07.12.2010
Прашање: Ако замислата на Создателот е да се доведе човекот до целта на Создавањето,каква добивка имал Тој од случувањата во минатиот месец во Израел? Кој е нивниот резултат?
Не мислам да проверувам, колку се променил народот. Ние функционираме според оската на времето: постоела состојба пред пожарот, потоа се запалил оганот, кој однел човечки животи и ги уништил шумите, а кога се изгаснал, заврнал дожд. Што се променило за тоа време?
Ти си почнал да се запрашуваш: "Зошто овој дожд заврнал следниот ден, откога пожарот бил изгасен? Тоа е како потсмев...За време на пожарот ние толку чекавме дожд, така молевме за него – и никаков одговор. А кога веќе немавме потреба од него, заврнал пороен дожд и направил само штета. Ние добивме двапати удар.
Тоа точно одговара на напишаното во Тора: ако Израел не се достојни, тогаш дождовите врнат кога не треба и таму каде што не треба. Тоа е закон на природата.
Горе се наоѓа Светлината, а долу – желбата, која треба да ја достигне сличноста со Светлината. Светлината постојано влијае врз желбата, и желбата цело време се менува. Создателот има само една едноставна пресметка: двете состојби - почетната и крајната мора да бидат како една. Врз основа на тоа Тој дејствува. На ист начин, како што Светлината ги создала четирите фази на ширењето на Директната Светлина, таа продолжува во нив да развива сè. Создателот нема повратни реакции, тоа е закон, Природа.
Што бараш ти од Него?...Зар ќе се доближиш до вулканот и ќе молиш: "Биди другар, застани за неколку минути, јас сакам таму да поминам!"?...
Зошто тогаш мислиш дека Создателот ќе ти одговори на твоите молби?
Во таков случај ти се поклонуваш пред идол. Мислиш за Него како за среќна ѕвезда – небаре со нејзина помош ќе можеш да си ја промениш судбината. Но ти можеш само малку да ја дознаеш иднината, а да ја промениш – не е во твојата моќ.
Човек со добро развиен "вкус"
Идолопоклонство е да се мисли, дека може Создателот да се промени. Речено е: "Јас своето пројавување не Сум го менувал". Создателот изградил непроменлив систем на закони, "Вишата Светлина се наоѓа во апсолутно мирување".
Желбата исто така е создадена таква – само што таа се развива со Светлината – и се повеќе се открива себеси, споредувајќи се со Светлината. Светлината, дејствувајќи на желбата, влегува во неа и поминува низ сите нејзини слоеви: 0-1-2-3. И кога го достигнува 4-то ниво (бина далет) – само тогаш кај нас се појавува слободниот избор, кој се состои само во тоа, да се промени нашиот однос.
Меѓутоа, менувајќи го нашиот однос, ние го менуваме нашето чувствување. Ако ти посакуваш да Го разбереш, и да станеш ист како Него, тогаш ќе го почувствуваш доброто.
Баал ХаСулам пишува во "Предговорот кон ТЕС", дека нашиот проблем е само во тоа, дека ние не го разбираме вишото управување.
Ние се залагаме против Природа / Создателот - и на кого можеме да се жалиме? Во целата наша претходна историја, ние се развивавме по скалилата 0-1-2-3, како и сето неживо, растително и животинско, принудени да се развиваме несвесно под притисокот на страдањата или привлечноста на насладувањата.
Но кога го достигнуваме 4-то ниво – треба да се запознаеме со овој процес и од него да го дознаеме Него, кој ги извршува сите дејства. Односно треба да се запознаеме со Неговата работа, да разбереме, што Тој прави, да се претвориме во даватели – исти како што е Тој.
Тогаш "според Неговите дејства Го дознаваме Него", препознавајќи Го, почнуваме да Го оправдуваме, и стануваме исти како што е Тој, т.е. се искачуваме до неговото ниво. И сето тоа поради намерата. Тоа не е едноставно однос – благодарение на него ние го препознаваме Создателот и ги чувствуваме во себе Неговите дејства во вистински облик.
Кога јас се кревам над својот егоизам, правам скратување, екран и Одразена Светлина – јас станувам сличен на Светлината! Односно почнувам да го разбирам Неговиот вистински однос кон мене.
Во Светлината навлезена во мене јас ги чувствувам "вкусовите" (таамим) – односот на Создателот спрема мене: што бара Тој од мене, каков е Неговиот однос кон мене. Јас го препознавам Изворот, од кој до мене доаѓа сè, и благодарение на тоа се залепувам до него. Почнувам да живеам не со своите желби – туку со Неговите.