Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Работа на Создателот

 

15.10.10
"Копчето", кое ние цело време го притискаме, за да ја предизвикаме врз себе светлината, - тоа е групата. Јас учествувам во нејзиниот живот, се стремам кон обединувањето со пријателите, сакам да се растворам помеѓу нив и со самото тоа ја предизвикувам светлината, која враќа кон Изворот. Тоа е во суштина моето единствено дејство – да предизвикувам светлина, која ги остварува промените. Ситуацијата е едноставна. Постојам јас, кој посакува да дојде до правилната цел – да се уподоби на Создателот. И постои средство: преку групата да се бара од светлината, таа да делува врз мене и постепено да ги извршува во мене сите неопходни промени. Така ние напредуваме.
Секој пат јас можам да се проверувам себеси: што претставува за мене "ден" и што претставува за мене "ноќ"? Сега "ден" за мене тоа е наполнување од сите видови, а "ноќ"-"мрак".Тоа е опустошеност на разумот и срцето. Така изгледа сликата во егоистичките желби. Сега нам ни е потребно да предизвикаме во себе такви промени, за да добиеме давачки желби, во кои ние ќе ги оценуваме "денот" и "ноќта" исто така, како што ги оценува Создателот. "Ден" за Создателот – тоа е давање, верба над знаењето, која и противречи на логиката и на чувството на сегашното скалило. За да го достигнеме, од нас не се бараат натчовечки напори, за кои ние сме неспособни. Не, ние вложуваме труд во групата, во обединувањето помеѓу нас и ја предизвикуваме силата на светлината, - а таа доаѓа и ја извршува работата. Генерално, целата духовна работа се нарекува "работа на Создателот". Тој ја извршува, а јас морам само да го посакам тоа, слично на дете, кое го фаќа возрасниот за рака и го влече по себе. Ако човекот ја разбира суштината на овие взаемни односи, му станува лесно: секој пат тој ја реализира слободата на избор во групата и ја предизвикува врз себе светлината, која враќа кон Изворот.

Од утринската лекција /15/10/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica