Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Претставник

07.11.2010

Оскар од Венецуела прашува: "Ако пријателите од многу земји се обединат заедно преку интернет, дали ќе делува силата, слична на таа што ќе делува на конгресот?"

Јас немам никакви сомнежи. Погледај, ние сега видовме, каде се сите наши пријатели – секој се наоѓа осамен во некое оддалечено место. Гледај:Нирнберг, Чиле, Мадрид, Леон, Богота...Види – цел свет! Тоа се многу важни сили за нас. Ние сеуште тоа не го осознаваме.Во духовното силата не доаѓа од количеството, туку од квалитетот, единството. Ако има претставници од толку многу земји, толку многу народи, различни...токму таа различност е важна. Таа различност доаѓа од разбивањето, и ако ние сега се обединуваме над разбивањето, секој како претставник на некој свој дел, различен од другите, - со тоа ние буквално го исправуваме разбивањето. Затоа тоа ни е толку важно – учество на сите наши пријатели, да не не напуштаат, и цело време да бидат со нас. Секој буквално е многу важен. Во духовното не е важно, дека таму седат 200.000 луѓе или двајца, или еден. Туку важен е буквално секој – затоа што тој се разликува од другите, тој доаѓа од друго парче...

За Рабаш

Дали претпоставуваше Рабаш, кога почнал да се занимава со групата, дека тоа ќе се претвори во свеско движење, дека илјадници луѓе ќе се занимаваат?

Јас не се сомневам, јас тоа точно го знам. Ние со него така разговаравме. Овие размери јас сигурно не ги знаев, но тоа, дека така ќе се случи – бев сигурен, и тој тоа истото го кажал. Дури сега, неодамна, мене ми соопштија, ми раскажаа тие ученици, кои тоа време кај него се занимавале, дека тој така им кажувал, кога тие го прашувале. Јас бев зачуден, кога го дознав тоа, дека тој така им кажал, дека сето ова токму така ќе се случи. Јас не морам да се присеќавам, јас се наоѓам со него во постојана врска.Тоа е врска која не зависи од телата. И ние затоа уште ќе видиме, како сето тоа се поврзува во внатрешниот свет. Кај секој од нас постои свој мал свет, преку тие светови ние влегуваме во врска еден со друг. Човекот – е мал свет. Затоа ние немаме, јас немам сомнежи дека токму така требало да се случи, и тој тоа го очекувал, и се' подготвил за тоа. Тој и сега е со нас, и тој е всушност тој, кој не' поддржува , ги организира сите овие работи. Ние треба да разбираме, дека тука не постои физички контакт, и дека нешто исчезнува после смртта. Ништо не исчезнува после смртта, ништо не се губи.Сите наши мисли, намери, сите дејства, кои ние ги извршуваме, целата изградба на душата на Адам Ришон, која ние ја посакуваме. Сето тоа се работи, кои немаат врска со нашите тела, иако нам ни се чини дека ние функционираме во телата. Но тие тела, се само фикција на очите, Тоа делуваат силите, тоа не се тела.....

Подготовка

Создателот е слаб, Тој не е силен , Тој не е херој како нас. Јас ќе ви објаснам на што мислам. Тој само посакува да се реализира целта – секој од нас да биде сличен на Него. Но Тој не може тоа да го направи. Ние, со нашите напори треба тоа да го завршиме, - да предизвикаме да ние пораснеме до тие размери, за да бидеме слични на Него. Но Тој сака да се реализира целта, - неговата надеж, целиот Негов стремеж - е кон конечната состојба, а целата творба – е само подготовка. Целата творба е само подготовка, се' што ние поминуваме – е само за да се подготвиме себеси за да откриеме. Што да откриеме? –местото во кое што ние постоиме, светлината, која веќе се наоѓа таму, Создателот, кој веќе постои таму, но ние мораме да се подготвиме себеси кон тој осет. Капката на семето не е способна да го почувствува светот на Бесконечноста, во кој таа се наоѓа. По излегувањето од светот на Бесконечноста, сето ова, нашето излегување и враќање, сето тоа – е подготовка. Подготовка за конечното исправување. Општо гледано, ние само се подготвуваме себеси, се зависи од подготовката.

Од утринската лекција /07.11.2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica