20.09.2009
Се доаѓа како резултат на напорот. Не чекај, дека нешто ќе се промени само од себе. Со своите напори кон соединувањето, ние ја привлекуваме кон себе светлината. Колку се поголеми напорите – толку посилно врз нас делува светлината, и обратно. Светлината се наоѓа во постојано мирување, и ако ние заедно се стремиме кон обединување, тогаш го принудуваме Него да не` соедини. Ние се приближуваме еден кон друг – се приближуваме до светлината. Се оддалечуваме еден од друг – се оддалечуваме од светлината. Но ниту едни напори не се губат, "паричка по паричка се собира во голем капитал". Секој пат, кога ние посакуваме да се соединиме – врз нас делува светлината, и дури ако ние се оддалечуваме еден од друг, светлината веќе извршила врз нас исправување, ништо не се губи, а ние го правиме следното. Овие процеси на "собирање" и "растегнување", се небаре влез-излез или работа на срцето. Ние се соединуваме, светлината влијае врз нас, го исправува нашето соединување – и веднаш предизвикува појавување на следното неисправено скалило. Повторно ние мораме да вложиме напори – и даваме на светлината можност да не обедини, и повторно исправувајки се, ја предизвикуваме следната неисправена состојба – се додека не ги заврши сите 125 исправувања.
Секој пат јас се искачувам над неисправената моја желба, а потоа ја влечам неа кон исправувањето. Првото скалило – мојата точка во срцето го поминува махсом, а потоа го влече кон себе, преку махсом, делот од желбата. Тој дел, над кој таа може да постои ( вербата над знаењето, Бина над Малхут). И така постепено, се додека јас не ја пренесам преку махсом по делови целата моја желба, ќе бидам над него, освојувајки ги особините на давање над примањето. Тоа е скалилото Х''Х, Бина, давање поради давање. Сите мои грешки се претвориле во заслуги, а престапите – во грешки. Сега јас преминувам во следната фаза – преку мало дупче во следната преграда, јас се пробивам во област на љубовта кон ближниот. Во почеток со својата точка во срцето, а потоа пренесувајки ги, по делови, на ова скалило, своите желби, зависно од тоа, како можам да ги искористам за љубов ( наполнување) кон ближниот, ја претворам во желба да примам поради Создателот. Ние секој пат работиме со своето его за се поголемо обединување, привлекувајки ја кон себе светлината, со својот стремеж кон сличноста на особините. Јас посакувам – а Создателот, како одговор на мојата желба, ги извршува сите дејства.
Како да се стане цар?
Прашање: Состојбите на духовниот пат се опишани, но како да се преминува од едната состојба кон другата? Каков е методот на преминувањето?
Методот е многу едноставен: ништо во реалноста не се менува, таа е една и непроменлива, се менува мојот однос кон неа, и со тоа во моите чувствувања се менува таа. Давателот е непроменлив, природата е непроменлива. Сите промени се условени со промената на однесувањето на човекот кон светот. Дури психолозите велат: не чекај, додека светот се промени, - исправувај се себеси. Вишата светлина може да ти даде нов однос кон реалноста – и ти навистина ќе се убедиш, дека се зависи од тебе. Само не ја доживувај оваа ситуација како несакана и тешка работа – напротив, со самото тоа, тебе ти даваат можност да управуваш. Бидејки, ако се зависи од тебе, а притоа постои сила, со чија помош јас можам да ги остварам реалните промени, тогаш тоа е прекрасно! Нормално, од моја страна се потребни одредени напори, но благодарение на нив, јас станувам центар на вселената! Малиот човек, кој смета, дека зависи од природата и од сите, почнува да се менува самиот – и го менува своето чувствување на реалноста. Се е во неговите раце.
Човечката реалност
Взаемната одговорност – тоа е заедничка област помеѓу нас, заеднички желби, каде што јас ги правам сите откривања. И без таква област – нема заедничка желба, постојат само посебни егоистички желби на секој од нас. Во зависност од тоа, колку јас се поништувам себеси и се вклучувам себеси внатре во таа заедничка желба, а ти се поништуваш себеси и исто се вклучуваш внатре, исто така прави и третиот, четвртиот – ние го градиме тоа заедничко место. Инаку тоа не постои! Не постои сад за примање на светлината – ние треба да го собереме, ние треба да се стремиме кон обединувањето. Се повеќе развивајки го нашето обединување – од 0 до 125 скалило, на секое скалило од обединувањето, ние чувствуваме поинаква слика, се поголемо пројавување на Создателот. Токму за тоа ни раскажуваат сите сите "свети" книги ( Тора, Зохар и др.) – за степенот на нашето соединување, кое ние го создаваме, исправувајки го злото, отргнатоста, на добро, обединувањето. Затоа цела Тора се состои од раскази за откривањето на злото и неговото исправување. Нашиот свет – тоа е чувстувачко од нас во "местото на обединувањето" негово отсутство, чувствување на изолираноста, а не на Создателот, Обединетиот.
Но и овој свет постои во истото "место" помеѓу нас – само се открива и се чувствува степенот на разбивањето на нашата врска и отсутството на Создателот. А обединувањето делува, слично на отпорник, кон кој се приклучени плусот и минусот. Внатре се крие моето его, отргнатоста од сите. А јас правам над него напор за обединување. Со тоа јас создавам отпор помеѓу отргнатоста и напорот. И колку е поголема разликата помеѓу нив – "вербата над знаењето", т.е. колку е поголем отпорот – толку поголема светлина се открива во отпорот. И во електротехниката, и во духовниот свет делува еден ист закон. Бидејки целата природа се состои од плусот и минусот, силите на давање и примање, и да се поврзат тие меѓусебно можат, само ставајки на средината отпор – било каков потрошувач. Токму тој потрошувач е Адам, кого ние го градиме – нашата душа. Затоа, од една страна, ние имаме сила на разбивањето, а од друга страна, сила на нашиот напор за создавање на соединување. Но тоа не го поништува разбивањето – ние се соединуваме токму врз него! И тогаш тоа создава област, каде светлината, која доаѓа од двете линии: плусот и минусот, може да ја изврши работата, да почне да делува. Со таа работа ние се градиме себеси – "човечката реалност"
Сонце, кое свети секогаш
Во науката кабала станува збор само за желбата. За светлината нема што посебно да се зборува. Таа е статична, престојува во апсолутно мирување, само дава, кај неа постои само една особина – давање. Ти сакаш да примиш од неа? – Делувај слично на неа. Светлината не се менува. Со својата желба ти го предизвикуваш нејзиното влијание. Таа е слична на изворот на енергија. Јас можам да му се доближам, но можам и да се оддалечам, да му пријдам од една страна или од друга. Како сонцето – под него може да се изгори, а може да се искористи за добро. Како сонцето, светлината е апсолутно постојана. Ти можеш да и се молиш, можеш да и викаш – таа нема да се промени. Сите промени – се во тебе, викаш ти или се заблагодаруваш. Согласно на твоите промени, ти добиваш различни резултати од нејзиното влијание.
Светлината не се менува. Ти откриваш постојано, неподвижно поле. Тогаш ти откриваш, во која мера, зависно од своите промени, ти ја чувствуваш различна. Но тоа ти ја чувствуваш различна, а самата таа не се менува. Светлината е - како сонцето, кое никогаш не престанува да свети. Ти можеш да ја искористиш нејзината енергија како сакаш – да загреваш/ладиш и др., а самата таа е без облик – обликот го одредуваш ти. Како и Создателот – Добриот и Творечкиот добро и на лошите и на добрите – на сите, кои ќе посакаат. Зарем и на лошите тој исто им прави добро? Да. Само што, бидејки тие се обратни (спротивни) на Создателот по особините, во зависност од степенот на својата спротивност Нему, добиваат, наместо добро, удари – и тоа им помага да го осознаат злото на егоизмот и постепено ги менува. Но подобро е да се земе упатство за користење на светлината – кабалата, и според тоа да се менуваш себеси под неа постепено, брзо и лесно.