Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Подршка од светското кли

 

28.04.2010

Во групата има една цел, во човекот има една цел и целото наше постоење има една цел - да достигне во нив до сеопшта љубов и откритие на Вишата сила, Божественото присуство. И целиот систем, кој сакаме да го изградиме, ни е потребен само за да можеме да го разбудиме човекот во оваа важност на заедничката цел. Ова треба јасно да се следи во сите видови на врски, во сите дејствија, во сите "влезови" во оваа наша заедничка програма. Сето тоа треба да биде со намера, повеќе или помалку откриено, и што е најглавно да се следи овој правец. Тоа треба да биде разбирливо, инаку за што да создаваме, за што да вложуваме што и да е?

Ако не ми беше потребна поддршка на целото светско кли, тогаш јас едноставно би се затворил во својот дом, ќе ми бидат доволни книги и чаша чај. Целата работа е во тоа што на мене ми е потребно нешто повеќе од јас, плус книгата- извор, или дури и еден или два или уште неколку милиони книги. На мене ми е потребна група која ќе ми помогне да ја достигнам важноста на духовното, важноста на законот "Сакај го ближниот, како себе си". Работата е во тоа што овој закон е спротивен на мојата природата. Што да направам? Должен сум да бидам во група, која почнува да ми влијае и да ми го пере мозокот на противприроден принцип, и јас го прифаќам ова бидејќи системот е создаден така, јас добивам од нив, во нив се вслушувам. Затоа ми е потребна група.

Прибегнувам кон група, бидејќи ме тераат како Раби Јоси Бен Кисма, кој едноставно немал друг излез. Затоа јас сé повеќе и повеќе ја изградувам групата, за да ме буди цело време, за да се наоѓа во намера, во грижа затоа.

Можеби ќе има потреба да пополнат некои табели, за да се провери дали се наоѓам во намера за пренесување, дали се придвижувам по овој пат, кон пренесување на ближниот, се грижам за тоа или не? Можно е да најдам такви надворешни изразни средства, со помош на кои ќе можам да го измерам тоа, и за сега не е важно со каква точност.Едноставно треба да се занимавам со тоа, да проверам дали им пренесувам и дали тие ми пренесуваат. На тој начин, ние сите ќе се погрижиме за благосостојбата на нашиот чамец. Односно таков систем ми е потребен за тоа за да ме "оживува" и цело време да ме насочува, како беби-ситерка, која се занимава со мене.

За тоа ми е потребен! Во степенот во кој сум способен да бидам во намера за пренесување, во истиот тој степен јас самиот се грижам за другите. Дотолку, доколку тие се грижат за мене и ги туркам и нив кон тоа да се грижат и тие за мене.Тоа е системот за врска, виртуелна врска. Односно, како врска во нашиот свет, со помош на која, како во групата, сакаме сите да ги пробудиме.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica