Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Потпри се на тоа што ќе ти го каже срцето

 

13.06.2010


Прашање: Како можеме да се убедиме дека твојот нов учител на Кабала – е вистински кабалист, ако треба да се оди со вера над знаењето?

А како можеш ти, споредбено со твоето знаење да провериш, на која висина се наоѓа тој, дали е кабалист или не е? Кој си ти, да можеш тоа да го провериш? Со какви инструменти, тестирања тоа ќе го проценуваш? Можеби според тоа како тој ја познава теоријата и Учењето на Десетте Сфироти? Но сите го помнат расказот на Бааал ХаСулам за "кабалистите", кои тој ги сретнал, пристигнувајки во Ерусалим.

Тие одлично ги познаваа сите дела на Ари и целата Книга Зохар напамет. Ако им се кажеше почетокот на некоја реченица, тие можеа да продолжат до крајот на статијата. Но зарем тоа докажува дека биле кабалисти и го поседувале духовното постигнување? Тоа е само како компјутер со добра меморија. Како пак ти ќе проверуваш, ако немаш за тоа никакви инструменти! Ако не по теоретското познавање и умешноста убаво за него да се зборува, - тогаш воопшто не постојат критериуми.

Сепак духовното се наоѓа во таквите особини, кои ти ги немаш, и не постои можност да се провери дали тие особини ги поседува другиот. Освен тоа, кабалистот може да се крие себе си. Дури меѓу двајца кабалисти едниот може така да се скрие, што вториот нема да го разбере и осети. Затоа ние немаме никаква можност да го провериме човекот- освен со срцето.

Ти мораш да го откриеш за себе своето срце, за да не бидеш лицемерен кон себе во ништо, и тогаш да провериш: дали си готов да одиш по тој човек, не жалејки за ништо и без присила, без секакви сомневања. Иако сосема е можно да постојат такви работи со кои ти не се согласуваш – но ти одиш да ги провериш. Можеби тебе не ти се допаѓа како тој обучува, или како изгледа надворешно, но ти си подготвен да провериш по какви принципи тој се раководи и зошто тоа го прави. Ти самиот мораш тоа да го провериш, никој не може тебе да ти каже.

Зошто, кому можеш да му веруваш? Тоа е едно исто: да му се верува на тој човек, или на некој, кој за него зборува. На чиј збор ти можеш да се потпреш? Да се потпреш на некого, тоа значи да се поверува со вера над знаењето, дека тој се наоѓа во духовното, и знае за што зборува. Затоа, само срцето може да му поткаже на човекот. Речено е, дека "Човекот се обучува само таму, каде го влече срцето".


Но треба навистина да се дознае што сака твоето срце, и да не се потпаѓа под влијание на никакви туѓи мислења. Потпри се на својот избор...

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica