Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Работи самостојно

08.02.2011
Сé е составено од два триаголници: горниот – со Директната Светлина и долниот – со Обратната, Одразената Светлина. Триаголникот со Директната Светлина се стеснува за сметка на слегувањето на световите одозгора надолу – за да му даде на суштеството место за постоење, во кое тој ќе може да го оствари своето давање, да ја крене Обратната Светлина.

На секое ниво може да се направи пресек и да се видат тие триаголници: зависно од силата на Директната Светлина, суштеството може да ја крене Одразената Светлина. Колку повисоко се искачуваме – толку се поголеми Директната и Одразената Светлина.

Нам ни се чини дека живееме во некои светови – но всушност не постои ништо освен желбата и Светлината, и ние секогаш ја извршуваме работата на Создателот: сакале или не сакале, сфаќаме или не сфаќаме, свесно или несвесно, се согласуваме или не. Ти секогаш работиш за Создателот – разлика е само во тоа дали го правиш тоа според својата желба или не.
Неживото, растителното и животинското ниво работат несвесно – според природниот инстинкт. Но на човечкото ниво ти веќе мораш да сфатиш, да го постигнеш коренот, да се согласиш со него и само тогаш правилно да дејствуваш.

Затоа, додека сме се развивале како "првобитни луѓе" какви што сме биле во текот на сите милениуми сé до последно време (освен кабалистите кои го откриле духовниот свет- почнувајќи од првиот "човек" Адам Ришон и понатаму) сме напредувале под притисокот на својата егоистична желба која нè туркала кон развој. Сме вложиле многу напори во текот на својата историја.

Тешко сме се труделе за да добиеме жетва од земјата, сме произведувале различни нешта и производи, сме војувале, сме создавале машини и нови технологии, сме граделе домови за потоа да ги срушиме, сме правеле револуции во сите сфери и на сите нивоа – сме вложувале напори за да постоиме, да ја добиеме Директната Светлина! Тие напори претставувале наша "Обратна Светлина" во духовните светови. Токму во тоа бил нашиот материјален развој.

Материјален се нарекувал затоа што се одвивал внатре во егоистичната желба. Во нашето воспримање на реалноста ни се чинело дека произведуваме бетон и арматура, односи внатре во општеството, жетва – но всушност ние сме произведувале Одразена Светлина и внатре во неа сме ја добивале Директната Светлина. Нам пак ни се чинело дека работиме во материјалниот свет, опкружени со создадените од нас машини, фабрики, домови, полиња, производи. Така ѝ се чинело на мојата егоистична желба, додека всушност работеле желбите (келим) со екраните и Светлините на неживото, растителното и животинското скалило.

Ние сме се однесувале како послушни деца правејќи сé што посакувал Создателот. Ниту еден не можел тоа да го избегне – бидејќи така работела желбата за насладување со Светлината која врз неа влијаела. Но кога доаѓаме до човечкото скалило, започнуваме сосема поинаква пресметка. Затоа ни снемува сила... Создателот вели: "Направи го тоа сам, самостојно!"

И јас се збунувам: самиот да работам, кога никој не ме принудува?.. А Создателот само понекогаш малку ме пробудува и ја чека од мене Обратната Светлина. Тој сега сака јас самиот да го направам тоа. Токму таа работа треба ние самите да ја пополниме.

Интервенција во сферата на вишото

Конечно сме пораснале до човечкото ниво и сме станале слободни. Затоа нашето воспримање на реалноста наместо чисто материјално ќе станува сé повеќе духовно.
Сите машини, апарати, фабрики – ќе бидат помалку материјални, "проѕирни". Веќе денес половината од луѓето работат на тастатурата на компјутерот – што произведуваат тие?

Знаеме што може да се произведе работејќи во поле, на лента, при вадење на нафта, јаглен – а што може да се создаде чукајќи по копчиња? Речиси цел свет ќе седи пред екраните на компјутерите – зар преку нив ќе можеме да го промениме светот? Всушност ние на таков начин создаваме нов материјал – само тој е многу подуховен.

Веќе нема да ни требаат машини, авиони – сé ќе премине во таква виртуелна форма. Зошто навистина воопшто не е важно во каква форма сé ни се прикажува. Главното е нашиот напор, Одразената Светлина која ја произведуваме. А Создателот секој пат се трга сé подалеку нагоре, за да можеме уште повеќе да ја рашириме нашата интервенција во сферата на вишиот со својата Обратна Светлина. Такво движење нагоре сме започнале од денес натаму.

Навистина, целата разлика е само во воспримањето на човекот, во неговото чувствување на себеси самиот. Порано да работи го принудувала егоистичната желва за насладување, а сега неговиот напор се состои во тоа да ја избере Обратната Светлина и давањето наместо примањето. Тоа се нарекува човечко ниво. Во секој случај секој ќе работи – прашањето е само дали ќе го прави тоа принудно или по своја желба. Но целата историја на човештвото до денешен ден исто така била духовна работа, само несвесна. Така нè обврзувал да работиме Создателот, Природата.

Сега Тој не го посакува нашиот робовски труд – Тој сака да станеме исти како Него, издигнувајќи се над својата природа, и самите да играме со неа како што некогаш Тој си играл со нас. Мораш да се погледнеш одозгора и да го направиш со себе истото што некогаш го правел Создателот – со тоа ти ќе се изедначиш со Него.

Духовниот свет се раѓа меѓу нас

Многу работи се појавувале и заминувале од овој свет според степенот на технолошкиот развој, заменувајќи се со пософистицирани. Но сега започнува друг процес и наскоро сите тие автомобили и авиони ќе исчезнат од нашите сетила и ќе го изгубат своето значење.

Дејствуваат само силите: Директната и Обратната Светлина заедно со желбата за насладување – и целата таа слика некако ни се прикажува во задниот дел од мозокот.
Затоа луѓето преминуваат на работа со тастатурата на компјутерот. Се поставува прашање, што можат тие можат да произведат на неа: работи неповрзани со телесните потреби: храната, сексот, семејството. На таков начин ние создаваме врска меѓу луѓето – тие напори не се изразени во материјалот. Затоа што е важно само да се произведе Обратна Светлина и ако ние можеме да ја создадеме играјќи со тастатурата, тогаш тоа е доволно! Формата на реалноста во која ние сега живееме зависи од самите нас.

Ако јас почнам се да гледам во Обратната Светлина тогаш ќе ја спојам гранката со коренот и ќе ги видам духовните корења во светот што се појавува пред мене. Потоа ќе почнам да им давам на тие корења уште поголемо значење отколку на нивните материјални гранки. До тој степен што материјалните гранки постепено сосема ќе исчезнат од моето воспримање, затоа што јас сé повеќе ќе ги активирам своите духовни чувствувања.

Од материјалниот свет користам само тоа што ми е неопходно за одржување на животот на моето тело – повеќе од тоа нема да ми треба. И така овој свет ќе станува сé попроѕирен. Но тоа не зависи од секој човек поединечно – туку од заедничката поправка на светот преку сите души.

Ако нашите души се соединуваат тогаш тие создаваат меѓу себе духовен свет! Тие веќе го имаат заедничкото чувствување на Вишиот свет, и тогаш ја чувствуваат реалноста која е над оваа материјална реалност и милијарди пати помоќна од неа. Дури и првото духовно скалило е бесконечно поголемо и помоќно од нашиот свет. Ако почнуваме да го чувствуваме, таа ни го засенува овој свет.

И сега во него има голем број ситници кои ние не ги забележуваме. Желбата за насладување не се губи. Но кога целото човештво почнува да го гради меѓу сите заедничкиот систем на давање, односно местото за духовниот свет – ние почнуваме да живееме во него и да му даваме големо значење! А долната материјална површина почнуваме да ја издигнуваме на нивото на духовното. Односно сега јас го разгледувам материјалното како дел од духовното бидејќи ги гледам силите што дејствуваат зад сето ова и не забележувам никаков материјал, како што било порано.

Во однос на мене тој се претвора во сили – тоа значи дека светот Асија и сите други светови се издигнуваат до светот на Бесконечноста. Но тоа не функционира само во однос на еден човек – туку во однос на целото човештво кое почнува меѓусебно да се обединува во една заедничка душа.

Лет на крилјата на давањето

Не постојат никакви машини, авиони, струја, леб, вода – јас ги создавам сите тие форми од својата желба за насладување и тие така мене ми се прикажуваат. Постои само силата на примањето, силата на давањето, екран и Одразена Светлина – согласно со тоа како тие можат да се преслечат едно во друго.

Природните форми кои постојат во природата доаѓаат од Директната Светлина, додека вештачките, создадени од човекот – од Одразената Светлина. Сé што произведуваме во овој свет со нашата работа се форми на нашата желба за насладување, создадени од нашите напори, од Обратната Светлина. Ја земам својата желба и почнувам да моделирам од неа автомобил како од пластелин или од тесто. Тоа е мојата реализација, моја форма, а материјалот е даден одозгора – желбата за насладување.

Целата слика се менува само на нашиот екран.Како денес човекот до таа мера се соживеал со екранот од компјутерот што веќе не сака да гледа околу себе. За него екранот од компјутерот станал вистинска реалност. Кога ние секогаш би постоеле така внатре во тој екран, тогаш дури не би се посомневале дека освен него постои нешто друго. Цело време, на сите нивоа функционира истиот механизам изграден од Директната и Обратната Светлина. Но сликата ќе почне да се менува токму поради тоа што ние ќе посакаме да станеме исти како внатрешната сила која управува со целата реалност.


Нема да ни биде доволно да постоиме внатре во таа реалност – ние ќе посакаме да се обединиме со силата која со неа управува одвнатре. Ќе ја бараме неа, посакувајќи да бидеме со неа заедно! И тогаш самата реалност ќе ја воспримаме едноставно како материја – а не како наш неразделив дел.

Сега ние живееме внатре во материјата која е управувана одозгора. Но јас сакам да продрам внатре во молекулите и атомите за да ја откријам таму духовната сила, Вишиот разум и замисла за да живеам во неа. Ние заедно со Него ќе управуваме со материјалот! Односно јас ќе се кренам себеси над материјата, над неживото, растителното и животинското ниво.

Но што да прави човекот кој денес го полира саканиот автомобил, како да се согласи дека целиот овој свет е блеф? Ниту едно осигурување не му го компензира автомобилот кој се растопува во Обратната Светлина – тогаш што ќе добие за возврат? Нека не се грижи – тој ќе почувствува дека и без автомобил ќе може да полета.

Нема да му требаат за движење никакви помошни средства од неживото, растителното и животинското ниво: ниту камила, ниту запрежна кола, ниту авион. Тој ќе лета со своите сили – силите на човекот! Мајката – Бина ќе му ги даде своите крилја.

Од утринскта лекција 08.02.2011   на  Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica