Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Природата не трпи дисбаланс

29.08.2011
Ние се движиме кон рамнотежа со Природата, затоа што сите свои делови таа се стреми да ги доведе во рамнотежа. Се урамнотежува разликата меѓу температурите, ветерот ја урамнотежува разликата во воздушниот притисок, пуштениот предмет паѓа долу, онаму каде што ќе најде рамнотежа со силата на гравитацијата. Секаде и во сè процесот е насочен кон балансирање на состојбата.

Во секоја сфера, било да е хемија, физика, биологија итн., сè е изградено врз тој принцип, сè се стреми кон мирување, кон отфрлање на притисокот, сè се потчинува на законот на ентропија. Природата посакува да се смири, таа не трпи разлики, нестабилност од кој и да било аспект. На крај, сè треба да дојде во рамнотежа. Еве сега законот на Природата бара рамнотежа во човековото општество. Гледаме штрајкови, безредија – така Природата бара баланс.

Веќе се поминати неживото, растителното и животинското ниво и дојде редот и на човечкото ниво. Кај нас се појавува импулс кон рамнотежа, а урамнотежувањето меѓу нас значи да станеме „како еден човек со едно срце". Без разлика што сме различни сите, критериумот е еден – сите ние мораме да се поддржуваме меѓусебно. И нема што да се прави овде – сакале или не, Природата ќе победи, затоа што тоа е колосална сила.

Овде се појавува прашањето зошто не исчезнеме и ние како мамутите и диносаурусите? Зошто не ја напуштиме сцената како несоодветен дел од неа? Ние не сме поусогласени со Природата од изумрените диносауруси. Но, ние, за разлика од нив, имаме задача, мисија, цел: ние мора да се поправиме себеси, да ја преобразиме својата почетна природа. Тие не можеле да го направат ова и исчезнале во природниот тек на еволуцијата. Ние треба да се прилагодиме со тековната етапа од развојот.

Затоа ќе бидеме доведени до такви состојби што нашата дисхармонија со Природата ќе се појави во најтешки форми, но не и до целосно исчезнување. Можеби 90% од населението во светот ќе исчезне, но сепак некој ќе остане да ја промени човековата природа и да дојде до потребното согласување. Тоа е целта и друг излез немаме.

Кога дрвјата беа високи


Прашање:
Многу луѓе денес со тага си споменуваат за минатите времиња. Им се чини дека порано во Израел се живеело подобро: вратите биле отворени, луѓето чувствувале блискост. „Зошто нашите вредности се променети?" – прашуваат. Дали тоа е позитивна тенденција – стремењето кон нешто што било некогаш порано?

Човекот секогаш на минатото (понекогаш дури и трагично) гледа во розова боја. На јазикот на кабалата тоа се нарекува „засладена проценка". Својствата на проценката добиваат посебно поправање, како што се вели – каде што разумот нема сила, таму ќе се справи времето. Се разбира, работата не е во календарски контекст, туку во промената на нивото, при што поминатите состојби се приклучуваат во тековните, добивајќи поправање и засладување.

Затоа не треба да се вели дека старите времиња биле подобри. Тебе ти изгледаат подобри денес, но денес не можеш објективно да го оцениш вчерашниот ден. Кога си вo друга состојба, од минатото изделуваш одреден детаљ, на пример, тогаш не краделе како денес. „Значи било подобро", - велиш ти. Но дали е тоа вистината? Имало ли тогаш што да се краде? Можеби не. Дали во луѓето владеел толкав егоизам како денес? Секако не.

Секоја ситуација треба да се разгледа од повеќе аспекти, со споредби, меѓутоа, штом се наоѓаме внатре во процесот, не сме способни за тоа. Така што, нема зошто да се испитува вчерашниот ден, денешниот ден и денот утрешен – прави го денес она што ти е наложено. Да се оплакува минатото е бескорисно, ти нема да се вратиш таму, тоа е против природата. Подобро провери каде си насочен во дадениот момент. Точно е дека ни остануваат добрите спомени. Но, некогаш сме биле мајмуни и сме живееле на дрвјата. Нивните плодови биле и повеќе од доволни, на нивните гранки никој не можел да нè повреди. Во споредба со луѓето, мајмуните живеат многу добро.

Но, ние не тагуваме по „животот во природа". Дури и да посакаме да се вратиме, нема да успееме.
Човечкиот живот нè води напред и не остава избор: ние сме обврзани да ја поправиме денешната ситуација. Колку помалку ќе плачеме по поминатиот ден, со толку повеќе сила и сериозност ќе се занимаваме со сегашните проблеми.

Солидарност со Светлината


Прашање:
Некои специјалисти, вклучувајќи и психолози, сфаќаат дека човечката природа е егоистична. Сепак, овој заклучок ретко може да се слушне...

Проблемот е друг. Тие не сфаќаат дека овде се крие изворот на сите наши проблеми. Овој момент тие не можат да го изделат. Гледајќи го злото во човечката природа, научниците и специјалистите не гледаат дека од тоа е условен целиот наш живот, не го поврзуваат едното со другото. Според нивното мислење, ние живееме лошо од други причини. На психолозите треба да им се отворат очите за да ја видат поврзаноста помеѓу нашата сегашна состојба и злото во човековата природа. Ние сме паднале во лоша ситуација заради нашата лоша природа, во тоа за нив не значи дека едното е поврзано со другото.

Прашање:
Една жена-психолог, со која што зборував, смета дека секој човек ако е на власт, по својата егоистична природа би го правел истото што и другите.
Одговор: Во право е. Тоа го гледаме по примерот на сите партии и лидери во целиот свет. Работата овде не е во егоизмот, туку во тоа што „срцата на царевите и владетелите се потчинети на волјата на Создателот". Сите тие ја остваруваат замислата за битието. Затоа, кои и да се тие, сè зависи од нас: ако успееме дури и само малку да ја промениме својата лоша природа, ќе направиме добро. Друг избор нема. Што да се прави со лошата желба за наслада? Треба да ја туркаме напред со помош на несреќите. Еден удар, уште еден, уште еден...

Овие удари се применуваат врз таа желба за да премине на страната на доброто. Тие нè развиваат и дејствуваат врз постојана основа. Со други зборови, тоа е Светлина која притиска и притиска врз нас од сите страни.

Што можам да направам? Само едно – своето зло барем малку да го променам на добро. Тогаш ќе станам сличен (∾) на Светлината и ќе почувствувам дека таа ме менува на подобро. Така, Светлината останува непроменета, етапите на мојот напредок исто така, а само јас се менувам на подобро – како дете, јас се согласувам со притисокот кој врз мене го вршат тато и мама. Сметам дека тоа е за мое добро и тогаш се менува мојот одговор, мојата перцепција на процесот – стапувам во него свесно, со сфаќање и чувство, солидарен сум со силите кои ме развиваат. Тоа е сè што е потребно – да се обидеме само капка од своето зло да претвориме во добро.

Реално, јас не сум способен за тоа и пак барам помош од Светлината која се враќа кон Изворот, затоа што Светлината е универзалната сила на Природата која непроменливо ме води напред. Но, јас самиот можам да предизвикам мала искра од нејзина страна која ќе ме промени. Притоа, општата слика ќе си остане иста.

Што го гради Човекот во нас


Читајќи го Зохар, треба да се погрижиме за намерите. Без намери книгата нема да помогне и учењето нема да биде ефективно. Сите поправања се случуваат само според намерата, затоа што намерата всушност создава разлика помеѓу сите делови од природата – неживото, растителното, животинското и човечкото ниво. Намерата во нас го гради ликот на човекот. Целата маса на желбата (авијут) во нас, сите нејзини можни исполнувања, различни состојби, сето тоа доаѓа одозгора.

Ние долу треба да додадеме само намера, што всушност и посакуваме. Ако не подејствуваме на нашата намера вештачки, со сила, таа пак ќе се појави, но во својот природен, егоистичен вид. Тогаш ќе се развиваме по пат на страдања. Ако посакуваме да се развиваме по краткиот и добриот пат, по патот на Тора/Светлината, ние треба само да додадеме намера. Ништо повеќе.

Затоа сите наши надежи и очајувања треба да ги откриеме за време на читањето на книгата Зохар. Човек треба да провери како си го претставува својот развој во духовното, во земскиот живот, што сака, какви се неговите намери кои може да ги поврзе со читањето. Ова е процес на самоосознавање – кој сум јас, затоа што намерата всушност е човекот. Сето останато е Создателот.

Намерата нè изградува, создава лик на човекот од севкупноста на чувствата и разумот, затоа што чувствата и разумот, во крајна линија се кружната сфера на Малхут на Бесконечноста, севкупноста на сите чувства и разуми. И што понатаму? Што сакаме да изградиме од целиот овој материјал? Тоа е намерата – екран и одразена Светлина кои градат духовен парцуф. Без намера нема ни парцуф, ни лик, ни форма.

"Леб", донесен оддалеку


Книга "Шамати", Статија „Таа е слична на трговските бродови": Во тоа време, кога човекот извикуваше: „Сè е мое!", барајќи сите негови желби да бидат посветени на Создателот, тогаш се буди, застанува пред него нечистата сила и исто така бара: „Сè е мое!" И почнуваат да тргуваат... И тогаш тој „го носи својот леб од далеку" – како резултат од оддалечувањето од Создателот. Ако види човекот колку е далеку од Создателот, жали за тоа и Го моли Создателот да го доближи, благодарение на тоа „го носи својот леб". „Леб" означува верба.

Во себе ние градиме правилни чувства, како „носиме леб оддалеку", од состојбата на оддалеченост, излезите од духовното. Ти се спротивставуваш, се фрлаш надвор, се губиш, чувствуваш непријатни и неразбирливи состојби и на тоа ја градиш својата самостојна личност.
Токму растојанието и оддалеченоста те прават независен. И ако преминеш преку ова растојание и се доближиш без оглед на чувството на оддалеченост, на тој начин го градиш своето создание и сфаќање, оправдување за ситуацијата. Оддалеченоста ќе остане, како мерка, како показател на големината на добиената перцепција во чувството и во разумот, а врз оваа оддалеченост ќе ги градиш своите впечатоци, определби и појаснувања. Така ќе се шират сите твои чувства и секоја форма на оддалеченост ќе ја дополнуваш со своето сознание: кој ја направил, зошто и од што всушност се состои таа оддалеченост.

На тој начин, освен непријатното чувство од оддалечувањето и задоволството од доближувањето, ќе почнеш да го шириш својот разум и да сфаќаш кој го направил тоа и што си добил. Така постепено ќе го постигнуваш целото совршенство на Вишата Сила и нејзината програма. Кога таа програма се претвора во битието, ние почнуваме да ја откриваме. Како што е кажано: „Според Твоите дејствија ќе Те достигнеме".

Тогаш сфаќаме зошто Создателот ја направил далечината и зошто ни помага да ја надминеме и да се доближиме до Него, што ни даваат овие две состојби – оддалечувањето и доближувањето. Ние се задлабочуваме во целото битие – до неговата прва, почетна мисла – замислата на битието и почнуваме да ја достигнуваме. Така доаѓаме до соединување со Создателот. Тоа соединување не се случува само во чувствата, туку свесно, кога знам и сфаќам дека нема непријателски сили во царскиот дворец. Сè произлегувало не од некакви туѓи сили или од суровоста на Царот, туку од силата на неговата совршена љубов. Така, додавајќи во чувствата сознание, човекот се издига целосно пред Создателот и се соединува со Него, што и е целта на битието.

Кажано е во Мишлеј: „Таа е слична на бродовите трговски кои си го носат својот леб од далеку". Во секакви форми цело време се среќаваме со еден принцип: и ангелот на смртта и ангелот на светлината и силата на злото и силата на доброто – сè треба да биде во правилен склад во битието. Тогаш ќе можеме во полна мера да ја почувствуваме својата почетна состојба, во која секогаш сме биле, а освен тоа – Малхут светот на Бесконечноста, никогаш друго ништо и немало. Треба само кон тоа да ја додадеме својата перцепција – во чувството и во разумот, додека совршено не ја достигнеме таа состојба. Сите поправања и нивни завршетоци произлегуваат само во сознанието на битието во истата состојба, која за него ја подготвил Создателот.

Од утринската лекција  - 29.08.2011   Следете на Каб.тв
 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica