Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Прв допир со духовното

 

14.06.2010


Прашање: Каква треба да е нашата врска со текстот за време на читањето на Зохар – освен мислите за тоа дека ние заедно се обучуваме и сакаме да се исправиме?


Врската со текстот на Зохар ќе дојде подоцна, и вие ќе почнете на чувствувате каков немир таа кај вас предизвикува. Зохар го допира внатрешното срце на човекот како да е писмо, напишано од некој за тебе многу близок и драг – многу лично и интимно, ти го исполнува животот. Ти можеш да поминуваш преку различни состојби, да престојуваш во некакви мисли и дејства, но кога ти се враќаш кон Зохарот, тогаш чувствуваш дека тој те оживува – те исполнува, смирува, гали, гушка, обвиткува.


Овој текст ја изразува состојбата на душата која се наоѓа во целосно спојување со Создателот. Ако човекот го добива само почетното доживување на духовното, тој веќе разбира што тоа означува. Тој без тоа веќе не може! За него е тоа небаре лично, внатрешно послание одозгора, како "свежа вода за жедната душа". А после тоа почетно чувство – се појавуваат многу посложени и побогати доживувања, кои прераснуваат во цела драма. Но најпрвин е неопходен првиот контакт, за тоа на човекот му се потребни неколку години сериозна работа. Ако тоа го прават сите заедно, и навистина посакуваат, помагајки еден на друг и обврзувајки – тогаш тоа ќе одземе помалку време.

Нам ни е потребно да влеземе во допир со духовното – дури не првото стопување, но некакво негово претчувство, доживување што се крева над границите на сета обична реалност. Се навидум останува исто, но над сето постои состојба, почнувајки од која па понатаму човекот се соединува со Зохар.


Да се најдат деловите на совршенството кои недостасуваат


На многу места од книгата Зохар ние наеднаш ќе почувствуваме колку ни недостасува текст. Во суштина, Зохар ја опишуваше целата реалност : ХАБАД-ХАГАТ-НЕХИ на заедничката душа Малхут од светот на Бесконечноста, затоа што претставува коментар на сето Петокнижие  (Тора, Пророци и Писанија).

Но првичниот текст беше скриен од нас, и од него останал само мал дел. Изгледа дека повеќе и не ни е потребно за нашето исправување. А сите останати делови на Зохар, кои што не се однесуваат на нашето тековно исправување, најверојатно се однесуваат на останатите делови од системот, кои се исправиле пред нас. Затоа во текстот се осеќаат некакви пропусти и недоречености.

Иако ние тоа се уште скоро да не го забележуваме, подоцна ќе го забележуваме се повеќе и повеќе. Но исто така ќе забележиме колку тие пропусти некој пат се корисни.
Затоа што душата која се стреми кон исправување – го бара совршенството. И тие делови што недостасуваат, кои што таа ги осеќа, како да ја покануваат да се залепи кон исправените души, кои ги исправиле деловите на Зохар што не стигнале до нас. Токму затоа ние сега ги немаме. Од тоа мораме да разбереме, дека се наоѓаме во жив систем на души, каде што едните делови меѓусебно се надополнуваатсо другите. И деловите што недостасуваат, не привлекуваат нас да им се придружиме да тие души, во кои се затворени овие откритија што недостасуваат. Ако ние се соединиме со нив, тогаш ќе ги исполниме сите души.


Кај кого се крие мојата душа?


Прашање: Зошто е толку тешко да се исполни условот:"купи си другар", - навидум тоа би му одговарало на нашиот егоизам?


Ти "ги купуваш" пријателите со тоа што се преклонуваш себе си пред нив, и го правиш тоа што од тебе го бараат. Тоа се нарекува "плаќање" – а не горделиво да се влезе во продавница со купче пари и да се избере кој да се купи. Ти го купуваш пријателот со тоа, што правиш се што му е неопходно, ти му служиш. Ти го купуваш не "одозгора", туку "одоздола" – ти си подготвен да направиш за него се, како да тој нема потреба од тебе.


Со други зборови, ти се преклонуваш пред него и прашуваш:" Што да направам за тебе, за да станеш мој пријател? Јас сум подготвен на се, само дај ми ја мојата духовна желба, мојата душа!" Ти не можеш насила да бараш да ти ја врати душата, но сепак, твојата душа е кај него! И ако сакаш да ја добиеш својата душа, треба да се вртиш околу него, барајки начин како да ти ја ослободи душата.

Само од неговиот добар однос кон тебе зависи твојот успех. Ако пак тој нема да сака добро кон тебе да се однесува – ти си готов, си пропаднал. Некогаш си се додворувал некому, за да го добиеш неговото расположение? Или пак замисли дека пред тебе е судија, кој треба да донесе пресуда за тебе, а тој е расположен против тебе, едноставно врие од бес. Како ќе се потрудиш да го промениш неговиот бес во милост кон тебе? "Човек и група" – тоа е цела кабалистичка драма...

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica