Баал ХаСулам, „Вовед во Книгата Зохар„ Напис 19: ... И сета оваа агонија се чувствува единствено од лушпата, Клипа, на нашето тело, кое е создадено само за да исчезне и биде закопано. Ова нè учи дека волјата да се прими за себе била создадена единствено да биде искоренета од светот и да биде претворена во волја за давање. Потоа болките низ кои минуваме се само откритија на нејзината ништожност и штетите во неа.“
Ние сме заробени во „кафез“ наречен овој свет, кој што е само мака. Од друга страна пак, сите 125 духовни чекори, на кои ние непрестано здобиваме алтруистичка намера (Лишма), со работата во трите линии го откриваме „Добриот кој прави добро“. Последователно, нашата сегашна состојба и овој свет се „не постоечки“ во духовниот смисол на зборот, бидејќи изворно „постоењето“ означува сличност со Создателот, намера за давање. Кога ќе ги поништиме границите на овој свет и се кренеме над него, ние влегуваме во царството на „Добриот што прави добро“. Секој пат ние пронаоѓаме нечесни работи во себе. Но тоа ни дава шанса да го поправиме злото во нас. Нашиот пат е за поправањето на скршените садови. Како и да е, во овој свет ние не поправаме ништо; повеќе се работи за период на подготовка. Единствено откако се ќе заврши поправката тогаш се приближуваме кон вистинската поправка и ги наоѓаме одговорите на нашите прашања: „Зошто?„ „Поради што?“ и „Како?“ треба да го спроведеме ова знаење? Но сепак, нема да ги разбереме одговороти со нашиот сегашен интелект, бидејќи на духовен план, сите класификации се направени во спротивен редослед.
Од 4-от дел на утринската лекција, 17.03.2013. од „Вовед во Книгата Зохар“
Коренот на нашта желба да бидеме одделни
Баал ХаСулам, „Мудреците“ „Плодовите на Тора.“ „Не е време за собирање на стадото„: Кога седумдесетте души на Јаков се раширија на 600,000 души, работите се вратија таму каде што беа порано, дека стадото треба да биде собрано, и каменот треба да се стркала од бунарот, и кога силата недостасува од едниот дел, тоа причинува исцрпеност со сет интензитет. Ова е тајната, дека поединецот и општото се еднакви и сè што било вклучено во општото, но има и исклучок, нема да дојде да нè учи за исклучоците, туку повеќе за општото... Токму ова е за што објаснува Зохар. Кога раскажува за двајца кои пристигнале на чамецот и едниот почнал да дупчи дупка под него, тогаш неговиот пријател го прекорил велејки му: ’Зошто дупчиш дупка, а будалата му одговорил: „Што ти е грижа, си дупчам под себе.“ Навистина поединецот ја уништува убавината на целата фигура... и ова е значењето на молитвата на многумината, дека единката не смее да биде исклучок и да прашува за себе, дури и ако треба да му принесе задоволство на неговиот Создател, освен за општото како целина... Оној кој е исклучок и кој прашува за себе, не гради, туку повеќе носи уништување, затоа што не може да има исклучок без наметката на гордоста. Оној кој ја уништува неговата душа ги уништува и на останатите. Затоа секој треба да биде вклучен, со сета негова сила, во општиот Израел, во секоја молитва до Создателот, во молитвите и во работата... бидејќи ова е природата на Светлината на општото кое пребива во единката која што ја поништува својата посебност, така што не се чуствува себеси.“
Ние мораме непрестано да се сеќаваме дека сите наши мисли пристигнуваат како „помош против“ и благодарејќи на нив ние стануваме посилни и се развиваме. Мора да се кренеме над било која препрека и да се поврземе, колку што можеме повеќе, до чувството на општото семејство, „како еден човек во едно срце:“ Не смееме да ги заборавиме овие мисли, ниту чувството дека сите сме дел од едно семејство. Општото чувство на „едно семејство“ е чувство од Создателот кој престојува меѓу нас. Кога непрестано се стремиме кон чувство за поврзување меѓу нас и покрај сите пречки, ние ја реализираме нашата цел.. Треба да се потсетуваме еден со друг за ова и да се обидеме да го сториме тоа со нашите мисли. Потребно е да ја одржуваме оваа мисла и да се обидеме да влијаеме врз сите пријатели и сиот свет, со нашите мисли, и да го пренесеме акцентот на внатрешните акции. Тоа е нашата цел во овој момент; мора да постигнеме припојување до Него. Ова е значењето на „Израел, Тора и Создателот се Едно“ - сите оние кои се стремат кон откривање на Создателот (Јашар – Ел) во поврзаноста меѓу ни,в следејки ги советите на кабалистите, со цел да постигнат поврзување во кое ќе биде откриен Создатлот. Па така дури и најсироашниот молител со своите најдобри намери, не може да помагне ако не се моли за сите, за општото како целина, туку е едноставно молитва од единка која се одвојува себе од останатите. Не само што не помага, туку всушност е опасна! Треба да ја имаме во предвид одвоеноста и подвоеноста како неприфатливо однесување, особено ако е со намера. Тоа е најсериозната пречка и треба да се обидеме да ја искорениме.
Од подготовките за утринската лекција, 17.03.2013.
Нема причина за очајување
Прашање: Што да сторам ако во текот на учењето на ТЕС, чувствувам очај бидејќи не го разбирам во целост, ниту за што се говори?
Одговор: Нема причина за очајување. Учиме за акции кои се изведени од човек кој веќе ги примило моќите да се реализира себеси. Таквиот човек може да биде целосно независен од себе и не му потклекнува на искушението да направи нешто за сопствено добро, наместо за доброто на другите; тој не може да донесе таква одлука. Потоа тој се истражува и проценува себеси. Тој може да ги почувствува потребите на другите, нешто што ние не можеме да го направиме во нашата сегашна состојба. Најпосле, проверување на потребите на другиот мора да биде направено неутрално и објективно со цел да се открие она што е добро за него. Не се работи за тоа што поединецот сака; можеби тој сака револвер да се убие. Наместо тоа, ние би требало да проверуваме, како што проверуваме што е добро за мало дете. Ако му дадеме на детето сè што ќе посака, ќе го повреди. Треба да му дадеме точно она што е добро за него, и оваа одлука треба да биде целосно одделена од моите и од неговите чувства. Со цел да се стори тоа, јас морам да видам што е целта на Создателот, какво е откровението на Создателот и припојувањето до Него, во сегашната состојба е и да им помогнам на останатите да напреднат во оваа прецизна насока.
На крајот, сето ова е најважниот напредок кој што човекот може да го стори, единствено со моја помош. Помагајки му, јас исто така напредувам на таков начин што достигнувам слепување со Создателот, енаквоста на формите со Него. Ако сум вклучен во групата и им помагам на пријателите да напредуваат по малку, тоа значи дека се однесувам со нив исто како што тоа го прави Создателот. Единствената разлика е дека Тој (Создателот) не може да ги насочува во правилна насока, но јас го можам тоа. Тој ми дозволува така да правам; така да ова значи дека јас сум вклучен во делото на Создателот.
Од 3-от дел на утринската лекција, 17.03.2013, Учењето за десетте Сефирот
Кога завесата ќе се спушти
Баал ХаСулам: „Вовед во Книгата Зохар“, точка 20: „Истото „тело“, во својот лош облик, што нам ни е дадено во иднина, не ја расипува нашата суштина како оваа, и сите нејзини својства се околу целосното поништувањето, зедно со сиот систем на нечистотија која што е нејзиниот извор, и сè што треба да се изгори е како да е веќе изгорено, и се смета како да никогаш и да не постоело. Суштината на душата (Нефеш, преоблечена во тело, е само на овој степен на желба. Но желбата за давање е изведена од системот на четирите света на АБЈА од Светоста; постои вечно, бидејќи овој облик на желбата за давање е во еднаквоста на формите со изворот на животот и е неменлива.“
Во реалноста ние постоиме во Ајн Соф, (Вечноста) и сите светови (Оламот), означувајќи ги прикривањата,(оламот). Тие се единствените филтри кои што ја формираат сликата на Ајн Соф за нас. Степенот на прикриеноста постои единствено во нашите согледувања и тие ќе исчезнат во мигот кога ќе биде можно да го поништиме нашето тело, „желбата да прима, за себе. Како и да е, оваа желба треба најнапред да биде откриена. Каде таа навистина постои? Всушност, денеска сите мои желби делуваат на животинско ниво. Вистинската желба со цел да прима се открива единствено кога почнувам да работам со цел да давам и го откривам сето спротивно на желбата да давам. Спротиставувајќи се на средната линија, се открива левата линија; таа е против Светоста, па така е откриена нечистотијата. Овде долу, под линијата за духовно согледување, ние сме во замислен свет, каде што нашите желби, „Сите изгледаат како животни“. Но ако со работа во група, во дисеминацијата, во поврзаноста со пријателите, за човештвото, и конечно за Создателот, ја откриваме нашата склоност кон Вишото, тогаш ние го откриваме нашето расипано „тело“, односно желбата да прима со намерата за примање. Со цел да се поправи оваа желба, исто така треба да се промени намерата, да биде со цел да се дава. Самата желба за примање останува, но врз неа јас градам желба со цел да давам. Ова се вика душа (Нешама). Нејзината суштина е во моето давање на секого. Со давањето на секого, сакајќи го секого, јас развивам душа над моето „тело.“ Во овој облик, ние ја реализираме поправката. Потоа овој свет исчезнува, и јас можам да ги видам сите светови сè до Светот на Бесконечноста. И сега ние, исто така, постоиме во светот на Бесконечноста. Сега, сè зависи од мојата намера. Ништо не е непроменливо и константно, сè е осликано и се случува само во моите особини.
Од 4-от дел на утринската лекција, 19.03.2013, според „Вовед во Книгата Зохар“