12.08.2011
Проблемот е во тоа што демонстрантите не сфаќаат дека причина за целото незадоволство е губењето на надеж во иднината, а не во тоа дека нема од што да се живее. Човекот не чувствува дека утре го чека нешто светло. Треба да се разјасни дека нема ни да има утре, ако се продолжи вака! На ваков начин само го забрзуваме уништувањето на светот.
Ние треба да го надминеме злото од нашиот егоизам со разум и да разбереме од каде и зошто доаѓаат сите проблеми. Оние кои протестираат се способни за тоа, тие се умни и изградени луѓе. Треба само да им се објасни дека ваквиот протест не е решение. И не затоа што јас учам кабала и сакам на сите да ги наметнам нејзините принципи. Ама погледнете самите и ќе видите дека нема излез! Ова го зборувам како експерт. Што ќе постигнете ако направите преврат и ако стане „од лошо полошо"?
Беше еден претседател на владата, ќе биде друг и што ќе се промени? Ќе биде само полошо. Погледнете каков е економскиот пад како резултат од последните нереди кои се случија во Египет, во Либија и на други места. Тоа се случува поттикнато од туѓи надворешни сили кои уништуваат една по друга држава за да се одржат себеси во каква-таква рамнотежа. Тие не сфаќаат дека на крај тоа ќе им се врати како бумеранг на нив самите. Но, никаде не е возможно да се добие нешто со уништување и бунт. Ти сакаш да градиш, но како уништувањето на излозите и нередите можат да му помогнат на градењето? Со тоа ништо нема да се постигне, уште повеќе и тоа што оние кои протестираат не предлагаат никакво решение.
За да се најде решение потребно е да се соберат луѓе кои се занимаваат со политика, економија и образование, да седнат заедно на една маса и да направат програма за промени. Или донеси своја програма, но конкретна и детална! Ние денес ги проверуваме програмите и гледаме дека тие не можат да бидат реализирани никаде. Едноставно нема таква можност! Причината за тоа е што денешниот свет почна да дејствува во интегрална форма, како систем поврзан меѓусебно. А сите ние се обидуваме да работиме по старите програми кои постоеја до затворањето на светот во интегрален систем. Затоа ниедна држава денес не е во состојба да управува со својот имот, а и сите држави заедно не можат да се справат со тоа. Никој не може ништо, ниедна држава или влада.
Затоа не постои друго решение, освен приближувањето кон Природата. Ние треба да се однесуваме исто како неа и да станеме интегрални и поврзани со сите останати и околната средина во еден систем. Сè до тогаш нема да имаме ни чувство ни разум за градење на утрешниот ден.
Прашањето сега е колку ќе треба да страдаме за да го сфатиме тоа. Колку удари ќе треба да истрпиме за да посакаме да чуеме!
Поколение кое не го чувствува утрешниот денСпоред статистиката, основната маса на демонстранти кои учествуваа во протестот во Тел-Авив, а и самите негови организатори припаѓаат во средните и високите слоеви на општеството. Постојат специјални истраги од какви слоеви на општеството се составени овие демонстрации и по колку проценти. Истото сега се случува и во Лондон.
Ние мислиме дека луѓето излегуваат на улиците и прават нереди заради тоа што немаат ништо. Проблемот не е во тоа. Од што се испровоцираа и се кренаа на бунт? Затоа што новото поколение не чувствува дека во иднина го чека нешто добро. Тенденцијата е таква што ќе станува сè полошо. Всушност, во тоа е проблемот – што нема иднина! Какви се моите проблеми како стан, семејство, деца, ако за мене не постои утре?
Тоа е целосен очај, таква депресија што човекот не сфаќа зошто да живее. Ако падне во таква состојба, тој е спремен да направи сè што е потребно само да ја уништи таа внатрешна тага, тоа чувство.
Затоа излегуваат на улиците и креваат бунтови, дури и оние кои припаѓаат на највисоките слоеви.
Тој внатрешен очај ги прави да се свртат на другата страна иако ни тие самите не сфаќаат што се случува со нив. Тие го објаснуваат ова со илјадници други причини, со барање на правда во општеството, како таа навистина да им е потребна. Тие и не знаат што е тоа – затоа што при правичен пристап на нив ќе им биде полошо отколку што им е денес. Тие не бараат справедливост.
Значи, ако се разгледаат сериозно внатрешните причини, од аспект на желбата за насладување, која ние ја истражуваме по целата нејзина длабочина, тогаш причината за протестите е тоа што нема иднина! Такво чувство царува низ целиот свет.
И тука нема што да се прави, ако Светлината не им даде надеж за иднината. А таа може да дојде само од еден извор – од науката кабала.
Со Светлината напред – позади кризатаСветот секој ден тоне во сè поголема темница и немоќ, во целосно губење на надежта за иднината и безизлезност, во уште поголемо несфаќање што и како понатаму да се работи. Може да се зборува и за збунување на еден со друг, може да се извадат милиони луѓе на улиците за да кршат излози и да палат, но што понатаму? Нема одговор! Дури ни полицијата нема сила да оди против демонстрантите, а ни владите. До таа мера сè паѓа толку ниско и тоне во очај.
Владата се занимава само со меѓусебно разбирање и се бори за фотелја, таа не е загрижена за народот и сосема е однародена. Ова не се случува во некоја одделна држава, туку по целиот свет – до таква состојба сме дојдени. Не останаа силни луѓе кои ќе го привлечат народот кон себе преку својата личност. Такво е лицето на нашето поколение, како што рекле пророците: „лице на поколение со кучешка насмевка". Тие нема да можат ништо да сторат, затоа што владата нема ни сили, ни пари за да го решат проблемот.
Единствениот излез е да се најде едноставен и разбирлив јазик, духовен приод да им се објасни на луѓето што се случува со светот. Тие да сфатат дека тука постои едно решение кое сè уште им се чини неприфатливо затоа што се наоѓаат на страната на глобализацијата и интегралноста, на страната на кризата. Ние живееме во кризата!
Треба да се издигнеме над неа и тогаш да погледнеме. Сè уште не знаеме како и колку можеме да го направиме тоа, но тоа е нашата обврска. Да се надеваме на успех. Јас многу посакувам целиот свет да се движи по добриот пат, затоа сум револтиран од оние кои ја подгреваат ситуацијата и го предизвикуваат народот. Со тоа не се постигнува ништо, тоа е исто како да се запали оган и да се распали пожарот. Тука не се гледа обраќање кон чувствата и разумот, спремност за дијалог и преговори – само стремеж да се уништи сè. Ако силата е насочена единствено кон уништување без план потоа да се изгради новото, таа сила е уништувачка и таа треба да биде уништена во прв ред.
Пред сè, треба да се предложи решение. А едноставното викање за нешто за што нема ни средства ни програма е детско однесување. Се добиваат обични студентски немири. Ако бараш сериозно решение, треба да се седне на маса за расправа заедно со економисти, луѓе кои ја разбираат ситуацијата.
Ако сакаш да влијаеш на нешто, потребно е вклучување во политика, во оние кои работат во системот. Ти не можеш сега одново да почнеш да градиш сè што создавало човештвото во текот на илјадници години.
Зарем ти си најпаметен? Се разбира дека тоа не доаѓа од некој голем ум, туку од губењето на чувството за иднината. За прв пат во историјата имаме генерација која не го чувствува утрешниот ден. Нема програма. А такво нешто до сега немало! Секогаш имало револуции, но луѓето во нив сакале да постигнат одредена цел и мислеле дека на тој начин ќе дојдат до подобар живот.
Овде се бунтуваат луѓе кои немаат за тоа некоја материјална причина, туку само темница пред нив. Во тоа е целиот проблем. Немаат желба да се женат, да добијат деца, да додадат нешто во нивниот живот. Мислат дека тоа не им носи исполнување. Тогаш им останува само бунтот и наркотиците. И тоа е разбирливо бидејќи човекот оди кон тоа од очај.
Затоа, додека не се дојде до решение, така и ќе продолжи низ целиот свет. Но сега луѓето, во крајна линија, сфаќаат дека кабалистите не зборуваат попусто.
На сите луѓе во кругот на семејствотоИзраел е опфатен од социјален протест и ако се зборува во целина, нам ни е потребна гаранција, општо обединување. Што значи тоа? Значи дека целата држава гледа како нејзините претставници седнуваат заедно на округла маса и создаваат заеднички форум. Нам всушност ни е потребна округла маса за да се решат проблемите како што се решаваат во семејството. Пронаоѓаме некој кој страда највеќе од сите и почнуваме да му помагаме.
Потоа преминуваме кон следниот по ред, правиме пресметки, бараме можности за да компензираме, да ја урамнотежиме ситуацијата... Решаваме сè во кругот на семејството без насилни судири и конфронтации. Своите заеднички барања ги доставуваме на владата како услови.
Еве што ни треба: невладин форум во кој ќе учествуваат наши специјалисти – економисти, социолози, адвокати итн. Нам ни се потребни експерти кои добро ги познаваат законите и професионалите задачи.
Инаку, ќе треба сè да почнеме од нула, а човештвото во својот развој веќе има поминато неколку илјади години и во општеството се формирани меѓусебни врски кои е невозможно да се игнорираат. Затоа, со помош на специјалисти сите ние, целиот народ ќе ја прикажеме целата општа слика и ќе пристапиме кон решение на проблемите.
Без викање и скандали, однапред поставувајќи го единството на врвот и постојано стремејќи се кон него.
Без отпорПрашање: Како да им се објасни користа од обединувањето на луѓето? Што ќе постигнат со него?
Благодарение на обединувањето ќе постигнеш рамнотежа со Природата и тогаш ништо нема да ти недостига. Нашиот проблем е во тоа што секоја работа од нас бара напор, енергија. Но, ако ти си во рамнотежа со Природата, во согласност со неа, тогаш речиси и нема да даваш напори. Ти дејствуваш како вечен мотор, практично без гориво, без напор, без отпор. Денес сите твои дејствија се предизвикани од тоа што си спротивен на Природата.
Претстави си обратна ситуација: каде и да тргнеш, сите се спремни целосно да ти помогнат, а и ти на нив. Сè станува неизмерно полесно, трошиш многу помалку енергија, материјал и време, имаш многу помалку проблеми. И така кај секого. Рамнотежата го намалува отпорот – стапуваш во таква врска која обезбедува слободно движење од еден до друг.
Ова се однесува на производство на што и да било, и на сè што добиваш од природата. Насекаде се појавува изобилие, затоа што во секој елемент ни се открива внатрешна светлина, дополнителна енергија.
Своевремено шпионите испратени во земјата на Израел после четириесет години талкање во пустината раскажувале за нејзините огромни плодови. Токму на тоа мислеле. Да, тоа е тешко, но друг излез нема. Ако сакаш да добиеш добро за целата заедница, треба да ја поништиш, да ја ликвидираш нашата спротивност на Природата.
Од утринската лекција - 12.08.2011 Следете на
Каб.тв