Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Принципите на глобалното образование

Целата наука кабала е само метод на образование. Сепак, човек треба да се промени, да порасне од „малиот дивјак" кој живее во овој свет - во човек сличен на Создателот. Ова не можеме ни да го насетиме – целта е толку возвишена и спротивна од нас што бега од нашата перцепција.

По патот проаѓаме низа од промени за да станеме сé послични на Создателот. Трансформирајќи се себеси, ги откриваме нашите нови состојби во духовниот свет, на духовните нивоа. Сите тие состојби се во суштина чекори на образованието. Нé воспитува Вишата Светлина која нé опкружува; се менуваме и притоа проаѓаме низ процесот на образование.

Оттука, кабалата е метод кој нé оспособува да се воспитаме себеси да бидеме слични на Создателот. Тоа го правиме со помош на учител, на изворите, и групата или средината.

Треба да побараме начин да им помогнеме на сите да го добијат правилното образование. Секој што го добил духовното будење мора да се поправи себеси и да помогне во општото поправање на сите. Во суштина, „сите" значи тој самиот. Ако така се поставува спрема другите, тој ќе може да ги поправи.

Меѓутоа, ако се одвојува себеси од останатите, станува „реформатор" кој само се расипува себеси и другите. Ќе мораме да ги разјасниме овие работи и да ги формулираме на полесен и посфатлив начин. Во оваа фаза, целото човештво се наближува кон спознанието на мудроста кабала; почнува да ја чувствува потребата да се довоспита себеси до ниво на кое ќе може да комуницира со Создателот. Инаку, ќе почувствуваме колку несреќи ќе ни донесе тоа што Му се противиме.

Со таа цел на ум, подготвуваме список на принципи на глобалното образование. Клучното е да бидат разбирливи за сите. Ние самите имаме релативно добра идеја за тоа од каде потекнуваат. Не ни е тешко да зборуваме за тие принципи на јазикот на кабалата и на јазикот на кој ги претставува Баал ХаСулам, претежно во своите статии.
Но како да ги направиме применливи за секој човек на светов? Тоа е проблемот со кој се соочуваме денес. Ќе пробаме да го решиме.

Од 4от дел на дневната лекција од 16.03.2011 за Принципите на глобалното образование / на каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica