно исто.

Ако не постигнеме рамнотежа и хармонија со природата, тогаш покрај социјалната пропаст, врз себе ќе ги почувствуваме нејзините разурнувачки удари кои ќе нè довршат, затоа што дури и во човечкото општество ние денес нема да бидеме способни за ништо, сè додека не се промениме. Егоизмот предизвикува многу социјални проблеми, но не можеме да запреме. Побарувачкото општество ја опустошува Земјината топка, двеста години на индустриска ера ги потрошија сите нејзини резерви и во скоро време нив ќе ги снема засекогаш. Водата за пиење, нафтата и други ресурси – сè е при крај.

На крај нема да може да водиме дури ни нормален живот без непотребни работи. Сепак, немаме сили да запреме, да го ограничиме производството и загадувањето. Нема да успееме да го направиме тоа додека не ја промениме природата на човекот. Никакви вештачки решенија нема да помогнат. Сè уште се надеваме на старите методи, но Природата повеќе не прима чекови без покритие од нас. Таа од нас ќе прими само едно – хармонија со неа, рамнотежа со овој глобален систем.

Потребата за промена на човекот нè приморува нас, кабалистите, да излеземе од претходните граници и да пристапиме кон дејства во светски рамки. Друг излез немаме. Како што пишува Баал ХаСулам во статијата „Науката кабала и нејзината суштина": „Во целина, кабалата е откривањето на Создателот". Каде? Во човекот. Соодветно со што? – Со сличноста на својствата. Човекот добива сличност на Создателот, со сеопфатната глобална Природа и станува една целина со неа.

Од утринската лекција - 22.07.2011    Следете на  Каб.Тв
 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica