Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Празник на дарување на Тора

 

17.05.2010

Не постои поголем празник од празникот на примање на Тора. Кога Тора не би постоела, ќе ни преостанеше само да постоиме и живееме во овој свет се „додека се врти Земјата". Но ние сме добиле можност да ја искористиме вишата сила, и со нејзина помош да излеземе во повисока димензија. Да го продолжиме нашето постоење, живот во духовната димензија. Од тој свет, таа реалност која што ние сега ја чувствуваме, можеме полека без потреси да преминеме во нова состојба, во друг свет, во димензија која никако не е поврзана со планетата Земја и оваа вселена.


Ние можеме да откриеме дека постоиме во вечен совршен облик полн со хармонија, без ограничувањата на материјалниот свет. Со помош на вишата сила ќе ни се отвори ходник, преод од нашиот свет на овој неисполнет живот-кон совршено постоење.


Средството за преод од нашата димензија во повисока се вика „Тора"-посебна сила која постепено не менува и не прилагодува кон новата состојба-и соодветно на големината на нашата промена, ние во неа полека преминуваме. Додека сите мои „овоземни" т.е. егоистични особини не се променат и станат духовни, алтруистички. На човекот му се дава можност за преод кон вечно и совршено постоење. Затоа добивањето на таа можност е најважен настан во нашиот живот, навистина празник!

Подготовка за примање на Тора – светлина на исправувањето

Тора-е силата на исправувањето, таа не менува за да станеме слични на Создателот. Постанувајки слични на Создателот,ние се нарекуваме Адам, а секој од нас се нарекува Бен-Адам (син,човек)- негов дел.Адам во превод значи сличен(на хебрејски: едаме) на Создателот. Значи ,,човек"- тоа не се милијардите што постојат во нашиот свет,туку тој, кој ја достигнал сличноста со Создателот.


Осознавајки ја можноста да се исправиме себе си и да станеме слични на Создателот,ние, идните ,,човеци" го празнуваме подарувањето на Тора-средството за постигнување на сличност со Создателот! Но за да се употреби, искористи Тора како средство за наше подигнување на ниво на Создателот, неопходно е да се има соодветна желба.

Ние сме преокупирани со ,,овоземни" грижи – а како ли да се загрижиме , да се зафатиме со стремежот кон духовното, кон искачување до следната димензија? Токму тоа е вклучено во подготовката кон примањето на Тора.


Напишано е, дека Создателот ни ја подарува Тора секојдневно.Тоа средство секогаш е подготвено за употреба и зависи само од мојата желба. Затоа најпрво во мене треба да се култивира, воспита желбата да се издигнам од своето животинско ниво кон влезот во нов свет, во духовното. Ако кај мене нема да постои таква желба, тогаш ќе живеам како животно и нема да го забележам тоа средство, затоа што не чувствувам никаква потреба за тоа, не посакувајки и не разбирајки ништо што излегува надвор од рамките на овој свет. Или пак јас веќе напредувам кон духовното, но се уште немам доволно голема желба за да можам со помош на тоа средство да преминам во повисока димензија, и морам да се подготвам за примањето на Тора.

Само во случај ако сум го открил во себе почетното зло и разбрав што треба да исправам за да го достигнам Создателот- давањето и љубовта, само тогаш сум подготвен за примање на тоа средство, кое се нарекува Тора. Ако пак јас не го согледувам својот егоизам и не сум подготвен да се исправам,тогаш ја немам Тора. Јас не ја примам и не ја користам. Да се изучува Тора- значи да се извлекува од неа светлина која не враќа кон изворот. Треба да се стремам кон неа и да посакувам да ме исправи! Треба да ја отворам книгата така, како од неа да го добивам лекот без кој сум осуден на смрт!


Колку ли луѓе во нашиот свет така ја изучуваат Тора........

Како да се избегнат страдањата?

Анализирајки ги своите желби потребно ни е да навлеземе во нив толку длабоко за да разбереме дека тие, заедно со нивните егоистични намери, произлегуваат од Создателот. Потребно е да се постигне најдлабоко осознавање на желбата и од нејзиниот корен да разбереме од каде таа желба потекнува. И кога ќе откриеме дека самата желба, и нејзината егоистична намера, ни е пратена од Создателот, тогаш ќе разбереме дека немаме друг избор и нема кому да се обратиме со молба за промена на таа желба, освен кон Создателот!

Поинаку човекот не чувствува потреба за Тора, не вика и не се обраќа кон Создателот. Тој се уште не се чувствува себе си како суштество, со кој управува виша сила кон која може да се обрати. Нашиот почетен егоизам е токлму тој ангел кој не доближува кон Создателот. Ние доживуваме удари во животот и конечно заклучуваме дека постои причина за тоа, ни ги праќа некој кој е над нас. Можеме да стигнеме до тој заклучок по цена на секакви страдања, но можеме да го постигнеме со помош на учење, на правилно опкружување и духовен развиток.

,,Мудриот ја согледува иднината", состојбата што допрва ќе настане уште пред да ја достигне, и може да ја промени. Физичките страдања на овој свет се претвораат во страдања од љубов, којас привлекувам кон себе малку виша светлина и соодветно на неа ја чувствувам својата состојба. Тогаш почнувам да страдам поради тоа што во мене не постои љубов кон ближниот свој и љубов кон Создателот.

Токму тука се наоѓа точката на нашиот слободен избор. Важно е да се дојде до коренот на страдањето и да се сфати дека тоа ни е со намера пратено одозгора. И знак на тоа дека ја достигнавме длабочината и коренот е ако ние разбереме дека немаме избор и му се обраќаме на Создателот. Ако пак ние се уште го поврзуваме сето наше страдање со сите можни причини во овој свет и самите нас, значи дека уште не сме го допреле дното. Јас се спуштам се подлабоко во страдањето по неговите скалила(нивоа): алеф, бет, гимел (неживо, растително, животинско) и мислам дека добивам удар од природата. Но кога го достигнувам неговиот последен стадиум, бина далет, таму откривам дека изворот на страдањето е над природата, во Создателот, како негов прекорувачки прст насочен кон нас.

И тогаш го повикувам Него. Но можно ли е да се забрза и омекне тој процес? Можно е! Затоа ни е дадена Тора, да не одиме по патот на страдањата, туку по брз и лесен пат, своеволно. Јас ја основам околу себе групата а со учење одозгора ја привлекувам светлината ( например изучувајки го Зохар) и бргу го постигнувам истиот резултат. Тоа се нарекува по пат на Тора.разликата меѓу двете патишта е во илјадниците години страдања.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica