Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Разговор помеѓу Создателот и Неговото сакано создание

15.03.2011

Кога почнувам да ги формирам моите односи со сиот свет, со сите други души, и со пријателите од групата што учат заедно со мене, одеднаш откривам дека постои само Создателот и јас, и никој друг.

Со други зборови, постојат моите пријатели, светот, неживата, вегетативната и подвижната природа, луѓето, и душите, кои сите во суштина се пројавенија на Создателот што се однесуваат на мене. Сепак, Создателот не може да ми се покаже како Светлина без сад (Кли) бидејќи нема да имам со што да го осознаам.

Затоа, Создателот го дели созданието на два дела: самото создание, неговата душа, и другите желби настрана од ова создание кои се својства на Создателот.

„Создателот" (Боре) потекнува од хебрејските зборови „дојди" и „види" (Бо и Ре). Со други зборови, ако создаденото суштество се поврзе со Кли (садот) кој е навидум надвор од него, со тоа го изразува својот став кон Создателот, и во тој сад се појавува Светлината. Сето тоа на суштеството му дава прилика да ја прими Горната (во однос на себе) сила.

Потоа, суштеството почнува да го сфаќа „јазикот" на Создателот, разговорот кој со него го води Создателот. Понекогаш, на суштеството му се чини дека овој „надворешен" Кли е над него а понекогаш дека е под него. Понекогаш ќе го види светот како празен вакум во кој нема баш ништо. Меѓутоа, ако суштеството сфати дека Создателот е тој што го создава тој празен простор за него - за самото да го исполни со својата желба за давање, тоа добива простор за работа.

Во таа празнина, недостига Светлината на верата, Светлината на давањето, Хасадим (Милост).

Ако суштеството може да ја исполни таа празна димензија со Светлината на Хасадим, ќе му се придружи на Создателот и ќе може таму да ја најде и Светлината на Хохма (Мудроста).

Има и спротивни состојби кога Создателот му дозволува на суштеството да се почувствува исполнето. Прво, чувстувате дека стоите пред огромна Светлина која за сега е надвор од вас. Тоа чувство ни е дадено во првите девет Сефирот (Тет Решинот). Морате да го ограничите, да ја кренете својата внатрешна граница за да можете да ја примите Светлината (во Никвеј Ејнаим), и да работите на трите линии за да го измерите исполнувањето што стои пред вас со вашиот екран, или да видите во која мера можете да го примите за да можете да давате. Така, напредуваме, минувајќи низ разни стадиуми, иако не сме секогаш свесни за нив.

Меѓутоа, се разоткриваат само кога не забораваме дека има само една Светлина и еден сад поделени на многу делови , кои потоа мораме постепено да ги вградуваме во себеси со намерата да даваме. На тој пат, за нас има два стадиуми. Првиот е нивото на Бина (Хафец Хесед) кога човек не може навистина да се поврзе со другите и само учи да се опира на својот егоизам, да се воздигне над своите желби и „зла наклонетост" што му се разоткрива, и да добие Келим на ГЕ (Галгалта Ејнаим). Подоцна, човек почнува да работи со „обединувањето на својствата на милоста и садот" кога дури и неговите желби за примање ги користи само за да дава.

Од 1от дел на дневната лекција од 15.03.2011, Според статија на Рабаш / на каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica