Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Примери од Вишото

02.03.2011

Создателот се открива во различни форми на давање – се открива во нас, во желбата да добива. Инаку, не би ги чувствствувал овие форми. Тие доаѓаат одозгора, а ние треба да ги прифатиме и да им се уподобиме долу, во самите себе.

Во тоа се состои големата разлика. Така, во нашиот свет добиваме пример: разбираме, гледаме, чувствуваме, вкусуваме, а потоа треба да го повториме сами.

Во тоа се состои големата работа. Во духовниот свет, "Има" го спушта својот долен дел во Зеир Анпин и му дава пример со својата рефлектирна светлина (Ор хозер). Кога високиот доаѓа на таков начин, понискиот не може да претрпи неуспех, бидејќи го гледа готовиот модел.

На ист начин им даваме на малите деца проверени, сигурни примероци кои не им дозволуваат да се откажат. Но, кога детето сака самото да го направи она што сме му покажале - тоа е веќе проблем. Тоа се откажува и гледа дека прво треба да се развие со сили и знаење.

Во духовното процесите се слични. Иако Создателот ни дава примери, дури и сите скали да доаѓаат од горе - тие доаѓаат во спротивен вид. Во нив недостигаат нашите напори, поврзани како со желбата, така и со разбирање, односно со напорите во срцето и во разумот.

Само додавајќи ги своите постапки во желбата и во разумот, ние ќе ѓи реализираме примерите дадени од Вишото и тие ќе се обратат од темнина во светлина. Затоа што од почеток, за нас тие се потопени во темнина, бидејќи чувствуваме дека сами не сме способни на тоа. Рабаш пишува по тој повод во написот "Вклучување на својство милосрдие во судот".

Создателот се нарекува "мудрец", бидејќи ја има Светлината Хохма и сите потребни сили. Но, човекот зема пример од Создателот, се нарекува "ученик на мудреци", бидејќи ја копира од Него форма на давање. Потребно е да се разбере дека тоа не е само акција "под индиго". Пред сè, треба да се согласиме да го прифатиме овие форми - бидејќи ние воопшто не го сакаме тоа.

Ако се согласувате, односно се намалуваме себе во нешто, тогаш создаваме место каде што тие можат да се покажат, тогаш сме подготвени да ги прифатиме овие форми во својата желба за примање, а потоа да се разбере како да се подготвиме, како да ги изведам. Станува збор за учење и покрај желбата, заедно со желбата и со разумот, додека не видиме како можеме сами да се изразиме, да ги реализираме во практика примерите на Создателот.

Долга серија на активности лежи помеѓу подготвеноста да добиеш пример и реализација во животот. И сето тоа се нарекува "работа за Создателот", бидејќи го користиме добиениот пример и го спроведуваме на себе, преку силата и мудроста, кои исто така доаѓаат одозгора. Во текот на целиот овој процес, треба само да се резервие желбата да се движиме напред - со желбата која ја добиваме од околината.

Од утринската лекција според статија на Рабаш, 02.03.2011  на Каб.тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica