Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Почнете да живеете во духовното

03.03.2011
Движејќи се по духовниот пат и минувајќи низ различни состојби, ние како бебиња, не знаеме како да напредуваме и што се случува со нас, збунети сме. Ова се гледа кај малите деца - тие се подготвени да прифатат сè што им велите, бидејќи од каде би можеле да ја знаат вистината? Тие се целосно под ваша моќ.

Во духовниот свет ние минуваме во истиот "ембрионски" период. Тогаш што ни останува да направиме? Откако ќе вложиме огромни напори да се разбере нешто преку разумот и вистинската организација на нашата работа, како во секоја наука, ние треба да разбереме дека во кабалата научникот е човек, кој развива духовни својства за перцепција кон овој свет, од кој започнува истражувањето.

Затоа, кога пристапуваме кон учењето, ние треба да мислиме на Светлината, која нè поправа. Тоа ќе ни овозможи да проникнеме во чувствата, а потоа и во разбирањето на световите кои ни се откриваат. Прво чувствуваме, а потоа го разбираме почувствуваното.

Ова е видливо кај бебињата: прво, тие чувствуваат само "добро" или "лошо" и ништо друго. Потоа тие почнуваат да разбираат од што зависат, како да се доближат до доброто и да го избегнат злото и.т.н

Прво се раѓаат чувства, а чувствата се дефинитивно - полнење на желбата. Но, за да биде полна, желбата треба да се измени под дејство на Светлината, минувајќи од добивање на давање, и во зависност од тоа, тогаш ќе почне да се чувствува духовно полнење, полнење од својство давање, полнење преку давање.

Затоа ни е забрането да жалиме дека не го разбираме ниту материјалот што го изучуваме, ниту патиштата на нашата работа. Човек кој мисли дека сè разбира, нешто не е во ред со него. Човек, кој е горд на тоа што знае, се разбира, смета, ја напушта наставата полн со енергија, разбирање и горделивост, мора да сфати колку е тој понизен во оваа состојба, бидејќи во неговото срце нема молитва, барање или никакво движење.

Токму кога човек се соочува со недостаток на полнење, чувство на својата незначителност, целосно неразбиране, чувство и збунетост кога се наоѓа во полна магла и не разбира што се случува со него, тогаш тој се наоѓа во најдобра состојба, во која да му влијае Вишата Светлина. Нема многу такви момент. На почетокот не ги сакаме многу, но потоа почнуваме да ги цениме.

Затоа што треба да подготвиме пред наставата? Желбата за промена. Менувајќи ги нашите чувства, ние ќе разбереме каде сме и што се случува. Но, прво треба да почувствуваме и да бидеме на духовниот пат, односно да живееме во дејството на давање.

Од утринската лекција по книгата "Предговор кон Зохар". 03.03.2011  на Каб.тв од 02:00 - 05:00 (македонско време)

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica