04.08.2010
Ако ние се покажеме како неспособни да го пробудиме светот кон духовното напредување, за да му светне светлината однапред, тогаш одзади ќе почнат до го поттурнуваат со страдања, принудувајки го да се продвижува. И тоа е многу долг пат, додека страдањата не го натераат човекот да се замисли што да прави, и зошто тој страда. Замислете си колку за тоа е потребно време и страдања! Ако пак ние малку помагаме во развитокот, распространувајки ја науката кабала, тогаш бргу го пробудуваме развитокот и ги избегнуваме сите тие удари. Познато е, дека се` што се случува на неживото ниво е еднакво на само едно дејство на растителното ниво!
Се` што се случува на растителното – е еднакво на едно дејство на животинското ниво. Замислете си ја оваа разлика помеѓу скалилата! Треба да поминат војни и страдања, страшни катастрофи за да не помрднат нас барем за еден чекор погоре на следното скалило. Наместо тоа, ние можеме да ја привлечеме вишата светлина и да ги избегнеме сите тие проблеми на нивото на овој свет! Десетици години, полни со страдања, ти можеш да ги замениш со едно минимално сопствено движење насочено кон духовниот развиток, со помош на светлината! Таква е разликата помеѓу скалилата на неживото, растителното, животинското и човечкото ниво. Затоа ние треба да се однесуваме со целосна одговорност кон можностите што ни се дадени.
Докажи, дека си херој и маж
Многумина се жалат после Мега- конгресот на чувство на тежина и "тежина во срцето". Тоа во нас се пробудува Фараонот – нашето его! Ако сега ние ја искористиме таа сила, која ја добивме за време на конгресот да ја исправиме тежината што ни е пратена – ќе добиеме! Треба да се разгледува целата реалност како една целина. И подемите и падовите – тоа се фази на еден ист пат. Не е возможно напредувањето, ако не делуваат две сили, и една не работи над другата.
Кога ние престојуваме во воодушевување – тоа сеуште не се нарекува напредување! Тоа сеуште не е чекор напред, туку добивање на сила одозгора! А ние потоа треба да ја реализираме долу. Но ако ти си ја добил таа сила и не сакаш да ја реализираш, тогаш наликуваш на затната цевка, во која создадоа притисок, а таа не сака да го пренесе понатаму. И тогаш следниот пат ти нема ништо да добиеш! Ќе мораш да го напуштиш овој пат, и одозгора ќе изберат некој друг за таа мисија... ние треба да разбираме, дека добивме сила, и таа сама не се реализира – ние сме должни сами да продолжиме со неа да работиме.
Ако ти не го искористиш тоа што ти било дадено, тогаш повеќе нема да ти дадат нови сили, и ти ќе стануваш се попасивен. И обратно, секој кој сега брзо ќе ги вложи сите добиени сили во распространување на кабалата, ќе почувствува како добива одозгора се повеќе и повеќе. Треба да се отвори оваа цевка за низ неа слободно да потече енергијата!
Од дневната лекција /05.08.2010