Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Самиот си одговорен за твоето сопствено раѓање

Прашање: Како може човек навистина да верува во она што кабалистите го пишуваат, ако во меѓувреме, тој нема концепт за она што тие го зборуват? 

Одговор: Никој не може да верува така едноставно. Во меѓувреме, Вишата Светлината е таа што нè држи во состојбата во која што се наоѓаме и нè пушта да си заминеме. Исто така, поединецот треба да се вложи некои напори со цел да се поврзе себеси во група, со цел да го направи тоа можно за неговото ѕверско тело да не го напушти. Сепак, на крајот на ова прашање, можеме да очекуваме и да бидеме поддржани само од страна на милоста на небото. Некој, кај кого точката во срцето се покажува, му требаат малку физички докази, туку повеќе, само степенот на неговата поврзаност со овој свет. Ако ние не бевме поврзани со овој свет, тогаш не би побарувале никакви докази. Ако желбата за духовност е разбудена во тебе, тогаш повеќе не си загрижен дека постои криза во светот.

Постојат добри и лоши случувања, и сите видови на предвидувања и нивните научни објаснувања. Не ти се потребни никакви физички заклучоци. Сепак, ако си поврзан со светот, и во меѓувреме, го споделуваш своето мислење, тогаш треба да си ги одговориш на себе сите овие чудни прашања, а за тоа ќе треба да добиеш објаснувања, дека сите овие грижи на овој свет се само суета. Ќе треба да поставиш заштитна преграда, против влијанието на надворешниот свет и против неговите вредности, а потоа ќе бидеш ослободен од тоа влијание и твојата точка во срцето ќе го продолжи нејзиното движење кон целта. Тоа е како да си се довел во група, но, во суштина, секој бил фрлен во неа од Вишото, како капка семе што капе во матката. Што може да знае таа за себе? Таа не избира ништо, сè доаѓа одозгора, од таткото и мајката. Истото се случува со нас. Имаш поголеми АБА ве Има, (татко и мајка), кои се одговорни за тебе, дека ти ќе се развиеш како човечко суштество, и затоа, тие те носат до групата.

Меѓутоа, кога тие ќе те донесат таму, тогаш ова општество треба да биде подготвено да ти помогне да ги неутрализираш сите надворешни влијанија. Ако ја сакаш науката и истражувањето, тогаш  тие треба да ти дадат информации што ќе ја неутрализираат оваа материјалистичка желба. Затоа, нашата работа во рамките на групата е во апсорбирањето на нови пријатели, со цел да се ослободи точка во срцето од надворешното влијание на овој свет со сите привремени вредности и научни авторитети. На тој начин се создава неутрална средина за тебе. Поединецот треба да добие објаснување што одговара на кружниот интегрален систем, така што сè ќе се комбинира на тој систем во рамките на кои учиме и работиме. Духовната капка на семето треба да биде слободна со цел да го направи изборот и да биде задржана во новата околина. Во суштина, некој ја восприма оваа капка и треба, самиот, да ја внесе во утерусот, внатре во групата. Тој, самиот, е одговорен за апсорпцијата на неговото семе, колку што тој е апсорбиран внатре во групата. Тие треба да му ја дадат сета можна потпора во тоа, за да овозможат да му се случи такво нешто. Тука, влијанието на животната средина и на семејството е многу важна.
Од 1-ви дел од утринските лекција 19.05.2013, според Писанијата на Рабаш, на Кав.Тв

Што можеме да очекуваме кога сме со врзани очи?

Прашање: Зошто ние зборуваме толку малку за добрите работи и толку многу за проблемите и тешкотиите што ги среќаваме по духовниот пат?

Одговор: Мислам дека проблемите со кои што се соочуваме се добра работа. Во нашиот случај, ние не би се свртиле да го најдеме Создателот, ако не постоеја тие „проблеми", како што ние ги нарекуваме. Јас ги чувствувам таквите проблеми како слатки бидејќи во спротивно моето „животно“ никогаш не ќе се сврти во насока кон Создателот. Тие навистина може да ме исплашат и да ме загрижат мене, дури можат и да бидат закана за мојот живот, но сето тоа доаѓа со цел да ме насочи кон Него. Ако е така, тогаш што не е во ред? Твоето телесно тело е она што ги доживува непријатните чувства, па не се идентификувај со него, започни го обликувањето на човечкото суштество во тебе што го „вози“ телесното животно. Во целина, духовниот свет е основа на надминувањето на злата склоност. Невозможно е да се избега од неа. Човештвото се обидуваше да го стори тоа во текот на историјата со помош на различни религии, верувања, општествени структури, законски правила, науката и технологијата. Сето тоа беше всушност обид да се избега, потрага за други средства на подобрување на нашите животи и на напуштање на патот кон Создателот. Но, тие средства  донесоа уште поголем недостатоци, и на крајот ние ќе бидеме оставени без ништо. На пример, пред неколку дена ОН препорачаа користење на инсекти за храна со цел да се бориме против гладот. Тука е иднината на светот ....

На кратко, само преку откривањето на злото ние можеме да бидеме насочени кон целта, бидејќи единствено така можеме да избереме што да се разгледа како зло. Јас може да се чувствувам лошо кога моето самољубие „се жали“ од нелагодност, или јас може да се чувствувам лошо, бидејќи јас сè уште ја немам стекнато мојата душа, сепак, поврзаноста со другите, и со Создателот, како дел од неа. Тоа е точно таму каде нашата слободна волја лежи. Тоа е невозможно да се избегне, без оглед на аргументите што ќе ги донесеш. Вишата Промисла работи без барање на мојата согласност. Сега морам да ја прифатам, а подоцна ќе ја разберам. Во секој случај духовноста е изградена врз расипаната желба за задоволство. Па не можеме да избегнеме да зборуваме за тоа, затоа што се вели: „Создаден сум од зла склоност.“

„Тора“, односно методата за поправка, е потребна токму за таа причина и тоа е токму во моментот кога злото се открива меѓу нас, кога ние веќе сакаме да се соединиме, но сè уште не знаеме: во кој облик, во кој принцип, како ќе не „залепи“ сите нас заедно, и како да се исполни ова единство. Така, бараме Тора да се манифестира во спротивноста на злото, кое се открива, но тоа е „слатко“ зло. Ние почнуваме да разбираме дека немаме моќ да се соочиме со тоа самите, дека ни треба помош од Вишата Сила, и дека злото е во раскинувањето на поврзаноста меѓу нас. Ние едноставно мораме: „Како еден човек во едно срце“ ние се стремиме да се поврземе. Она што се случува ние може да го наречеме „зло“, но всушност тоа воопште не е зло, тоа е спротивноста на Создателот, Неговата „опачина.“ Сето тоа е Тој. Ова значи дека ние воопште не се бориме меѓу костецот на злото и Создателот, бидејќи јас чувствувам дека доброто и лошото се Негови и тие се лицата на Неговото однесување. Таткото исто така, понекогаш се насмевнува на неговиот син и понекогаш му покажува ладен поглед, на тој начин предизвикува различни реакции кај детето, кое што го формира неговото согледување.

Прашање: Сепак, од една страна, мене ми е прикажана негативната страна, а од друга страна, не ми е покажано она што ќе добијам на крајот ....

Одговор: Ти ќе ја минеш критичната точка, кршењето, како резултат на кое ќе почувствуваш задоволство во давањето. Светлината ќе дојде и ќе те разбуди за другите да ги сакаш. Тогаш ним ќе им даваш и ќе чувствуваш бесконечно задоволство. Впрочем, твоето его е она, што тебе те ограничува, и што те запира од страна велејќи: „До овде и не повеќе од тоа.“ Ти се бориш со него, со цел да ги прошириш границите на давањето. Ако не постоеше егото, ти ќе се вклучеше во давањето на ист начин како што сега се вклучуваш во добивањето, едноставно затоа што мислиш дека давањето е пријатно. Така, за сигурен да бидеш дека тоа е вистинска љубов а не вештачка, таа е изградена на желбата за примање, така што можеш да бидеш неутрален, ослободен од примањето и давањето. Тогаш, ти всушност работиш, го контролираш исполнувањето на целото човештво и ќе ја извршуваш задачата на Создателот, не земајќи ништо за себе, без да имаш допир со негативното, кое мора да го избегнеш, или од позитивното кое би можело да ти донесе задоволство. Тоа е момент на вечноста во поединецот, средината на скалата на доброто и злото.

Прашање: Што значи „да ни донесе задоволство?“

Одговор: Тоа е различно значење, ново. Јас го избирам задоволството, така што тоа нема да зависи од мене и јас нема да зависам од него. Тоа е невозможно да се објасни, да се опише, или да се привлече. Станува збор за чувство, и ако се обидеш да го допреш со твојот сегашен ум, тоа е погрешен пристап. На крајот, ти не дозволуваш срцето широко да ти се отвори. Тоа не е случајно што зборуваме за играта како главна алатка за нашето напредување. Ти самиот се ставиш надвор од игра, а потоа си заминеш само со жалби. Може да ја намалиш вредноста на сè во животот со омаловажувачки став, и што е следно? Ние треба да се соединиме, и со цел да го направиме тоа ние работиме во групи. Зошто групи? Бидејќи на тој начин ние ѝ овозможуваме на Светлината да влијае на нас, барем малку. Ние можеме да ја потцениме поврзаноста помеѓу пријателите и она што може да се привлече. Но од страна на нашите заеднички напори, ние ѝ даваме важност и жалба, и повторно ја привлекуваме Повратната Светлина. Кому всушност му е потребно давање? Никому. Но сепак, зборуваме за тоа и Опкружувачката Светлина која што реагира на тоа, е подготвена е да ја прифати нашата „лага.“ Тоа е како да се развиеме и не постои друг начин. Тоа е секогаш од егоистичката состојба на Ло Лишма (не за сопствената волја) кога стигнуваме до алтруистичката намера Лишма (за себе). Невозможно е да се обликува создаденото суштество на друг начин.

Што се однесува на жалбите, егото секогаш ја игра улогата на обвинител, но страдањата на крајот ќе го скршат. Ти нема да бидеш во можност да ги диктираш твоите услови на Создателот. Тој ти ги влошува состојбите намерно со цел да те поттикне и постои само еден одговор за тоа: да се покориш пред групата. Мораш да разбереш дека твоето его е целосен „квадрат" и дека нема да постигнеш ништо без негова помош. Онолку долго колку што гледаш во реалноста, низ призмата на самољубието, ти не ќе видиш ништо. Сите светови се сокриени од тебе, системот на Вишата Промисла е надвор од твојот поглед. Што може да се отвори за тебе, ако твоето его ги филтрира сите Негови повици? Може ли да побараш откровение на било што кога пред тебе стои отпорот на превезот? Ова е причината зошто кабалистите ни даваат совет за тоа како да се делува во оваа состојба. Ако ние не ги искористиме нивните совети, проблемите ќе ни помогнат да станеме помудри. Не постои точка на горченост во чувството дека нешто е сокриено од тебе. Не постојат средства да ја видиш вистината, само во единството можеме да го видиме водството на Создателот и да бидеме свесни за тоа што се случува. Но тоа е под услов ова разбирање и ова чувство да не те исфрли од колосек. Впрочем, кога конечно ќе ја добиеш оваа шанса, ти всушност нема да сакаш да чувствуваш и разбереш со цел да го избегнеш „поткупувањето". Ќе му кажеш на Создателот, „не откривај ништо за мене." Инаку јас ќе ја изгубам слободна волја и ќе се претворам во „ангел" и ќе се спуштам на „животинското" ниво. Јас повеќе би сакал да бидам човечко суштество, кое ќе се измачува и ќе прави грешки отколку „светото животно", кое воопше нема слободна волја. Само на човечкото ниво можам да го изразам мојот став и само таму можам да постојам. Ти ќе сакаш да ги поставиш Масахим (екраните) во текот на Светлината, плашејќи се дека нема да можеш да се спротиставиш на нејзините искушенија.

На крајот, стражарите кои не ти дозволуваат да влезеш во палатата на кралот, не те држат далеку со страдањето, туку со налетот на изобилство, кое е многу посилно и се открива за тебе како љубов што те полудува. Тоа е многу потешко, да се стави Масах над него, отколку во текот на проблемите на злата склоност. Денес таа всушност ти помага во контакт со Создателот. Страдањата те фокусираат на целта. Поради тоа, се вели, дека фараонот ги носи децата на Израел поблиску до Создателот. Тогаш нема да има други пречки и јас ќе ги разберам твоите поплаки. После сè, ударите на Светлината се многу потешки. Но без оглед на она што се случува, ти секогаш ќе ја сакаш борбата помеѓу овие две спротивни сили, бидејќи само меѓу нив ќе можеш да ја утврдиш твојата независност.
Од 2 Дел на утринската лекција, 19.05.2013 според Вовед во Зохар, на Каб.Тв

Круговите на животот

Поврзаноста помеѓу нас е местото каде што ќе пронајдеме сè. Ние почнуваме да ја откриваме идејата за „врска" според нашето напредување и можеме да видиме дека сè се концентрира во неа и зависи само од неа, вклучувајќи го и нашиот приватен живот, нашето здравје, нашите успеси, семејство, благосостојба, целиот свет, и нашето духовно достигнување. Сè зависи само од поврзаноста во групата која што напредува од страна на силата на вербата во меѓусебното давање. Не постои друг начин со кој можеме да промениме нешто во нашата реалност, освен правењето поголеми напори да се поврземе. Тогаш, секој ја добива моќта на другиот (на целата група од десет) и на тој начин се здобива со општата сила на давањето, како една целина со која тој може да напредува. Ние мора да ја зајакнеме порзаноста во духовната клетка, која што е направена од десет луѓе, со цел да се искачиме на второто ниво, а за тоа е потребна поголема поврзаност со надворешниот круг за тоа. Благодарение на врската со надворешниот круг можеш да го „притиснеш" внатрешниот круг на пријателите, и на тој начин да го достигнеш второто ниво - Светлината на Руах, со цел да напредуваш уште повеќе.

Квалитетот и квантитетот се надополнуваат еден со друг и му овозможуваат на поединецот да оди напред. Сè што се концентрира во центарот на групата зависи само од него. Главната работа е да се стигне до првото чувство, и тогаш ќе бидеш во можност да се отцепиш од него повеќе, место тоа ти ќе бидеш привлечен од неа, како од извор на животот. Во меѓувреме, сепак, ние мора да дејствуваме вештачки додека играме. Наскоро тоа ќе биде откриено, и потоа ќе видиш дека тоа е навистина така. Тогаш, ти ќе откриеш дека наместо со поголеми напори да се поврзеш и да притиснеш, ти ќе мора да го правиш спротивниот вид на работа и да не се обидуваш да ги повредиш или да им наштетиш на другите. Создателот ќе ти даде спротивни вежби. Кога си во егото, ќе уживаш во фактот дека другите страдаат и дека тие се чувствуваат лошо, а ако тоа е твојот непријател, ти всушност уживаш во фактот дека е можно да му наштетиш и да го истепаш. Меѓутоа, сега си подготвен да се откажеш од сè за доброто на луѓето што не ги сакаше пред тоа и од кои беше одбиен и омразен, само додека тие се чувствуваат добро. Ти си изненаден од твојот претходен став, бидејќи сè се врти на друг начин наоколу.
Од подготовка на утринската лекција, 19.05.2013, на Каб.Тв

Дали ние го забрзуваме времето?

Прашање: Нашата мисија е да го забрзаме (доведеме до состојбата: „Јас ќе го забрзам") во процесот на развивањето. Дали има некои критериуми според кои ние можеме да ги испитаме нештата?

Одговор: Ние не го забрзуваме процесот. Во најдобар случај, ние му пристапуваме. Преку нашите внатрешни напори, ние имаме влијание на новите односи кои ги откриваат позитивните состојби кај народот на Израел и во светот. Ние засладуваме и омекнуваме многу состојби, но тоа сè уште не е забрзување на состојбата: „Јас ќе го забрзам". Состојбата „Јас ќе го забрзам" е кога светот започнува да се движи со нова сила која што нè повлекува напред со тоа што минува преку нас. Но тоа сè уште не се случува. Во целина, ние сме поголемиот дел од општиот систем, активниот дел кој влијае врз она што се случува и тоа што носи добрина, но тоа не е доволно да се забрза процесот. Се надевам дека ние ќе бидеме во можност да станеме оној дел кој што недостасува, врската помеѓу вишото и нижото, и дека ние навистина ќе бидеме Светлина на народите, врската во светот на Светлината, нема да биде важно, дури и ако луѓето нема да ја почувствуваат оваа Светлина. Нејзината сила ќе ги привлече кон доброто и тие ќе почнат да донесуваат правилни одлуки, ќе почнат да се доближуваат поблиску до нас во мислите, и ќе бидат во можност да ја слушнат нашата порака, да ја разберат, да ја направат полична, и да ја прифатат. Дури и ако ние целосно тоа не го разбираме, ние веќе тоа го гледаме и чувствуваме дека тоа е вистина. Потоа, ние ќе ја достигнеме состојбата: „Јас ќе го забрзам", а не само реченото „Јас ќе го забрзам", туку дури и она што се нарекува „Шофар на Месијата," нивото на кое пораката на единство се шири низ целиот свет. Најважното средство да се постигне тоа е интегралното образование, бидејќи колку повеќе ние се поврзуваме со светот, толку посилен е нашиот недостаток да се свртиме нагоре за помош.
Од утринската лекција, 15.05.2013, според Писанијата на Баал ХаСулам „Заемна гаранција", на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica