20.05.2010
Целото зло ни се подготви при разбивањето, разделувањето, одозгора. Затоа, како може да зборуваме дека суштеството прави гревови, ако тоа е творба на Создателот, резултат на Неговите дејства? Што и да направи човекот тоа ќе претставува последица на Создателот. Секогаш може да се дознае изворот од каде се потекнува.
Единствената слобода на воља која ни дозволува да избереме помеѓу доброто и злото, се реализира со помош на опкружувањето. Ако почнеме да работиме со групата ќе приметиме дека постои некој празен простор, кој не припаѓа ниту на Создателот, ниту на суштеството – Клипа Нога. Дека не постои ниту добро ниту зло, туку ти самиот одредуваш се` со својот слободен избор.
Работејки со групата ти забележуваш дека има нешто оставено од Создателот за тебе, за да можеш да донесеш решение. Тоа е посебната точка на твојата независност. Во неа ти ќе се нарекуваш човек, ако почнеш да го создаваш од таа ,,бела" слободна точка, ликот на Создателот, ако решиш дека имаш желба да станеш идентичен на Него. Но ти треба уште да ја откриеш таа точка. За сега кај тебе се открива решимо (сеќавања) од разбивањето. Таа точка е зародување на екранот, кој ти треба да го изградиш од решимо. Таа точка се открива во нашата работа со групата.
Со своите внатрешни напори ние го расчистуваме слојот од секакви мали честички (клипот) и различните навики, и наеднаш под него забележуваме нешто, што не му припаѓа на создателот. Тоа навистина е чудо. Во таа точка човекот треба да рече:,, Од мене зависи целиот свет. Јас го насочувам кон добро или кон зло со своето решение во секој момент". Тогаш човекот цело време стои како на јаже во циркусот, и секој пат треба да донесе ново решение во корист на доброто, за да не падне од јажето. Тоа значи дека во секој момент тој избира да оди по патот на вистината.
Затоа Баал ХаСулам вели, дека овој пат е многу тенко јаже и човекот што чекори по јажето треба многу да внимава да не се наведне ни лево, ни десно. Но сето тоа само под еден услов – тој да ја открие почетната точка на тоа јаже- својата слобода на избор во работење со опкружувањето. А потоа сите точки што следуваат, по кои тој чекори, се точки на неговото правилно соединување со опкружувањето кое тој го избира, реализирајки ја својата слобода на воља.
Човекот самостојно го гради јажето од точките, што самиот тој ги открива. Тој сам чекори по нив, затоа што секој пат се приклонува себе си и целиот свет кон доброто. Затоа што пред некого не постои ништо: ниту точка, која што сам ја открива, ниту јажето составено од тие точки – никаков прав пат кон Создателот. Тој пат не ни е поплочен од Создателот. Ние добиваме само решимот, сеќавања, кои што останале на секое скалило при неговото слегување одозгора. Јажето не постои, ние самите го градиме качувајки се одоздола нагоре.
И конечно, самото тоа се нарекува ,,човек". Сите тие парцуфим, кои што ги создаваме при напредувањето одоздола нагоре, тоа не се тие исти парцуфим, што постоеле при слегувањето одозгора надолу. Затоа што искачувајки се по скалилата,ние го откриваме секое скалило(ниво) во 620 пати повеќе, отколку што тоа било при слегувањето. Тоа е сосема различно скалило, ние самите го градиме.