Баал ХаСулам, „Прогонство и ослободување”: Создателот јасно ни покажува, дека не можат синовите на Исраел да егзистираат во прогонство. Таму тие нема да најдат мир, како што го нашле останатите народи, кои се измешале со други народи и пронашле мир, сè додека не се раствориле меѓу нив, без да остават ниту спомен за себе.
Светлината влијае врз мешавината на разбиените садови. Ако се измешаат две течности и се остават да стојат две илјади години, тогаш тешките елементи од таа смеса ќе се спуштат надолу, додека лесните ќе се кренат нагоре. Соодветно на тоа, Светлината, која свети одозгора, повеќе им свети на лесните елементи, и тогаш тие чувствуваат дека сакаат да ја достигнат целта на создавањето. Во нив се пробудува тоа чувство, и затоа нема да најдат мир меѓу садовите за примање. Тие можат да се поправат себеси, и нивното име е „Исраел”, што значи: „директно кон Создателот” (јашар-Ел). Заедничката желба може да се подели на два дела: горнииот дел (Галгалта ве-Ејнаим – Г”E) и е лесно да се поправи, додека долниот дел (АХАП) – тешко. Притоа садовите на Г”E не веднаш, туку постепено почнуваат да чувствуваат будење: во почетокот на скалилото на прататковците, потоа на синовите, а потоа во XXI век работата стигнува до нас. Но сепак, садовите на Исраел се будат самите, бидејќи имаат точка во срцето, која се појавува во тој или друг период, почнувајќи од времето на Аврам сè до ова време, до организацијата Бнеи Барух.
А долу, пак, не може да има никакво пробудување. Тука управуваат желбите за примање, кои не можат сами да се пробудат. Само откога првите, горните садови ќе се поправат себеси, тие на секакви начини ќе почнат да ги будат долните. Во почетокот тоа биле верувањата, кои Аврам со посланиците ги пратил во источните земји како подароци. Потоа се појавиле религиите. А на крајот ние употребуваме дисеминација, за која пишува Баал ХаСулам во статијата „Повикот на Месијата”, бидејќи мораме да им го донесеме на народите знаењето за поправката, за која е задолжен народот на Исраел. На таков начин ние влијаеме врз тие слоеви, а тие како одговор почнуваат да се присоединуваат и да се искачуваат нагоре. Значи, редоследот на нашата поправка е следен: прво ги поправаме садовите Г”E, потоа АХАП во подем, а потоа – Ахап на своето место. Денес ние се наоѓаме во првата фаза, кога се поправа Исраел.
Генерално на оваа шема го прикажавме целиот создаден сад со неговите два дела: Галгалта ве-Ејнаим и АХАП. Во него луѓето со точката во срцето се наоѓаат горе – и тоа може да биде секој, независно од местото на живеење. Така садот се дели на два дела: „народ во земјата на Исраел” и „народ во прогонство”. И едните и другите имаат точка во срцето, меѓутоа кај вториот дел таа сè уште не се пробудила. Горниот дел на овој сад – скалилото на прататковците – е веќе поправен. А подолу останува „бела дамка”, која треба да ја поправиме ние. Потоа ќе дојде редот на „народот на Исраел во земјата на Исраел”, а потоа – на „народот на Израел во прогонство”.
Застанат со една нога на следното скалило
Од статијата на Рабаш „Љубов кон себе и љубов кон Создателот”: Постои егоистичка љубов кон себеси и постои љубов кон Создателот. Преодната фаза помеѓу нив е љубовта кон ближниот. Преку љубовта кон ближниот доаѓаат до љубовта кон Создателот. За тоа кажал раби Акива: „Засакај го ближниот како себеси, бидејќи тоа е важно правило на Тора”. И како му одговорил мудрецот Гилел на човекот, кој го замолил да ги научи на цела Тора, стоејќи на едната нога: „Мојот совет е: не му го прави на другиот она, што не ти се допаѓа тебе – додека за сè друго размисли самиот”. Бидејќи благодарение на љубовта кон ближниот, ја достигнуваат љубовта кон Создателот, и тогаш целата Тора и целата мудрост се открива во твоето срце.
На човекот му е многу тешко да прифати и внатрешно да се согласи со тоа, дека патот кон Создателот лежи преку љубовта кон ближниот. И навистина, тоа е истата љубов, само во два различни сада. Не постојат туѓи луѓе – тоа само ни се прикажува, за да имаме можност да направиме дејства за проширување на својот сад. Но потоа ќе се разјасни, дека освен самиот човек и Создателот – не постои ништо друго. Тој ги поправал, ги доведувал во ред, и ги присоединувал кон себеси оние желби, кои претходно ги сметал за туѓи, целокупниот огромен свет што го опкружува. Во почетокот тој почнал да наоѓа во тој свет сè повеќе врски, да го гледа сè повеќе соединет, целосен. А на крајот сфатил, дека тоа е еден сад што му припаѓа нему, и во таква форма тој се присоединува кон Создателот. Затоа, од „љубовта кон ближниот – до љубовта кон Создателот” – не е само убаво мото, туку реализација на желбата, во која единствено можеш да го откриеш својот Виш Свет. Таквиот пат следува од разбивањето на желбите, што било намерно направено, за да ни се даде можност да ги прошириме нашите чувствувања и да станеме истовремено и независни и бескрајно верни на Создателот. Љубовта кон ближниот како кон себеси е големо правило на Тора, кое ја вклучува во себе целата заедничка желба, во која се открива целата Светлина. Тоа правило може да се научи „стоејќи на едната нога”, односно извршувајќи само едно дејство, може да се добие целото достигнување. Бидејќи ние откриваме, дека зад оној што ни се чини туѓинец, се крие целиот универзум.
Проблемот е само тоа внатрешно да се прифати – во тоа се состои целата наша работа, и тука ни е неопходна заемната гаранција. Затоа што ние можеме да слушаме за тоа долги години, за барем некако да почнеме кон тоа да се приближуваме. Уште неколку години ќе бидат потребни, за да се донесе конечна одлука. Така минуваат многу години, и само одговорноста на еден пред друг, заемните обврски, притисокот, зависта, амбицијата – употребата на сите средства кои што човекот ги има на располагање, може да му помогнат да се обврзе, и да го прими овој принцип колку што може подлабоко во срцето. Треба да се мери колку длабоко тој навлегува во нас и предизвикува внатрешна согласност, токму со тоа го оценува својот напредок.
Тајното и јавното
Науката кабала се состои од два дела – таен и јавен. Под „таен” се подразбирало она што било забрането да се открива. И каква смисла има да се открива? Затоа што во книгите може да биде напишано сè и сешто, но тоа што човекот може да извлече од нив, зависи од тоа, во која мера тој може да го сфати презентираното. На таков начин, еден дел од кабалата се нарекува таен, бидејќи се открива само после одредени услови, кои човекот мора да ги помине во чистењето од својот егоизам. Освен тоа, тој се нарекува така, бидејќи горниот дел од светот Ацилут не ни е достапен. Дури иако јас го изучувам малото почетно скалило од скалата на духовниот подем и се наоѓам уште во светот Асија, Јецира, Брија, а дури потоа влегувам во светот Ацилут, и тогаш сепак, дури и малиот дел на кој јас се наоѓам, првите десет дела, наречени „едно скалило” (скалилото се состои од десет сефирот), веќе ми даваат претстава за целиот универзум – само во минијатурен облик, во мали размери. А потоа јас се кревам и гледам повеќе, како на карта, која ја читам во покрупни размери, и гледам зголемено сè што таму се наоѓа.
Меѓутоа тајниот дел, ГАР на светот Ацилут – неговиот највисок дел, јас, наоѓајќи се долу, на ниту еден начин не можам да си го доближам, т.е. да си го насликам. Кои било пониски скалила јас колку толку можам да си ги замислам, и пак секогаш ќе грешам, затоа што секое вишо скалило во однос на нижото е нова особина. Но сепак некако можам да ги замислам, додека тие виши скалила – не можам, и затоа тие се нарекуваат скриени или тајни. Сите други скалила под нив, се нарекуваат јавни, отворени, односно до нив ние можеме мирно да стигнеме, предвреме исчекувајќи, предвидувајќи какви откривања тие ќе ни донесат. Првиот парцуф на светот Ацилут се нарекува Атик од зборот „неетак” – „отсечен”, „отсечен” од нашето достигнување. Следниот после него е парцуфот Арих Анпин, чиј што горен дел од главата се нарекува „кетер”, поточно „китра” (на арамејски јазик), - и таа е исто така сриена. Додека сè што се наоѓа под овој дел, ни се открива постепено: крума де-авира, моха де-авира, моха стима. Структурата на сите овие делови е многу интересна, бидејќи токму од нив, од откриениот дел на главата на Арих Анпин, слегува во нашиот свет управувањето, целата наша судбина.
Од утринската лекција - 02.12.2012 на Каб.Тв