24.04.2011
Кога читаш кабалистичка статија, потребно е правилно да се поставиш за нејзина перцепција. Во науката кабала никогаш ништо не зборува за овој свет.
Во овој свет ние не постоиме, ова е имагинарен свет, тој воопшто не се вбројува и впишува во целиот систем на светови. Тој едноставно не постои! Затоа кабалата воопшто не говори за овој свет, за физичкото тело на човекот, за присуство на географски места: на земјата на Израел, пустината Синај, во Египет или Вавилон.
Станува збор само на внатрешни состојби низ кои поминува човекот, за кои се стреми да достигне поправка и цел на делата. Ако човекот има точка во срцето и се насочува кон целта на делата, тогаш по патот кон таа цел тој поминува низ секакви состојби.
Всушност, за тие состојби и нивоа и раскажува науката кабала и сите кабалистички книги: Тора, Талмуд, Учењето (Талмуд) на Десетте Сфирот, Мишна итн. Сите духовни, Свети книги зборуваат само за „Светоста", односно за достигнувањата на својството давање, кое се нарекува Светост.
Затоа, читајќи ги овие статии, потребно е во полност оттргнување од сите наши познати материјални слики и прикази. Да си ги претставиме само духовните нивоа – нивоата за приближување кон својството на давање, повеќе или помалку. Само за тоа се говори.
Станува збор за желбата произлезена од Создателот, за нејзината состојба во секој од нас и за искуството кое го добиваме одејќи по патеката, доколку од таа состојба, во која се наоѓаме сега почнеме да се стремиме кон својството на давање, кон љубовта кон ближниот, својства кои се нарекуваат „Светост".
Само тој што бил во прогон ќе заслужи ослободување
Човештвото се дели на луѓе кои чувствуваат дека треба да ја достигнат целта во животот и оние кои тоа не го чувствуваат. Тие, кои не чувствуваат стремеж кон духовното се делат на две групи:
1) луѓе чиј живот воопшто не е поврзан со духовното - како што живее скоро цел свет,
2) луѓе кои се поврзани со духовното, но лажно, односно луѓе кои мислат дека со помош на материјални дејствија е можно да се достигне духовна награда во некаков „иден" свет.
Таквиот приод се нарекува религиозен – човек не се чувствува „во прогон" од духовниот свет. Тој мисли: каков може да биде тој прогон, ако јас се наоѓам на материјалната земја на Израел, ги исполнувам сите физички заповеди и очекувам да добијам награда за тоа – што е потребно повеќе? Затоа таков човек повеќе ништо не му треба.
Но има луѓе кои сакаат да ја достигнат вистинската цел, сметаат дека се наоѓаат во прогонство и затоа мечтаат да излезат од него. И колку повеќе напори вложуваат за достигнување на таа цел; својството за давање и љубов кон ближниот, толку појасно чувствуваат дека не се способни за тоа, немаат ни сила ни мотивација.
Тогаш сфаќаат дека никој не може да им помогне, нема такви сили во нашата природа кои би можеле да го направат тоа. Така тие продолжуваат и продолжуваат да војуваат против тој прогон, против силата која ги држи во ропство – против Фараонот, власта спротивна на Создателот.
Сè така, сè додека не вложат толку напор за да им стане сосема јасно дека никогаш нема да се изборат со свои сили, а единствен кој може да им помогне е Создателот. Тие две вистини, до кои се доаѓа во прогонство им помагаат да се разбуди силата на ослободувањето – откривањето на Создателот, благодарејќи на Кого тие ќе излезат од егоистичката природа и ќе добијат природа на давање.
Тие луѓе кои ќе го преживеат прогонството, нив ги очекува и ослободување. А сите останати, кои не чувствуваат ни прогонство, ни потреба за ослободување, така и ќе си останат со својата состојба. Нивната улога се состои во тоа, да ги збунуваат оние кои го чувствуваат своето прогонство и на секој можен начин да им пречат во работата. Тие луѓе се нарекуваат „многуброен џган" (ерев рав), оние кои ги држат во прогон тие што сакаат да се пробијат кон давање.
Вистинска молитва може да се роди само кај оној, кој има вистинска желба која почнува од точката во срцето. А таа точка или ја имаш, или ја немаш, и тука нема што да се прави.
Но, ако човек има точка во срцето, стремеж кон духовното и тој ја развива за сметка на правилното опкружување или низ својот стремеж кон соединување. Тој се чувствува себеси „во прогон" и ако продолжи правилно да работи, тој ќе излезе од тој прогон, благодарејќи на вистинската молитва, на добивањето на вистинската желба.
Нема ништо освен желбата и намерата. Оној кој сака во себе да развие намера кон желбата се нарекува „Израел" (директно кон Создателот), а оној кој не се занимава со намерата – се однесува кон „народите од светот".
Од работната книшка на кабалистот: работно место – желбата
Во развојот на намерата има многу нивоа и разни состојби, предходно предодредени, согласно информационите гени (решимот); кои се откриваат во секого од нас: силите на желбата, коренот на неговата душа.
Важно е да се направи свое место за работа, ослободувајќи се од сите материјални слики, од сите фантазии. Сето тоа е измислено и всушност не постои. Треба да се зборува само за желбите и нејзините степени, нивоа внатре во таа желба. Желбата, тоа е „место", а внатре во тоа место има разни области, сфаќања. Токму за нив се зборува во кабалата.
Желбата со сите свои составни делови поминува низ секакви состојби, за кои пишуваат кабалистите во своите книги. Значи тие ја разјаснија својата желба, почнувајќи од нејзините најмали и најтенки нивоа, па сè до најсилните и најгрубите, движејќи се од личното кон заедничкото и ни раскажаа за неа. Тие ја раздробија таа желба на нивоа и светови, парцуфи и сфироти, стадиуми на растот: раѓање, исхранување, возрасна состојба (ибур-еника-мохин), три линии (стадиуми на работа со желбата, кога активно работат со еден нејзин дел, а од друг дел кратат) итн.
Ни раскажуваат како да почнеме свесно да работиме со разни делови од својата желба, остварувајќи го нејзиното поправање и достигнувајќи ја поставената цел за да се земе таа желба под своја контрола и над целата да се постави намера за давање. Освен за тоа, нема за што друго да се раскажува. Значи, сè друго, освен работата со намерата над желбата, е природно и е предодредено од претходно.
Нам само ни се чини дека можеме нешто да направиме и измениме. Затоа во кабалистичките книги нема ни збор кој излегува надвор од пределите на духовниот свет и исправањето на егоизмот. Зошто да се зборува за тоа што не зависи од мене.
Освен внатрешните состојби кои ги поминуваме благодарение на своите напори, целиот останат живот е едноставно имагинарен. Кога ќе го видиме на врвот на Светлината и ќе ги исфилтрираме сите луѓе кои нешто прават и некаде трчаат, ќе видиме дека тие всушност не постојат.
Како што е кажано: „Јас дојдов, но немаше ниеден човек"... Затоа светите книги пишуваат само за намерите кои ја исправаат желбата од лошо на добро, од егоизам во давање.
Од утринската лекција - 24.04.2011 (архива) на Каб.тв ...следете