Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Разумот е проценка на чувствувањето

13.10.2010
Прашање: Баал Ха Сулам пишува, дека најважното од чувствувањата – тоа е разумното чувствување, дадено исклучиво на човекот. Тој мисли на тоа, дека разумот – тоа е разнообразност на чувствувањето?

Не. Ние се развиваме во чувствувањата, т.е. чувствата. Чувствата се менуваат, а ние ги испитуваме, што ние чувствуваме. Ние состоиме од срце (либа) и разум (моха). Целта на развивањето на разумот – е да ни се помогне да го разбереме тоа, што ние го чувствуваме. Соединувањето на разумот и чувствата се нарекува распространување на светлината Хохма во светлината Хасадим. Тоа е совршенство, светлината АБ-САГ, кога светлината на разумот/Хохма/АБ во полна мера се распространува во светлината на милосрдието- давањето /САГ – тогаш душата ја достигнува светлината Кетер! Тоа е мисла, која се распространува внатре во желбите, и ги разбира желбите, а желбите ја разбираат мислата, - и тие се "преплетуваат", дополнувајки се една со друга. И тогаш, со помош на разумот, се откриваат и развиваат (засилуваат) чувствата, а со помош на чувствата се одвива се поголемо развивање на разумот. Ако јас посилно се импресионирам, мојот разум се развива, ја изучува причината на импресиите. Ние постојано престојуваме во развивање на нашите давачки и примачки желби и мисли, расте светлината Хасадим и светлината Хохма. бидејки кога тие се преслекуваат една во друга, токму тоа ни го дава совршенството. Елокут (Создателот) означува преслекување на светлините една во друга. Скалилото на вербата се пројавува со светлината Хасадим, а совршената верба или љубов се пројавува во преслекувањето на светлината Хохма во светлината Хасадим. 

Што е тоа мисла?

Прашање: Што е тоа мисла?

Мисла – тоа е осознавање на тоа што јас го чувствувам, какви се причините и целите и последиците од моето чувство. Мисла – тоа е тоа, што се наоѓа внатре во желбата, во чувствувањето внатре во желбата. Мислата без желба – е филозофија, без основа. Постои материја и облик, кој таа материја го прима. Постои чувствување на обликот на материјата, и постои мисла "зошто материјата така чувствува".

Прашање: Ние треба да престојуваме сите во една мисла " да се биде, како еден човек во едно мнение, една мисла?"

Ние треба да ја достигнеме состојбата, кога нашите желби ќе станат колективни, заеднички, интегрални, и нема никаква разлика во мислите, во желбите и во светлините, кои се распространуваат во нас, како една светлина. Но секој, во исто време, ќе го чувствува и својот личен живот, како што тоа се случува во живиот организам: срцето работи поинаку од белите дробови, но постои заеднички живот на телото – над доживувањето и чувствувањето на секој орган. И тој виш живот, со кој тие сите живеат, се нарекува Елокут (духовен живот). Постои приватен живот на секој посебен орган, - функција, со која тој учествува во колективниот живот на целото тело, а постои колективен живот на целото тело. Сето е обединето заедно, и едното не го исклучува другото – и целата омраза и целата љубов, ништо не исчезнува, не постои исчезнување во духовното.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica