Прашање: Што значи да почнеме „да се подготвуваме за поправка"?
Подготовен за поправка е оној, кој ја достигнал таа состојба и според своите својства и законот за сличност, кој станал способен за чувствување на некаква нова, посебна појава, кога му е јасно дека таа појава не можела да се случи по природен пат, туку само како резултат на меѓусебно дејствие помеѓу вишото и ниското. Треба да се сфати дека постои Создател и битие, кои ги разделува бездна! Меѓу нив нема никаква поврзаност. И според тоа колку, внатре во битието, ќе се појави подготвеност да се стане како Создателот, толку тој ќе го почувствува Создателот во себе.
Оваа подготвеност се дава како посебна среќа, среќна судбина, во степенот на согласност за поништување на себеси и за одобрување под услов човекот да сака да го продолжи патот, што и да се случи. Тој може да проверува да не застрани од правилниот пат и дали му одговара таа група (иако, колку ќе му одговара зависи и од самиот него), но ако не ги прекине своите напори, во него ќе се случи откривање на духовното. Меѓутоа, тој не знае од каде ќе се открие.
Никогаш со својот земски ум и срце не можеме да знаеме за идните состојби. Тие секогаш се откриваат ненадејно и во таква непредвидлива форма, што е невозможно да се очекуваат однапред, затоа што добиваме нова природа. Затоа, само оној, кој ќе продолжи во верба и упорност, тој ќе ги достигне, ако ја наведнува главата и ја цени големината на духовното.
Ти сега немаш такво чувство и разум, за да го разбереш искажаното, но ќе добиеш и чувство и разум ако одиш „како вол под јаремот и натоварено магаре". Повеќе од нас ништо не се бара! Сето останато, целиот сад го добиваме одозгора. Целата тешкотија во нашата работа е тоа што треба да работиме на едно место, а откривањето да го добиеме во друго. Не во моите денешни, егоистички желби, во земските чувства и разум, дури ни во духовните, со кои се наоѓам на некое ниво од духовната скала, јас нема да го добијам следното ниво. Ќе го добијам само ако се залепам за него и се поништам себеси, за да се претворам од голем и силен во малечка капка семе и се вклучам во Вишото ниво!
Затоа, ако прашуваш како може да се достигне откривање на духовното, одговорот е: се претвораш самиот себеси во точка... Затоа, „среќната судбина" не значи да се добие како на лотарија, туку значи она што се нарекува: „Вложи напори и најде"!
Тоа се случува во секој момент – јас вложувам напори, а „пронајдокот" се открива на сосема друго место. Тој буквално паѓа врз мене одозгора, како подарок. Тоа се нарекува „среќна судбина", која не ја очекуваш однапред. Ти можеби очекуваш нешто такво, но воопшто не во таква форма, во која го добиваш.
Од утринската лекција - 06.07.2011 Следета на Каб.Тв.