Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Постои ли поврзаност на телото и душата

 

01.08.2010

Прашање: Поврзана ли е душата на човекот со неговото тело, како духовниот корен со неговата гранка?

Душата не е поврзана со телото. Во душата постојат 613 желби, кои јас морам да ги исправам со помош на 613 светлини. Тие желби никако не се поврзани со нашиот свет, тие не постојат во обичниот човек. Тие се појавуваат само во тие што ја изучуваат Кабала, со намера да се создаде врска помеѓу тие што ја изучуваат, врз база на давање и љубов. Т.е. да се исправи разбивањето на едната душа Адам на делови, посебни души. Во тие што не ја изучуваат Кабала такви расипани желби, взаемна омраза не никнуваат, тие нема што да исправуваат.

Тоа исправување се одвива во две фази:

1. да не се искористат 613 желби – се нарекува исполнување на "613 совети на Тора" (ејтин),
2. примањето во 613 желби поради давање – се нарекува исполнување на "613 инструкции на Тора"(пкудин).

Желбите, кои беа расипани, егоистички, со намера "поради себе", а потоа исправени, и сега тие со намера да ги искористат нив "поради другите" – го поминаа исполнувањето на заповедите – тоа, што заповедал Создателот "да се исправат нашите души". Тоа духовно дејство не зависи од физичкото тело. Човекот може да нема раце и нозе, или дури цело тело, но тој ќе може да ги исполнува овие дејства. Исправувањето на желбите никако не е поврзано со физичкото тело, престојувањето во духовниот свет не е поврзано со овој свет, бидејки се` се чувствува внатре во желбата. Материјата – тоа е желбата.

Чувството во најниската желба ни ја создава нам сликата на нашиот свет – реалноста, во која ние живееме. Тоа најниското ниво "овој свет", не е можно да се исправи – тоа е неживо скалило, кое не подлежи на исправување. Но, освен неживото ниво на желбата "овој свет", мене ми се дава малечка желба од следното скалило, "точка" од повиското ниво, кое никако не е поврзано со материјалното. Таа желба се нарекува "точка", затоа што јас во неа чувствувам само стремеж кон нешто надвор од овој свет.

И јас можам да го развијам, привлекувајки ја светлината, која ќе ја соедини со точките на другите луѓе, поинаку речено, ќе ја соедини мојата душа со другите души. Во создаденото соединение јас ќе почнам да го чувствувам духовниот свет. Кога на точката и се присоединуваат уште точки – се создава систем, светлината го оживува него, и сите учесници го чувствуваат животот!

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica