Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Поврзување над сите разлики

Прашање: Кога учествуваме во дискусиите на тркалезната маса, како можеме да објасниме дека вреди трудот за постигнување на поврзување над сите разлики?

Одговор: Обично луѓето сакаат да се расправаат, но наместо расправии сакам да им објаснам дека поврзувањето е над сè. Да ја оставиме нашата расправија и да не потонеме во неа, туку да се издигнеме над неа. Јасно е дека ако се поврземе, ќе ја привлечеме кон нас Вишата Светлина која поправа сè.

Но како може да го објасниме ова на човекот кој не знае дека тоа воопшто постои? Објаснувањето е многу едноставно. Се има во изобилие! Единствениот проблем е во самиот факт дека луѓето не се поврзани и не се согласуваат. Не можат да го поделат ова богатство и изобилство меѓу себе како што треба и има големо триење меѓу сите и целиот свет страда. Сите страдаме само заради човечкото его.

Но во мигот кога ќе се поврземе, веднаш ќе откриеме начин да поправиме сè за секој да го прима тоа што го заслужува еднакво со сите други. Затоа, поврзувањето е решение на сите наши проблеми. Ако од една страна примиме изобилство од природата и од друга страна светот е лошо и болно место, тоа е затоа што луѓето не можат да го поправат. Ако се поправат ќе постигнат вистински напредок.

Од работилницата во Торонто 20/06/2012 на Каб.Тв

Сакам сите да се чувствуваат добро!

Прашање: На што точно се сведува нашето поврзување?

Одговор: Нашето поврзување се базира на фактот дека сите сме дел од едно општество и сакаме да го подобриме, да го направиме поправедно, љубезно и сочувствително општество кое внимателно го слуша секој поединец. Сакам сите да се чувствуваат добро!

Никому не треба да му се одземе тоа што го поседува и не треба да земаме пари од богатите. Никој не може да ги запостави послабите слоеви на општеството: сиромашните, старите и жените. Човек не треба да профитира на сметка на друг. Тоа е можно само ако прво воспоставиме фер општество основано на еднаквост. Од оваа перспектива, кон сите ќе се однесуваме како кон семејство во кое има деца, постари и родители со многу одговорности, должности и проблеми.

Меѓутоа, ако сите седиме околу масата сфаќаме што му треба на детето, кои лекови му требаат на дедо, и какви треба да бидат трошоците за домаќинството. Сега гледаме што е останато и го делиме меѓу нас и живееме од тоа.

Ако можевме да дејствуваме и да ги решиме сите проблеми во општеството со таков љубезен став кон сите, никој не би се жалел зошто сме постапиле така како што сме постапиле. Сите би виделе дека тоа било фер, бидејќи бебето има одредени потреби а постарите имаат други. Тоа значи дека прво треба да постигнеме поврзување како во добро семејство.

Тогаш и да немаме големи ресурси, тие ќе ни бидат доволни и никој нема да страда и да биде лишен, што е главното нешто од што се жалат луѓето додека се чувствуваат како да го немаат тоа што го имаат другите, и освен тоа, тоа е на мој трошок.

Од работилницата во Торонто 20/06/12 на Каб.Тв

Добра околина за светот

Прашање: За нас, околината е групата, книгите и учителот. Која е правилната средина за поширокото население?

Одговор: Ние. Добра околина е нивото кое е повисоко од мене. Ако се свртам кон околината од долу и ги ценам пријателите со тоа што ги гледам како поголеми од мене, добивам правилен впечаток за нив. Денес горното ниво за нас е учителот, групата и учењето. За „нациите на светот“ тоа сме ние, организацијата Бнеи Барух, со други зборови – заемната гаранција. Во целина, има три нивоа: нациите на светот (99%), ние (1%) и горното ниво, кое е Создателот. Нашата улога е да бидеме врската: Работиме со цел да бидеме споени со Создателот и од една страна да најдеме поврзување со него, а од друга страна, да му помогнеме на светот. Затоа Бина исто така е поделена на два дела: три горни Сефирот (ГАР) и седум долни Сефирот (ЗАТ).

Прашање: Како може 1% да стане околината за 99%?

Одговор: Тој еден процент е многу посилен од 99 проценти бидејќи е повисоко во својот квалитет. Кажано е: „Праведникот е основа на светот“. Слично на тоа, растителното ниво во природата е над сета нежива материја во универзумот, а животинското ниво е повисоко од растителното.

Тоа е пирамида: Без разлика колку е големо стадото, ќе следи само еден водач. Масата нема никаква врска со активната сила во реалноста; милијарди луѓе се на многу слабо ниво. Немаат моќ, збунети се и се подготвени само да се караат, расправаат и да го уништуваат светот: ја истрошиле цела креативност во нив. Затоа се вели: „Вие сте најретките од сите народи“.

Неколку илјади се доволни за светот, дури и помалку за да управуваат со светот. Освен тоа, глобалните медиуми всушност биле подготвени токму за тоа. Направен е одреден план подготвен од Вишото и мора да ја извршиме нашата работа и да бидеме сигурни дека ако тоа правилно го правиме, целиот свет ќе биде во ред.

Од првиот дел на дневната кабала лекција 20/06/12 во Торонто, „Рогот на Месијата“ на Каб.Тв

Подготовка на експерти на високо ниво

Во курсот за обучување за интегрално образование, учителите и воспитувачите меѓу другото, треба да вклучат и создавање на интегрална сила како нова и нечуена компонента.

Ако на пример, се состави фудбалски тим, тоа едноставно е збир на нивните напори. Но тука, бидејќи секој поединец се поништува пред другите, со тоа кревајќи ги сите други и сакајќи да биде ист како нив, да го постигне заедничкото поле, договорот меѓу сите, почнуваме да чувствуваме како меѓу нас се раѓа нова сила: нова колективна желба и нов ум. Изгледа како да се раѓа нов колективен човек (да го наречеме Адам) кој се создава меѓу нас. И така живееме колективен живот, во колективни желби, во колективни атрибути и во колективни мисли.

Ова мора да биде вклучено во обуката за учители и воспитувачи, тие мора да знаат за ова. Сите други ќе го почувствуваат инстинктивно; ќе имаат чувство дека на некој начин го знаат.

Прашање: Треба ли професионалци да предаваат на овие обуки?

Одговор: Мислам дека треба да поканиме научници кои ќе допринесат за материјалот што го предаваме, или да користиме филмови кои ги претставуваат нивните желби.

Овој илустративен материјал ќе им даде на учениците шанса најпрво да бидат сигурни дека не им се предава расцепкан и делумен материјал, и освен тоа, подлабоко да ги сфатат проблемите; да научат да одговараат на прашања и да имаат поголемо знаење. Бо целина, ова се истите теми на интегралниот метод но малку продлабочени.

Методот всушност е многу прост. Единствено треба да постигнеме интегралност, да ја почувствуваме новата интегрална сила. Патем речено, оваа сила се појавува во секој интегрален систем, и во механичкиот и во нашите тела. Така е затоа што нашето тело постојано го следи балансот на телесните системи.

Истото се случува во група кога луѓето постигнуваат интегралност; почнуваат да достигнуваат самоодржувачка внатрешна рамнотежа, која води до апсолутна благосостојба и удобност. Не сакаат да го напуштат ова бидејќи е убаво чувство. Преку овие удобни состојби, преку новата колективна желба и новиот ум, наеднаш повеќето проблеми се решени и повеќето од нив едноставно исчезнуваат бидејќи системот се менува од дигитален (функционирајќи на пулс) во интегрален, кружен, хармоничен, аналоген систем.

Најважно е да им се објасни на луѓето, по неколку „кружни“ работилници, дека треба да го примаат тоа што се создава меѓу нив и да се поврзат со поголема осетливост на новата сила со која ќе ги решат сите нивни проблеми и ќе почнат да се издигнуваат над себеси, над егото. Оваа сила ќе создаде општество кое е на повисоко ниво од старото.

Од „Разговор за интегрално воспитување“ 20/06/12  на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica