09.06.2010
Зохар, глава "Ваигаш", п.120:...И речено е:"Јас ќе се симнам со тебе во Египет"- т.е. Шехина се симна заедно со него во прогонство. И секаде, каде Израел го тераат во прогонство, заедно со нив во прогонство оди и Шехина.
Инаку тоа не може да биде прогонство. Затоа што прогонството означува дека ти го доживуваш скривањето. Ти чувствуваш дека тука постои духовното, Создателот, и ја доживуваш Неговата спротивна страна. Таа така ти свети, да ти ја чувствуваш присутноста на Создателот, скриениот од тебе. Тогаш тоа се нарекува прогонство. Ако не постои осетот дека Создателот е скриен од тебе, тоа не е прогонство. Тој само не постои за тебе, ти се наоѓаш на ниво пониско од духовното.
Прогонството е исто духовно доживување, над нивото на нашиот свет. Затоа, за обичните луѓе, постоечките во нашиот свет, не можеме да речеме дека се наоѓаат во прогонство. Но ако јас знам, дека тука мора да постои нешто духовно, јас го имам тој осет, и јас на некаков начин сум запознаен со тоа што е скриено, тогаш тоа се нарекува скривање, и јас се наоѓам во прогонство. Тоа е врска, само со спротивната страна, која ми свети со црна, а не со бела светлина.
Затоа "Израел во Египет" – тоа е духовно скалило. Тие имаат светлина, посебно светење, не се откинати од духовното. За тоа време ние сме слични на животните", затоа што кај нас не постои никакво чувство за прогонство. Сега, со помош на читањето на Книгата Зохар, постепено разбудувајки се од нашето животинско постоење, ние почнуваме по малку да чувствуваме дека се наоѓаме во прогонство.
Да се искачиш на ниво на прогонство не е едноставно – тоа значи навистина да се доживее скривањето, стремежот, желбата за духовното, на некој начин да распознаваш, гледаш од темнината. Кој е скриен од тебе, со каква помош ти можеш да се фатиш за Него. Прогонството е духовно скалило, спротивна страна на истото скалило на откривањето.Согледувањето на спротивната страна, работа во неа – тоа е дел од работата на Создателот.
Најсуштинско е – да се подготви желбата
Како велат кабалистите, Зохар е најефективниот дел од целокупната Тора и сите кабалистички книги. Зошто?
Сите свети книги, а се нарекуваат свети ( особина на Бина) затоа што се напишани од висината на духовното постигнување, и затоа, читајки ги ние можеме да предизвикаме врз себе си светлина, која не враќа кон Создателот ( кон сличноста). Но да се исправи желбата да се задоволиш, можно е само со желба за исправување ( нема светлина, исполнување, без желба).
Затоа ние треба да бараме светлината да делува врз нас и да спроведе во нас промени. Таа светлина се нарекува "опкружувачка светлина" затоа што ни свети оддалеку.
Под влијание на светлината, нашата " лоша намера" ќе се претвори во добра. А потоа, во зависност од соодветноста на желбата со светлината, светлината ќе ја наполни. Затоа, како подготовка за изучување на Тора, треба да постои желбата за исправување. А пред неа, треба да постои осетот на штетноста на нашата природа ( за нас самите).
А злото на нашата природа се состои во нашата неспособност да се соединиме еден со друг! Затоа што нашето соединување – тоа и е садот, во кој може да се открие вишото, духовното живеење. И затоа ние треба да се трудиме да ја добиеме врската еден со друг, да се соединиме меѓусебно, како што е напишано за состојбата под планината Синај:"како еден човек, со едно срце", " цел Израел- пријатели", "сакај го ближниот свој како себе си".
А кога ќе ја увидиме својата неспособност да се соедниниме, и осетиме, дека тоа ни пречи да ја достигнеме добрата состојба, во нас ќе се појави вистинска молитва, желба за исправување – МАН. Т.е. подготовката за изучување на Тора – тоа се напори: да се соединиме, да осетиме колку сме за тоа неспособни, да ја осознаеме таа состојба како зло, како пречка на патот кон доброто.
Изучувањето на Тора – после правилна подготовка, МАН се појавува сам. За сето ова може да се мисли и да се појаснува веќе сега, за време на читањето на Книгата Зохар, а светлината за тоа време ќе ни помага во нашата работа.
Од што започнува суштеството?
Прашање: Што е суштество, за кое постојано се зборува во кабалата? Дали сме ние суштества или не? Од што започнува суштеството - тоа е посебна желба, посебна состојба? Например, крава, мачка, куче – тоа се суштества или не? Затоа што тие навидум постојат, но не поседуваат никаква слобода на вољата – неслободно суштество исто се нарекува суштество? Тогаш излегува, дека железна шипка е исто така суштество? А ако суштество е само тоа што ја поседува слободата, тогаш какви суштества сме ние... Можеби суштество е само тој кој го знае Создателот, комуницира со него, взаемно дава? Односно суштеството е степен на сличноста со Создателот?
Создателот и суштеството постојат заедно, во една желба. Суштеството дава на Создателот, а Создателот на суштеството. Создателот одлучува, и суштеството одлучува – значи дека суштеството постои, ако го чувствува Создателот, и е суштество во поголема или помала мера во зависност од мерата во која го чувствува Создателот, т.е. од степенот на сличноста со Него. А не само дека постои некој робот со кој управуваат и кој целосно е во власта на Создателот. Суштеството започнува од соединувањето на Малхут со Бина, кога Малхут се искачува во Бина и ја тера да се открие или да се скрие. Изгледа дека постои уште некој, освен Создателот, кој ги извршува дејствата.
Затоа постои цел процес благодарение на кој се раѓа самостојно суштество, кое може така да се нарекува, наоѓајки се наспроти Создателот. И не е така едноставно да се примат од Бина нејзините сили на љубов и давање, силата да се откажеш од својот егоизам. И исто така не е едноставно да се искачиш во Бина и да ја одбиеш, кажувајки:" Не ми давај ништо, јас не можам да примам без корист!"
Јас сакам да примам и не можам, зошто тоа ќе значи моја духовна смрт – јас ќе престанам да бидам самостоен, т.е.ќе умрам како суштество. Вишиот поседува се што јас посакувам, но јас го молам да не се открива, да не ми дава ништо. Јас со своите сили го одбивам, за да не ми даде ништо. И само откога го одбив, јас почнувам постепено да му се откривам. Јас сам го регулирам доаѓањето на светлината одозгора: како, колку и кога – и примајки сестрано наполнување, го добивам обликот на суштеството – аналогност на Создателот. Поединечно да се постигне тоа е невозможно. Треба да собереш желба – од групата, и сила – од светлината, која ќе не врати кон изворот и ќе ни овозможи да станеме слични на Создателот.