Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Потрага по светлината

 

26.04.2010

Јас го откривам својот свет, а ти - својот. Ти се однесуваш кон својот свет себично, но кога јас погледнувам и се "облекувам" за него - тоа за мене е духовен свет. Така помеѓу мене и тебе се јавува завист. Ако ја претворам оваа завист во љубов, тогаш јас го откривам твојот свет и го гледам во форма на духовен свет.

На тој начин го гледам духовното, а не материјалното, бидејќи сум излегол надвор од себеси, од своите келими, во твоите. Наместо да чувствувам сé во себеси, јас ги чувствувам доброто и лошото заедно со тебе. Таквата вежба во нашиот свет е животно важна и потребно. Со нејзина помош можам да излезам на површината и да го почувствувам Создателот.

Речено е: "Во својот народ се наоѓам". Мојот народ - тој е надвор од мене; таму во желбите на ближниот.Откривам дека сум ги исполнил како свои, и таму го откривам Создателот. Ако побараме да го сториме ова со помош на знаењето и групата, тоа ќе се случи. Должни сме да достигнеме таква желба, почетна желба, што вишата светлина ја изградила во нас.

Тука ништо не можеме да направиме. Во мене нема ништо, освен можност да ја примам светлината што нé враќа кон изворот. Каде се наоѓа таа? Таа се наоѓа точно во истите ближни. Се разбира, таа не се наоѓа во нив, како во примерот со рав Јоси Бен Кисма, не се наоѓа буквално во нив самите.

Моите другари се слични на мене, а можеби и поелементарни од мене самиот, но светлината се наоѓа во нив, и јас ја откривам само ако се однесувам кон нив, како кон себеси. Тогаш ја наоѓам оваа светлина во нив, но тие самите не го чувствуваат тоа. Ја откривам само поради мојот однос кон нив.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica