Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Психолошка промена која го превртува светот

 

18.06.2010
Прашање: Зошто Баал ХаСулам пишува, дека преодот во природата на давање- не е ништо повеќе од психолошки проблем? Тогаш каква тешкотија има во тоа?


Психолошки проблем е – да почнеме да се однесуваме кон сето што се случува како кон намерно надворешно дејство врз нас. Потоа за нас ќе се соединат заедно сите светови, но сега засега тоа за нас е психолошко прашање. Треба да пробаме малку да се одвоиме од себе си, како да се гледаме од страна и проценуваме ( кај пијани луѓе се набљудува слично чувство на подвојување). Главно е да се проанализираме себе си и да кажеме, дека се што со нас се случува, и во срцето и во умот, и воошто во нашиот живот – тоа Создателот не наполнува, управува и игра со нас.

Јас – не сум јас, туку неговата игра, а јас го гледам тоа од страна. Што можам јас да сторам? Целосно сум под власт на внатрешното наполнување, кое Тој ми го дава. Но Тој ми даде уште ена точка "на Архимед" за да се гледам од неа себе си и да кажам:" Се за што размислуваш, и се што чувствуваш – доаѓа од Него".

Основна одлика на современата реалност

Прашање: Денес во светот има толку луѓе кои се наоѓаат во депресија, со месеци не излегувајки од своите домови, на кои им е потребна помош од психолог. Што може да им помогне?


Депресијата денес е најраспространета болест во светот. Против неа може да се посочи единствениот лек: светлината што се враќа кон изворот. Тука не може да помогне никаков психолог. Затоа што Создателот ни се открива во спротивен облик.

Некогаш порано секој од нас се чувствувал како едно мало човече, околу кое се открива светот во различните слоеви на нашиот егоизам: 1,2,3. нашето его растеше се повеќе и повеќе и соодветно на него ние се развивавме, создавајки ново опкружување – свет на нова техника, технологија, општествени односи. Така ние се развивавме во текот на целата своја историја во фази 1-2-3, кон богатството, власта, знаењата. Но денес сме стигнати до 4-то ниво, кое е посебно! Тука веќе не се развива нашето его, не се открива во нас се повеќе особината на "примање", туку се открива Создателот, особината на "давање ". Тоа е основната одлика на нашата епоха- епохата наотривање на Создателот.

Порано природата (Создателот) ме обврзуваше да растам и станувам повеќе умен,учен, со разбирање, да управувам, т.е. да се развивам. Но денес човекот го завршил целиот свој развој во овој свет. Луѓето ја откриваат бесмисленоста на новите пронајдоци – сето постепено се гаси: развојот на науката, истражувањата на вселената, ние целосно се исцрпивме. Денес, спротивно на тоа се открива Создателот- новата природа. И тука треба веќе поинаку да се движиме. Ние не можеме со својот егоизам да излеземе во друга фаза зошто така само ќе си наштетиме.

Ние треба да разбереме дека отпочна сосема нов приод и не ќе може да ни помогнат ниту нашата сила, ниту напредната техника, ниту целата наша наука. Ние наеднаш ке осознаеме, дека сите ситеми во овој свет, изградени од нас, престанале да функционираат. Се обезвреднија сите поранешни наши цели: парите, власта, знаењето, семејсвото, образованието, културата. Во нашиот свет доаѓа мракот и очајот – но тоа е поради откривањето во него на Создателот, силата на давање. А ние не ја посакуваме, зошто таа го отфрлува нашиот егоизам, нашата природа, сите наши желби! Како штона малото дете кое играло трчајки од агол во агол ќе му се каже:"Е сега е доста, сега треба да даваш и сакаш – оди играј со твојата помала сестра". Тоа пак е против неговата природа и животот му се чини црн, му ја снемува целата енергија. И тогаш ние разбираме зошто луѓето се наоѓаат во депресија и не можат со месеци да излезат од дома. Антидепресивите се најпопуларни лекови на денешницата. Но јас можам да ви ја препорачам како лек само светлината што не опкружува.


Вината е во нечистите очила


Ние со вас се наѓаме во систем кој се нарекува единствена творба, Душа, Адам. Тој систем е створен од Создателот. Ние сме обединети во него со постојани врски, како органи од едно тело. Нашата заедничка врска е исполнета со животот на овој систем – светлината. Системот се нарекува свет на Бесконечноста, зошто се во него е безгранично, совршено.

На тој свет на Бесконечноста, каде што сите негови делови се поврзани со љубов и исполнети со безгранична светлина, Создателот му става понижувачки филтер, подоцна уште и уште – сето тоа го расипува........како јас да сум нацртал убава слика,а потоа ја прекрив со нечист превез полн со дамки. А потоа уште еден и еден, се повеќе замачкувајки ја оригиналната слика – и така 125 слоеви. Тоа се 125 слоеви на понижување на особините давање и љубов, кои не поврзуваат нас во системот на светот на Бесконечноста. Ние со вас се наоѓаме во најнадворешниот слој и вопшто не ги чувствуваме претходните слоеви. А во нашиот слој системот на врските целосно откажа.

Наместо да ја почувствуваме љубовта која не поврзува сите нас во светот на Бесконечноста – ние се мразиме еден со друг, не чувствувајки ја нашата заедничка поврзаност, разделени, расцепкани, разбиени. Од оваа последна состојба Создателот сака да не врати кон најпрва состојба –светла и добра, за да низ сите тие слоеви, филтри,светови(свет/олам-од зборот олама/скривање) ние се вратиме назад во Бесконечноста. Затоа Тој не повикува и не пробудува. Порано Тој не развивал егоистички, за да научиме подобро да разбираме, повеќе да чувствуваме и да управуваме со својот живот. А кога ние доволно созреавме, Тој започнува да не придвижува квалитативно. Веќе не е доволно ние едноставно да напредуваме, зголемувајки го својот егоизам.

Сега ние треба да се приближуваме кон Него во однос на особините, добивајки иста таква желба, од ист тип,, а не само таа да станува се поголема и поголема како во текот на целата наша историја. Затоа оваа наша современа фаза на развојот е толку посебна. Ако ние се трудиме да се прилагодиме на повнатрешниот слој, каде што сме посилно поврзани еден со друг, ние со тоа ја предизвикуваме врз себе неговата светлина – и таа ни свети оддалеку, како опкружувачка светлина, О"М – и во неа ние се исправуваме, за меѓу нас да завладее светлината на љубовта и давањето.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica